Македонија ДенесМакедонија ДенесМакедонија Денес
Font ResizerAa
  • Вести
    • Македонија
    • Локално
    • Балкан
    • Свет
    • Бизнис и Економија
    • Хроника
    • Спорт
    • Дијаспора и МНМ
  • Македониум
  • Библиотека
  • Архива
  • Магазин
    • Репортажа
    • Интересно
    • Патување
    • Забава
    • Кујна
    • Култура и наука
    • Музика и филм
    • Здравје
    • Религија
    • Стил и Љубов
    • Showbiz
    • Автомобилизам
    • Технологија
    • Кариера и развој
  • Алатки
Font ResizerAa
Македонија ДенесМакедонија Денес
Пребарувај
  • Вести
    • Македонија
    • Локално
    • Балкан
    • Свет
    • Бизнис и Економија
    • Хроника
    • Спорт
    • Дијаспора и МНМ
  • Македониум
  • Библиотека
  • Архива
  • Магазин
    • Репортажа
    • Интересно
    • Патување
    • Забава
    • Кујна
    • Култура и наука
    • Музика и филм
    • Здравје
    • Религија
    • Стил и Љубов
    • Showbiz
    • Автомобилизам
    • Технологија
    • Кариера и развој
  • Алатки
Follow US
Македониум

Извршил самоубиство, за да не падне во рацете на бугарските фашисти – 81 година од смртта на Тодор Ангеловски

Сподели

На денешен ден 1943 година во битолското село Лавци починал Тодор Ангеловски, попознат како Тошо Даскалов.

Потекнува од селско занаетчиско семејство. Основното четиригодишно училиште го завршил во Лавци. Потоа се запишал во Државната мешовита реална гимназија во Битола, а во учебната 1925/26 година, во Учителската школа во Прилеп. Уште како ученик во Учителската школа, веќе се оформил како напреден младинец. По завршувањето на образованието учителствувал во Гњиланска околија (Србија), а потоа во Македонија во селата: Карбинци, Ѓавато (1936/37 година), Ротино и Цапари (1940/41 година). Член на КПЈ бил од 1939 година.

Во Народноослободителната борба се вклучил уште во 1941 година. Бил организатор и активен учесник во сите значајни настани од HOB во Битола и битолско од 1941 до јуни 1943 година. Имал голема заслуга за создавањето на битолските партизански одреди „Пелистер“, „Даме Груев“, „Јане Сандански“ и „Гоце Делчев“.

- Advertisement -

Бил командант на здружениот одред „Даме Груев“ во 1943 година, командант на здружените одреди „Даме Груев“ и „Вичо“, член на Окружниот оперативен штаб и командант на Штабот на Втората оперативна зона. За антифашистичката активност, Ангеловски од фашистичкиот окупаторски суд бил осуден на смрт во отсуство. Неговата глава била уценета со тогашни 200.000 лева.

Загинал на 23 јуни 1943 година. Опколен од бугарската војска и полиција, која ја запалила плевната во која се криел, за да не падне жив во рацете на окупаторите, се самоубил.

▶ Случајно видео

Пробај ја и оваа алатка:
Спортски типови
Предлог викенд типови.
Спорт
Отвори →

Може ќе ви се допадне

116 години од раѓањето на Никола Парапунов

105 години од раѓањето на Славко Јаневски

Во сеќавање на Димитар Папрадишки – последниот македонски зограф

Првата жена стрелана во Грција од политички причини – 79 години од убиството на Мирка Гинова

81 година од смртта на Никола Парапунов – симболот на партизанското движење во Пиринска Македонија

Сподели ја оваа објава
Facebook Twitter Copy Link Print
Сподели

ПОПУЛАРНО

Македонија

(ВИДЕО) Скандал во Скопје – Се соблече гола и шеташе по булевар

Бора Чорба и Игор Џамбазов ја пеат „Погледај свој дом анџеле“ (ВИДЕО)
Градоначалникот на Росоман: Кривичната пријава е резултат на политички притисок
Охридско Езеро од албанска страна порибено со два милиони подмладок на пастрмка-коран
Викендот во Делчево на еден татко

Можеби ќе ве интересира

Македониум

106 години од раѓањето на Раде Јовчевски — Корчагин

Македониум

15 години без Гане Тодоровски

Македониум

59 години од смртта на Стале Попов

Македониум

116 години од Манифестот на Јане Сандански

КОНТАКТ

contact@makedonijadenes.mk Забрането е секое копирање на содржини од веб-сајтот makedonijadenes.mk . Копирањето и репродуцирањето е дозволено само со писмена дозвола од МакедонијаДенес.
  • За нас
  • Маркетинг
  • Политика на приватност и заштита на податоци
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?