Почитувани медиуми, сограѓани и гости, ни претставува особена чест што оваа година Штип ќе биде домаќин на најголемата „Пастармалијада“ досега.
Овој настан не е само културна манифестација, туку симбол на заедништво, локална гордост и афирмација на македонската традиција на национално и регионално ниво. За првпат настанот ќе се реализира на две различни локации, со концепт што вклучува уличен фестивал и голем концертен спектакл.
Посебна благодарност се упатува до приватниот сектор од Штип, но и од повеќе други градови од државата, кој со својата поддршка помогна оваа манифестација да се реализира. Особено значајно е што буџетот за Пастармалијада не е зголемен. Со внимателно планирање и соработка, успеавме да создадеме настан со голем општествен и економски импакт за градот без дополнителен товар за јавните финансии.
Организацијата оваа година носи ново лице, посветено на автентично искуство и современа организација. На шеталиштето „Ванчо Прќе“, во петок и сабота, посетителите ќе имаат можност да уживаат во приготвување и дегустирање на пастрмалија на лице место, традиционална македонска музика, настапи на деца од градинките, дневни диџеј сетови и вечерна сцена со локални музичари.
Во сабота вечер, на Градскиот стадион, ќе се одржи големото концертно издание со очекувана публика од над 80.000 посетители. На сцената ќе настапат Елена Ристеска, Владо Јаневски и балканската музичка ѕвезда Дино Мерлин. Влезот е бесплатен за сите посетители.
Во ВИП делот, како и на трибините, ќе има маси и шанкови со ваучерски систем и однапред утврдени цени. Пијалоците ќе се служат исклучиво во пластична амбалажа и лименки со цел да се обезбеди безбедна средина за сите посетители. Не се врши продажба на влезници, а резервациите за ВИП се претходно договорени со строго ограничен капацитет.
Безбедноста на посетителите е врвен приоритет. За таа цел ќе бидат ангажирани голем број припадници на приватно обезбедување во координација со СВР Штип и полициските служби од регионот. На сите влезови ќе се вршат проверки со метал детектори од страна на обучени редари и лица од обезбедувањето. Забрането е внесување пијалоци однадвор, како и какви било потенцијално опасни предмети. Целиот настан ќе биде покриен со видео надзор, мобилни патроли и јасна сигнализација.
За паркинг зоните ве информираме дека на ден 20.09.2025 година ќе се воведе изменет режим на сообраќаj во прва фаза на дел од крстосница со ул. Бул.Јна и ул. Борис Кидрич, ул.Партизанска (дел од кружен тек) до крстосница со ул.Партизанска со спој со ул.9ти Мај од 20.09.2025 од 00.00ч. – Втора фаза на затворање на улиците ќе биде со затворање од крст.со Бул.Гоце Делчев (кај Мал Одмор) и ул.Др.Слободан Јовановски (Мост „Емир Ќучук“ на р.Брегалница), ул.Др.Слободан Јовановски и ул.Гоце Делчев (крстосницата пред Железен мост). Крст. со ул.Бул ЈНА и ул.Боро Арсов, крстосница со ул.Сремски фронт и бул.Партизанска, крстосница со ул.Пиринска со ул.Вардарска, ул.Пиринска со ул.Борис Кидрич, крст.со ул.Борис Кидрич со ул.Карл Маркс, а по потреба од зграда „Промаја“ на ул.Борис Кидрич и ул.Иво Лола Рибар и крстосница со бул. Гоце Делчев и ул.Партизанска најдоцна до 19 ч, а во зависност од густината на луѓето може да се затвори и порано.
-Паркинг позиции има обезбедено на цела територија на Општина Штип прикажани на следниов линк:
Контролата ќе ја врши ЈП „Стипион“ во соработка со полицијата.
-Туристичките агенции кои ќе вршат превоз на патници, автобусите да ги паркираат на плацот на „Дивна“ после кружен тек од десна страна во правец на движење кон населба „Македонка“, а патниците да ги оставаат на автобуското стојалиште кај СОУ.„Коле Нехтенин“ и на автобуското стојалиште над „Македонија пат“.
