Македонија ДенесМакедонија ДенесМакедонија Денес
Font ResizerAa
  • Вести
    • Македонија
    • Локално
    • Балкан
    • Свет
    • Бизнис и Економија
    • Хроника
    • Спорт
    • Дијаспора и МНМ
  • Македониум
  • Библиотека
  • Архива
  • Магазин
    • Репортажа
    • Интересно
    • Патување
    • Забава
    • Кујна
    • Култура и наука
    • Музика и филм
    • Здравје
    • Религија
    • Стил и Љубов
    • Showbiz
    • Автомобилизам
    • Технологија
    • Кариера и развој
  • Алатки
Font ResizerAa
Македонија ДенесМакедонија Денес
Пребарувај
  • Вести
    • Македонија
    • Локално
    • Балкан
    • Свет
    • Бизнис и Економија
    • Хроника
    • Спорт
    • Дијаспора и МНМ
  • Македониум
  • Библиотека
  • Архива
  • Магазин
    • Репортажа
    • Интересно
    • Патување
    • Забава
    • Кујна
    • Култура и наука
    • Музика и филм
    • Здравје
    • Религија
    • Стил и Љубов
    • Showbiz
    • Автомобилизам
    • Технологија
    • Кариера и развој
  • Алатки
Follow US
Здравје

Истражување: „Ултрапреработената“ храна ја зголемува подложноста на болести

Сподели

Гилонг, 1 март 2024 (МИА) – Јадењето „прекумерно обработена“ храна ја зголемува опасноста од развој од десетици неповолни и сериозни здравствени состојби, посочува новиот преглед на 45 мета-анализи којшто опфаќа речиси 10 милиони луѓе. Научниот труд е објавен во средата во списанието „Би-ем-џеј“ (The BMJ).

– Најдовме постојани докази што го поврзуваат поголемиот внос на тн. „ултрапреработена“ храна со преку 70 отсто од 45-те различни здравствени исходи што ги зедовме предвид, изјави Волфганг Маркс, виш научен соработник во Центарот за храна и расположение при Универзитетот „Дикин“ во Гилонг, Австралија.

Хајнц Фрајслинг, стручњак за рак од Светската здравствена организација, вели дека најмногу 10 отсто од храната може да се смета како „основна линија“ по којашто ако има поголем удел прекумерно обработени намирници – ризикот се зголемува. Тој не беше вклучен во испитувањата.

- Advertisement -

Според истражувачите, има убедливи докази дека високиот наспроти нискиот внос на ултраобработена храна може да ја зголеми можноста за појава на анксиозност до 53 насто, а опасноста од рана смрт од која било причина – за 20 насто.

И епидемиологот за рак Фанг Фанг Јанг, професор на Одделот за нутриционистичка епидемиологија при Универзитетот „Тафтс“ во Бостон во САД, која не е вклучена во новото истражување, се согласува со голем дел од наводите.

- Advertisement -
Банер

– Не е изненадувачки што има толку многу студии кои укажуваат на позитивна поврзаност меѓу потрошувачката на ултрапреработена храна и ризикот од различни исходи на болеста. Ултраобработената храна е богата со калории, додаден шеќер, натриум и малку влакна. Веќе е познато дека сите овие фактори придонесуваат за кардиометаболички здравствени резултати, зголемување на телесната тежина, дебелина, дијабетес тип 2 и хипертензија, рече Јанг.

Советите на стручњаците гласат:

1. Споредувајте ги етикетите на производите и одбирајте помалку обработени намирници.

2. Она што го вклучувате е исто толку важно како и она што го исклучувате од исхраната. Во она што може да се додаде спаѓа и свежо, замрзнато или конзервирано овошје, зеленчук, грав, мешунки.

3. Внимавајте и на течностите. Напивките засладени со шеќер немаат хранлива вредност. Тоа треба да се замени со вода.

4. Рестораните и кафулињата се попрепорачливи наместо синџирите за брза храна. Во ресторан помала е веројатноста да се прави ултраобработена храна.

Од: Слободан Иванов Извор: МИА

▶ Случајно видео

Пробај ја и оваа алатка:
Калкулатор за овулација
Калкулатор за овулација
Здравје
Отвори →

Може ќе ви се допадне

Шокантни ефекти на газираните пијалоци на вашето тело

Намирници за благотворна нега на кожата

Недоволно витамини и минерали предизвикува различни непријатности во телото

Препознајте ги првите знаци на инсулинска резистенција и спасете го вашето здравје!

Зошто планинарењето е важно за здравјето

Сподели ја оваа објава
Facebook Twitter Copy Link Print
Сподели

ПОПУЛАРНО

Македонија

(ВИДЕО) Скандал во Скопје – Се соблече гола и шеташе по булевар

Бора Чорба и Игор Џамбазов ја пеат „Погледај свој дом анџеле“ (ВИДЕО)
Градоначалникот на Росоман: Кривичната пријава е резултат на политички притисок
Охридско Езеро од албанска страна порибено со два милиони подмладок на пастрмка-коран
Викендот во Делчево на еден татко

Можеби ќе ве интересира

Здравје

Зошто чаша вода наутро е клучот за здрава и сјајна кожа?

Здравје

Како да ја одржите енергијата во есен: Клучните витамини што ви се потребни!

Здравје

Зошто ве болат колената и како да се ослободите од болката?

Здравје

Ослободете се од хроничниот замор – Откријте кои витамини ви недостасуваат!

КОНТАКТ

contact@makedonijadenes.mk Забрането е секое копирање на содржини од веб-сајтот makedonijadenes.mk . Копирањето и репродуцирањето е дозволено само со писмена дозвола од МакедонијаДенес.
  • За нас
  • Маркетинг
  • Политика на приватност и заштита на податоци
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?