Македонија ДенесМакедонија ДенесМакедонија Денес
Font ResizerAa
  • Вести
    • Македонија
    • Локално
    • Балкан
    • Свет
    • Бизнис и Економија
    • Хроника
    • Спорт
    • Дијаспора и МНМ
  • Македониум
  • Библиотека
  • Архива
  • Магазин
    • Репортажа
    • Интересно
    • Патување
    • Забава
    • Кујна
    • Култура и наука
    • Музика и филм
    • Здравје
    • Религија
    • Стил и Љубов
    • Showbiz
    • Автомобилизам
    • Технологија
    • Кариера и развој
  • Алатки
Font ResizerAa
Македонија ДенесМакедонија Денес
Пребарувај
  • Вести
    • Македонија
    • Локално
    • Балкан
    • Свет
    • Бизнис и Економија
    • Хроника
    • Спорт
    • Дијаспора и МНМ
  • Македониум
  • Библиотека
  • Архива
  • Магазин
    • Репортажа
    • Интересно
    • Патување
    • Забава
    • Кујна
    • Култура и наука
    • Музика и филм
    • Здравје
    • Религија
    • Стил и Љубов
    • Showbiz
    • Автомобилизам
    • Технологија
    • Кариера и развој
  • Алатки
Follow US
Балкан

Хрватска ќе добие нов систем за наплата на автопатите

Сподели

Загреб, 25 септември 2024 (МИА) – Во Хрватска по летото 2026 година ќе биде во функција нов систем за наплата на автопатиштата, што ќе значи крај на наплатните пунктови.
Новиот систем ќе вклучува два начина на наплата на патарина. Едниот е оној што веќе постои, а тоа е користење на уреди за електронска наплата (ENC), додека другиот е автоматско читање на регистарски таблички на возилата (ALPR).

Предвидени се 208 наплатни пунктови кои ќе бидат на автопатски клучки, како и 140 колосеци за брза регистрација на возила чии корисници не се регистрирани на еден од двата наведени начини.

Тешките возила од третата и четвртата категорија ќе треба да го имаат уредот ENC, кој секогаш ќе треба да биде на шофершајбната, додека корисниците на другите возила ќе можат да изберат една од двете опции за плаќање патарина.

- Advertisement -

Оние кои ќе одлучат да ја платат патарината со читање на бројот на регистарската табличка, ќе треба да се регистрираат преку интернет порталот или мобилната апликација на продажните места на „Hrvatske autoceste“ (HAC) или преку продажните партнери (бројни бензински пумпи и пумпи за технички преглед).

На секој влез на автопатот ќе има барем една патека за брза регистрација на возилото, каде што корисникот ќе може да се регистрира на едноставен начин – камерата ќе му ја чита регистарската табличка, возачот ќе потврди дека отчитувањето е точно, ќе ја допре кредитната картичка и системот ќе испечати потврда дека е регистрирана во системот. На крајот патарината ќе ја платат според поминатите километри.

- Advertisement -
Банер

Надлежните очекуваат дека новиот систем за наплата значително ќе го намали метежот на автопатите. Новиот систем ќе чини 80 милиони евра, а ќе го имплементира конзорциум на словачката компанија Sky Toll и чешката компанија TollNet, објави ХРТ.

Од Марија Спасовска/МИА

▶ Случајно видео

Пробај ја и оваа алатка:
Радио станици
Слушајте радио станици од Македонија и Светот.
Забава
Отвори →

Може ќе ви се допадне

Во буџетот на Албанија минатата година се слеале 7,1 милијарда евра

Во Хрватска денеска трет бојкот на трговските синџири

Вучиќ: Се зголемуваат протестите против блокадите, опозицијата станува нервозна

Извештај: Бугарија спроведе само седум од 28-те антикорупциски препораки на Советот на Европа

Во првите пет месеци од годинава Грција ја посетиле речиси седум милиони туристи

Сподели ја оваа објава
Facebook Twitter Copy Link Print
Сподели

ПОПУЛАРНО

Македонија

(ВИДЕО) Скандал во Скопје – Се соблече гола и шеташе по булевар

Бора Чорба и Игор Џамбазов ја пеат „Погледај свој дом анџеле“ (ВИДЕО)
Градоначалникот на Росоман: Кривичната пријава е резултат на политички притисок
Охридско Езеро од албанска страна порибено со два милиони подмладок на пастрмка-коран
Викендот во Делчево на еден татко

Можеби ќе ве интересира

Балкан

Вучиќ: До 19 или 20 март нова влада на Србија или предвремени избори

Балкан

Запленети над 100 килограми дрога во Сараево, уапсен таксист

Балкан

Медиуми: Суд пресуди дека Хрватска мора да врати противракетен систем С-300 на претприемач или да му плати 200 милиони долари

Балкан

Песков за Србија во БРИКС: „ЕУ и ги завртува рацете на Србија, Белград сам да носи одлуки“

КОНТАКТ

contact@makedonijadenes.mk Забрането е секое копирање на содржини од веб-сајтот makedonijadenes.mk . Копирањето и репродуцирањето е дозволено само со писмена дозвола од МакедонијаДенес.
  • За нас
  • Маркетинг
  • Политика на приватност и заштита на податоци
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?