Сообраќајот на државните патишта утринава се одвива непречено, по претежно влажни коловози, информираат надлежните служби. Сите патни правци се проодни и безбедни, но поради повремени снежни врнежи се препорачува зголемена претпазливост при возење.
Екипите на ЈП Македонија пат се целосно ангажирани на терен, со расположлива механизација и работна сила за расчистување на снегот. Во координација со ЈП за државни патишта и Министерство за транспорт, се спроведуваат активности за непречено и безбедно одвивање на сообраќајот.
Возачите се повикуваат на задолжителна употреба на зимска опрема (обврска важи од 15.11.2025 до 15.03.2026), почитување на сообраќајната сигнализација и прилагодена брзина според условите на патот. Се препорачува и навремено информирање преку официјалните информативни центри.
Интензитетот на сообраќај надвор од градските средини е умерен, а на граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез.
Од АМСМ апелираат на зголемена внимателност, особено во котлини, речни долини и клисури поради можни одрони. Посебно внимание на делниците:
- Катланово – Велес
- Маврово – Дебар – Струга
- Виница – Берово
- Кочани – Делчево
Патниот правец Охрид – Ресен преку НП Галичица е затворен за сообраќај за сите возила од 21.11.2025 до 31.03.2026.
- Коридор 10, Прилеп – Битола: изменет режим; сообраќајот се пренасочува по регионалниот пат Р1101.
- Државен пат А2 (скопска обиколница): рехабилитација од клучка Волково до Кондово (250 м); затворена лента за претекнување, движење по средна и десна лента.
- Експресен пат А2, Крива Паланка – Страцин (км 14+200, кај с. Петралица): времен режим; рачна регулација 07:00–17:00, во останатиот период семафори.
- Регионален пат Р1202, Косоврасти – Мелнички Мост: санација на свлечиште со времен режим до завршување.
- Државен пат А2, Гостивар – Стража (мост Здуње): временa семафоризација со наизменично пропуштање (период од 6 месеци).
- Коридор 10Д, Прилеп – Битола: пренасочување по регионалниот пат од клучка Лагово до Тополчани.



