Жена пријавила случај на полово вознемирување и кражба во Скопје, по што полицијата презема мерки за расчистување на настанот.
Според информациите, 46-годишна жена со моментално престојувалиште во Германија пријавила дека во периодот од 17 до 31 март била вознемирувана од лице кај кое престојувала во изнајмена соба во населбата Драчево. Таа престојувала во земјава поради административни причини.
Како што е наведено во пријавата, осомничениот, кој наводно работел како таксист, во повеќе наврати ја допирал по телото, предизвикувајќи ѝ чувство на загрозеност и вознемиреност.
На 31 март, жената забележала дека од нејзиниот паричник недостасуваат 3.500 евра, по што веднаш ја напуштила куќата.
Случајот бил пријавен во СВР Скопје на 2 април во вечерните часови, а полицијата работи на негово целосно расчистување.