-Од најоддалечените паркинг места како што се паркингот во Плуждино ( во близина на градските гробишта), Бања „Кежовица“, во населба „Баби“ на ул. „Партизанска“ од „Црво Експрес“, Три Чешми (надолжно улично кон Аеродром), Кампус 4, Маркет Елкос (населба Сењак) и паркинг „Нале транс“ во близина на населба Македонка (наспроти Мото Центар) ќе има организирано јавен градски превоз со следниве термини:
– Линија 1. Три Чешми – градинка Астибо поаѓање од :
– паркинг простор Аеро-клуб во 18.30; 19.15 и 20.00 часот
– Три Чешми во 18.35; 19.20 и 20.05 часот
– Кампус 4 во 18.40; 19.25 и 20.10 часот
– нас. Железничка (спроти Лук Оил) во 18.45; 19.30 и 20.15 часот
– Линија 2. Чардаклија – градинка Астибо поаѓање од :
– Чардаклија во 18.30; 19.15 и 20.00 часот
– нас. Балканска во 18.35; 19.20 и 20.05 часот
– на проширување на пат кон „Мото Центар“ 18.37; 19.22 и 20.07 часот
– нас. Македонка во 18.40; 19.25 и 20.10 часот
– нас. Железничка (спроти Дивна – во близина на Ангротекс) во 18.45; 19.30 и 20.15 часот
– Линија 3. Баби – зграда Нико 2002 поаѓање од :
– црква Св. Троица во 18.30; 19.00 и 19.30 часот
– Баби (ул. Партизанска“) во 18.35; 19.05 и 19.35 часот
– Сала „Јордан Мијалков“ во 18.40; 19.10 и 19.40 часот
– КАМ маркет – Сењак 2 во 18.45; 19.15 и 19.45 часот
– Линија 4. Дузлак – Баби – зграда Нико 2002 поаѓање од :
– нас. Дузлак во 18.30 и 19.30 часот
– Баби (ООУ „Славејко Арсов“) во 18.35; 19.05 и 19.35 часот
– Сењак 4 во 18.40; 19.10 и 19.40 часот
– Елкос во 18.45; 19.15 и 19.45 часот
– Супер Кит-го (ТУШ) во 18.50; 19.20 и 19.50 часот
– Градски пазар во 18.55 и 19.25
– Линија 5. Ново село – Македонија пат поаѓање од :
– паркинг простор „Плуждино“ во 18.30 и 19.30 часот
– ДСУ „Искра“ во 18.35 и 19.35 часот
– Ново Село „Јавор“ во 18.40 и 19.40 часот
– Линија 6. Карбинци – зграда Нико 2002 поаѓање од:
– Долни Балван во 18.30 часот
– Карбинци во 18.35 часот
– Таринци во 18.40
– Нов Караорман во 18.45
– Стар Караорман во 18.50
* Напомени:
– Користењето на превозот е бесплатен.
– Точките на оставање на патниците се исти со точките на земање на патниците за истите релации.
– Враќањето на патниците кон крајните дестинации започнува од 12.15 часот, а со полнењето на капацитетите на автобусите ќе започне превозот и во зависност од потребите на патниците истите линии ќе се повторуваат во неколку наврати се до целосното враќање на патниците до крајните локации, а најкасно до 02.00 часот.
– Ги молиме сите корисници на превоз да имаат разбирање за техничките можности на ЈП Стипион 2011 во поглед на враќање на патниците по завршувањето на манифестацијата и можноста од чекање од соодветни временски интервали (не поголеми од 30 мин) за повторно тргнување кон крајните локации.
– Корисниците на превозот се должни да се однесуваат соодветно на пропишаните услови при користење на јавниот превоз, а доколку истите не се почитуваат ќе се пристапи кон превземање на соодветни мерки за овозможување на безбеден превоз на останатите патници.
* линк за следење на локациите за поаѓање и враќање на фб страната на ЈП Стипион 2011:
Инаку, организацијата на стадионот е прилагодена да прими голем број луѓе без метеж и со контролиран проток на публика. Партерот ќе прими околу 40.000 луѓе, со повеќе шанкови за полесен пристап. Трибините се поделени на зона со маси и шанкови за резервации и стандардна зона за седење. Влезот на стадионот ќе биде организиран преку два влеза за ВИП делот од страната на автобуската станица, два влеза за трибината од страната на интернатот, еден голем централен влез за партер делот и посебен влез за новата трибина од страната на Брегалница. Секој влез ќе биде означен со сигнализација и обезбеден со редарска служба.
„Пастармалијада 2025“ претставува симбиоза на музика, вкус, традиција и единство. Општина Штип е подготвена да биде домаќин на сите што сакаат да бидат дел од ова незаборавно искуство.
Извор:stip.gov.mk