Македонија ДенесМакедонија ДенесМакедонија Денес
Font ResizerAa
  • Вести
    • Македонија
    • Локално
    • Балкан
    • Свет
    • Бизнис и Економија
    • Хроника
    • Спорт
    • Дијаспора и МНМ
  • Македониум
  • Библиотека
  • Архива
  • Магазин
    • Репортажа
    • Интересно
    • Патување
    • Забава
    • Кујна
    • Култура и наука
    • Музика и филм
    • Здравје
    • Религија
    • Стил и Љубов
    • Showbiz
    • Автомобилизам
    • Технологија
    • Кариера и развој
  • Алатки
Font ResizerAa
Македонија ДенесМакедонија Денес
Пребарувај
  • Вести
    • Македонија
    • Локално
    • Балкан
    • Свет
    • Бизнис и Економија
    • Хроника
    • Спорт
    • Дијаспора и МНМ
  • Македониум
  • Библиотека
  • Архива
  • Магазин
    • Репортажа
    • Интересно
    • Патување
    • Забава
    • Кујна
    • Култура и наука
    • Музика и филм
    • Здравје
    • Религија
    • Стил и Љубов
    • Showbiz
    • Автомобилизам
    • Технологија
    • Кариера и развој
  • Алатки
Follow US
Интересно

Истражување: Под површината на Марс има вода што би наполнила океан

Сподели

Сан Диего, 13 авгyст 2024 (МИА) – Ново проучување на Марс покажува дека под површината на оваа планета има вода доволно за да се наполни цел океан. Оваа вода, за којашто се верува дека се наоѓа на 11 до 20 километри под кората на Марс, најверојатно протекла од површината пред неколку милијарди години кога на „Црвената Планета“ имало реки, езера и, можеби – океани, според научниците од Институтот „Скрипс“ при американскиот Универзитет на Калифорнија во Сан Диего.

„Самото тоа што можеби сè уште тече вода во внатрешноста на Марс, не значи дека таа содржи живот. Наместо тоа, нашите наоди значат дека има потенцијално населлива средина“, се вели во извештајот.

Наодите објавени денеска се засноваат на истражувања сеизмички мерења од приземјувачот „Марс инсајт“ (Mars InSight) на НАСА, што откри повеќе од 1.300 земјотреси пред да биде затворен пред две години. Проучувањата на собраните податоци потоа посочија дека, многу веројатно, се работи за подземни води.

- Advertisement -

Според проценките, подземната вода би била доволна да наполни еден просечен океан со длабочина од еден до два километри. Ќе бидат потребни дупчалки и друга опрема за да се потврди присуството на вода и да се пронајдат потенцијални микробни знаци на живот.

Се смета дека Марс имал вода на својата површина пред повеќе од три милијарди години, а се чини, ја изгубил бидејќи атмосферата се разредувала, претворајќи ја планетата во сува пустина со прашлива површина. Научниците теоретизираат дека голем дел од оваа прастара вода испарила во вселената или останала закопана под површината на Марс.

Од Слободан Иванов/МИА

▶ Случајно видео

Пробај ја и оваа алатка:
Календар на неработни денови
Приказ на неработни денови.
Останато
Отвори →

Може ќе ви се допадне

Во кои земји Новата година не се прославува на 1 јануари?

Студенти од САД со 66 ливчиња освоиле над шест милиони долари

Хосе Мухика: Скромниот борец што го претвори Уругвај во симбол на социјална правда

Како Римјаните учеле од своите грешки?

Дали Џакарта е новиот глобален гигант? Токио паѓа на трето место!

Сподели ја оваа објава
Facebook Twitter Copy Link Print
Сподели

ПОПУЛАРНО

Македонија

(ВИДЕО) Скандал во Скопје – Се соблече гола и шеташе по булевар

Бора Чорба и Игор Џамбазов ја пеат „Погледај свој дом анџеле“ (ВИДЕО)
Градоначалникот на Росоман: Кривичната пријава е резултат на политички притисок
Охридско Езеро од албанска страна порибено со два милиони подмладок на пастрмка-коран
Викендот во Делчево на еден татко

Можеби ќе ве интересира

Интересно

Зошто СССР испраќаше во вселената кучиња, а не мајмуни?

Интересно

Колку повеќе даваш – толку помалку те ценат. Зошто добрината станува казна?

Интересно

Во овие земји Дедо Мраз е забранет

Интересно

Што мислат луѓето за тебе – кога не си тука?

КОНТАКТ

contact@makedonijadenes.mk Забрането е секое копирање на содржини од веб-сајтот makedonijadenes.mk . Копирањето и репродуцирањето е дозволено само со писмена дозвола од МакедонијаДенес.
  • За нас
  • Маркетинг
  • Политика на приватност и заштита на податоци
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?