Македонија ДенесМакедонија ДенесМакедонија Денес
Font ResizerAa
  • Вести
    • Македонија
    • Локално
    • Балкан
    • Свет
    • Бизнис и Економија
    • Хроника
    • Спорт
    • Дијаспора и МНМ
  • Македониум
  • Библиотека
  • Архива
  • Магазин
    • Репортажа
    • Интересно
    • Патување
    • Забава
    • Кујна
    • Култура и наука
    • Музика и филм
    • Здравје
    • Религија
    • Стил и Љубов
    • Showbiz
    • Автомобилизам
    • Технологија
    • Кариера и развој
  • Алатки
Font ResizerAa
Македонија ДенесМакедонија Денес
Пребарувај
  • Вести
    • Македонија
    • Локално
    • Балкан
    • Свет
    • Бизнис и Економија
    • Хроника
    • Спорт
    • Дијаспора и МНМ
  • Македониум
  • Библиотека
  • Архива
  • Магазин
    • Репортажа
    • Интересно
    • Патување
    • Забава
    • Кујна
    • Култура и наука
    • Музика и филм
    • Здравје
    • Религија
    • Стил и Љубов
    • Showbiz
    • Автомобилизам
    • Технологија
    • Кариера и развој
  • Алатки
Follow US
Кујна

Истражување: Кафето „Арабика“ настанало со вкрстување на два други вида, пред стотици илјади години

Сподели

Бафало, 17 април 2024 (МИА) – Истражувачите од Универзитетот на Бафало во Њујорк, САД, тврдат оти го откриле геномот на кафето „Арабика“ следејќи го неговото потекло до прастарото природно вкрстување меѓу два други видови кафе, објави списанието „Нејчр џенетикс“ (Nature Genetics). Тоа, според научните проценки, се случило пред 610.000 до милион години во шумите во Етиопија.

Научното име на предметниот вид е „Coffea arabica“. Истражувачите секвенцирале геноми на 39 сорти „Арабика“, вклучително и примерок од 18 век, во обид да го создадат најквалитетниот примерок од овој вид досега. Откриена е и специфична област од геномот којашто може да се докаже клучна за размножувањето на растенијата или корисна во отпорноста на болести.

– „Арабиката“ е една од водечките суровини во светското стопанство и трговија. Таа зазема голем дел од земјоделските стопански политики на земјите каде што се одгледува. Кафето е богат извор на антиоксиданси, и секако, тука е кофеинот – што ми помага мене и на остатокот од светот да останеме будни, вели биологот Виктор Алберт, еден од водечките автори на научниот труд.

- Advertisement -

Истражувањето покажа дека „Арабиката“ прво ја одгледувале луѓето во денешна Етиопија и Јемен, а потоа таа се ширела на сѐ поголемо подрачје ширум светот.

Утврдено е дека овој вид има ниска генетска разновидност, а видовите подложни на штетници и болести можат да се одгледуваат во ограничен број области, каде што, меѓу другото, и климатските услови се поволни за тоа.

– Истражувањето го отвора патот кон нови пристапи за одгледување кафе, што на крајот ќе доведе до развој на нови сорти со подобрена отпорност на болести, климатски промени и со нови квалитети на вкус, додаде д-р Патрик Дескомб.

„Арабиката“, велат научниците, настанала како спој меѓу „Coffea canephora“ и „Coffea eugenioides“. Видот „Кофеа канефора“ се нарекува и „Робуста“ и неговиот геном е секвенциран во 2014 година. Видот „Кофеа еугениоидес“ расте на поголеми надморски височини во Кенија. Примерокот од 18 век, секвенциран во студијата, бил од примерок складиран во Лондон, Велика Британија, користен од шведскиот научник Карл Лајн.

Од Слободан Иванов Извор МИА

▶ Случајно видео

Пробај ја и оваа алатка:
Подкасти
Директориум на македонски подкасти.
Забава
Отвори →

Може ќе ви се допадне

Идеална храна за летниот период

Колку македонското вино е конкурентно на меѓународниот пазар?

Италијанската кујна освојува нови генерации: традицијата и иновацијата на иста маса

Како настануваат дупките во швајцарското сирење?

Храна која треба да ја консумираме во летниот период: Освежување и здравје на чинија

Сподели ја оваа објава
Facebook Twitter Copy Link Print
Сподели

ПОПУЛАРНО

Македонија

(ВИДЕО) Скандал во Скопје – Се соблече гола и шеташе по булевар

Бора Чорба и Игор Џамбазов ја пеат „Погледај свој дом анџеле“ (ВИДЕО)
Градоначалникот на Росоман: Кривичната пријава е резултат на политички притисок
Охридско Езеро од албанска страна порибено со два милиони подмладок на пастрмка-коран
Викендот во Делчево на еден татко

Можеби ќе ве интересира

Совети за чување на лебот во потоплите летни денови

Кујна

Јужнокорејски зачинети тестенини повлечени од пазарот во Данска – биле премногу лути

Чоколадото во ладилник го губи својот вкус

Кујна

„Ливањското сирење“ доби заштитено географско потекло

КОНТАКТ

contact@makedonijadenes.mk Забрането е секое копирање на содржини од веб-сајтот makedonijadenes.mk . Копирањето и репродуцирањето е дозволено само со писмена дозвола од МакедонијаДенес.
  • За нас
  • Маркетинг
  • Политика на приватност и заштита на податоци
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?