Македонија ДенесМакедонија ДенесМакедонија Денес
Font ResizerAa
  • Вести
    • Македонија
    • Локално
    • Балкан
    • Свет
    • Бизнис и Економија
    • Хроника
    • Спорт
    • Дијаспора и МНМ
  • Македониум
  • Библиотека
  • Архива
  • Магазин
    • Репортажа
    • Интересно
    • Патување
    • Забава
    • Кујна
    • Култура и наука
    • Музика и филм
    • Здравје
    • Религија
    • Стил и Љубов
    • Showbiz
    • Автомобилизам
    • Технологија
    • Кариера и развој
  • Алатки
Font ResizerAa
Македонија ДенесМакедонија Денес
Пребарувај
  • Вести
    • Македонија
    • Локално
    • Балкан
    • Свет
    • Бизнис и Економија
    • Хроника
    • Спорт
    • Дијаспора и МНМ
  • Македониум
  • Библиотека
  • Архива
  • Магазин
    • Репортажа
    • Интересно
    • Патување
    • Забава
    • Кујна
    • Култура и наука
    • Музика и филм
    • Здравје
    • Религија
    • Стил и Љубов
    • Showbiz
    • Автомобилизам
    • Технологија
    • Кариера и развој
  • Алатки
Follow US
Здравје

И должината, и цврстината на сонот – битни за здравјето

Сподели

Скопје, 12 авгyст 2024 (МИА) – Спиењето не е само одмор за телото – тоа е од витално значење за одржување добро здравје и спречување болести. Сепак, многу возрасни со „бурен живот“ и напорен распоред, не го добиваат одморот што им треба.

И, не е важно само колку часови минувате в кревет, туку и квалитетот на спиењето е исто толку важен, ако не и повеќе, отколку должината. Добриот, цврст сон се состои од доволно време во кревет и непрекинати, правилно повторени циклуси на спиење. Овие циклуси му овозможуваат на човековото тело да ги исцели ткивата, синтетизира протеините и ослободи хормони кои го регулираат растот и стресот.

Така, според официјалните препораки во скоро сите земји ширум светот, препораките за спиење се одредени според возраста.

- Advertisement -

Доенчињата на возраст до три месеци спијат околу 14 – 17 часа на ден.

На малите бебиња, од 1 – 2 години, им треба приближно 11 – 14 часа дневно сон.

- Advertisement -
Банер

Децата на 3 – 5 години им се неопходни 10 – 13 часа.

За постарите деца, на 6 – 13 години, се советуваат спиење до 11 часа.

Тинејџерите од 14 – 17 години обично спијат 8 – 10 часа.

За возрасните од 18 до 64 години, тие бројки изнесуваат 7 – 9 часа сон.

Постарите возрасни (над 65 години) обично имаат потреба од 7 – 8 часа спиење.

Истражувањата, исто така, посочуваат дека на жените често им треба малку повеќе сон од мажите, делумно поради хормоналните промени и разликите во структурата на мозокот, што може да влијае на вкупните потреби за одмор, според д-р Шелби Харис, клинички психолог.

– Во таа смисла, потребите на Вашето тело може да се разликуваат од оние општи препораки. Најдобар начин да го одредите Вашето идеално времетраење на сонот е да набљудувате како се чувствувате и како функционирате по различни количини на одмор, рече Харис.

Фазите на спиење, исто така, можат да играат улога во одредувањето на квалитетот на спиењето. Се говори за различните фази на спиење низ коишто минува телото секоја вечер. А, двата главни типа на спиење се тн. брзо движење на очите (РЕМ) и не-РЕМ спиењето што вклучува три фази: лесен сон, длабок сон и многу длабок сон.

Недоволното времетраење или нарушување во која било фаза може да доведе до нарушена будност, лошо расположение и општ пад на здравјето.

Од Слободан Иванов/МИА

▶ Случајно видео

Пробај ја и оваа алатка:
Подкасти
Директориум на македонски подкасти.
Забава
Отвори →

Може ќе ви се допадне

Шокантната вистина за мултитаскингот: Како влијае на нашето ментално здравје?

Подобрување на работата на тироидната жлезда: Клучни совети за здрав живот

Зошто одржувањето физичка кондиција во зима е добро

Заборавете на калориите: Како хормоните влијаат на вашето стомаче!

Препознајте ги првите знаци на инсулинска резистенција и спасете го вашето здравје!

Сподели ја оваа објава
Facebook Twitter Copy Link Print
Сподели

ПОПУЛАРНО

Македонија

(ВИДЕО) Скандал во Скопје – Се соблече гола и шеташе по булевар

Бора Чорба и Игор Џамбазов ја пеат „Погледај свој дом анџеле“ (ВИДЕО)
Градоначалникот на Росоман: Кривичната пријава е резултат на политички притисок
Охридско Езеро од албанска страна порибено со два милиони подмладок на пастрмка-коран
Викендот во Делчево на еден татко

Можеби ќе ве интересира

ЗдравјеКујна

Храна која треба да ја консумираме во летниот период: Освежување и здравје на чинија

Кои земји во Европа плаќаат најмногу за лекови и зошто Европа троши помалку од САД?

Диетите со часовна рамка можна причина за повисока смртност од срцеви болести

Здравје

Не си уморен – си дехидриран. Еве зошто водата е најпотценетото лекување

КОНТАКТ

contact@makedonijadenes.mk Забрането е секое копирање на содржини од веб-сајтот makedonijadenes.mk . Копирањето и репродуцирањето е дозволено само со писмена дозвола од МакедонијаДенес.
  • За нас
  • Маркетинг
  • Политика на приватност и заштита на податоци
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?