Македонија ДенесМакедонија ДенесМакедонија Денес
Font ResizerAa
  • Вести
    • Македонија
    • Локално
    • Балкан
    • Свет
    • Бизнис и Економија
    • Хроника
    • Спорт
    • Дијаспора и МНМ
  • Македониум
  • Библиотека
  • Архива
  • Магазин
    • Репортажа
    • Интересно
    • Патување
    • Забава
    • Кујна
    • Култура и наука
    • Музика и филм
    • Здравје
    • Религија
    • Стил и Љубов
    • Showbiz
    • Автомобилизам
    • Технологија
    • Кариера и развој
  • Алатки
Font ResizerAa
Македонија ДенесМакедонија Денес
Пребарувај
  • Вести
    • Македонија
    • Локално
    • Балкан
    • Свет
    • Бизнис и Економија
    • Хроника
    • Спорт
    • Дијаспора и МНМ
  • Македониум
  • Библиотека
  • Архива
  • Магазин
    • Репортажа
    • Интересно
    • Патување
    • Забава
    • Кујна
    • Култура и наука
    • Музика и филм
    • Здравје
    • Религија
    • Стил и Љубов
    • Showbiz
    • Автомобилизам
    • Технологија
    • Кариера и развој
  • Алатки
Follow US
Интересно

Како во времето на Сталин се намалувале цените на производите

Сподели

Во Русија речиси и да не постојат луѓе кои од лично искуство се сеќаваат на намалувањето на цените од времето на Сталин и на оној неверојатен бран оптимизам кој по ова „чудо“ го зафати населението. Во времето кога целиот капиталистички свет се навикнуваше да живее во состојба на постојан раст на цените кои се сметаа за показател на економскиот раст, СССР со својата планска економија ја покажа можноста за благосостојба не само со цени што растат, туку и со цени што паѓаат. За што всушност стануваше збор: за пропаганден трик или за реално економско чудо?

Живот на бонови

Уште во 1929 година лидерот на СССР Јосиф Сталин велеше: „Кај нас на пазарот нема слободна игра на цените како што е тоа во капиталистичките земји. Ние главно ја одредуваме цената на лебот. И ги одредуваме цените на целата индустриска стока. Се трудиме да спроведеме политика на намалување на трошоците за производство на стока и намалување на цените на индустриските производи, настојувајќи да задржиме стабилна цена на земјоделските производи“.

- Advertisement -

На почетокот на триесеттите години од минатиот век Сталин се заложуваше за укинување на тогаш актуелните бонови за намирници и за основна стока. Нивните цени беа високи и според нив се ориентираа селаните коишто ја продаваа својата стока на пазарите. Укинувањето на боновите од 1935 година доведе до привремен пад на цените, но во воените години беше повторно воведен систем на распределба на намирници и на индустриски производи по бонови. Тоа траеше до 1947 година.

Повеќе од една третина од населението на СССР (62,8 милиони луѓе) купуваше леб од државата. Системот на бонови доминираше, но постоеше и слободен пазар. Така, во земјата постоеја цени диктирани од државата кои се одразуваа во бонови, како и пазарни цени. Во определен момент власта одлуќи дека е време боновите да се укинат и да се воспостават единствени цени за сите.

- Advertisement -
Банер

Монетарната реформа од 1947 година против препродавачите

До 1947 година кај жителите од селата коишто своите производи ги продаваа на пазар, како и кај препродавачите, се појави вишок пари. Според податоците од 1943-1944 година уделот на приход од „размена на стоки и услуги меѓу група жители“ во вкупно количество приход на жителите изнесуваше 56%. Дражавата сфати дека определен дел од населението има собрано огромно количество пари, при што тој имашен дел од популацијата не беше „работничко мнозинство“ чија багосостојба беше грижа на државата. Затоа властите смислија начин како со помош на богатството што едни го собираа да се намали цената за живот за сите.

Во декември 1947 година истовремено започна монетарната реформа за укинување бонови, премин на единствени цени и пуштање во промет нови пари. Државата креираше нова рубља која се разменуваше според курсот за десет стари рубли за еден нов (за парите што граѓаните ги чуваа дома).

За заштедите на сметките во банките постоеше поинаква скала. Износот на заштедата во банка до 3 илјади рубли, каква што имаа над 80% од граѓаните, се разменуваше според курост една стара за една нова рубља, кај сумите од 3 до 10 илјади рубли беше три стари за две нови, а за сумата од над 10 илјади рубли за две стари се добиваше една нова рубља. Така имашните граѓани беа најмногу оштетени.

„Со цел да се ублажи неизбежната негативна реакција на советските граѓани поради загубата на дел од нивната заштеда, на замената на парите ѝ претходеше укинување на боновите и масовно намалување на цените во малопродажба“, се наведува во монографијата „Монетарната реформа од 1947 година и нејзината улога во обновата на народното стопанство на СССР“ (група автори под редакција на Р.М. Нуреев, М.А. Ексиндаров, Москва. Издавачка куќа КНОРУС, 2019).

По укинувањето на боновите воспоставени се единствени цени за стоката, кои се движеле некаде помеѓу претходните државни и пазарни цени. Цената на лебот, на брашната и на макароните се намалиле за 10-12% (во однос на државните) зашто биле значајни за населението. Цените на останатите производи биле повисоки од претходните државни цени. Така, со исклучок на наведените ограничени производи, цените во продавниците за прехранбени производи и индустриска стока останаа високи, па дури и повисоки од предвоените цени.

Индустриската стока собираше прав во магацините. За да се смени ситуацијата, владата во 1948 година ги намали цените на автомобилите, на мотоциклите, на машините за шиење, часовници, грамофони и друга стока за 10-20%. Дури и по ова намалување цените останаа високи за обичните луѓе. Затоа во март 1949 година беа повторно намалени. Оттогаш цените се намалувани секоја пролет. Последното намалување се случи пролетта 1953 година по смртта на Сталин. Во различни години намалувани се цените на различни групи производи. На пример, во април 1953 година во голема мера се намалени цените на овошјето и зеленчукот – тие се двојно намалени, додека цената на месата падна за 15%, а на индустриските производи од 5 до 30%.

ЦЕЛОСНАТА СТАТИЈА ПРОЧИТАЈТЕ ЈА ТУКА

ИЗВОР: Russia Beyond Македонија / АНО „ТВ-Новости“

▶ Случајно видео

Пробај ја и оваа алатка:
Конвертор латиница <-> кирилица
Алатка за конвертирање на текст од латиница во кирилица и обратно
Образование
Отвори →

Може ќе ви се допадне

Архитектонско чудо од 4 милијарди долари: мостот што ќе ги поврзе Саудиска Арабија и Египет

Што ако… ги укинеме милијардерите?

Сите велат ‘животот е краток’ – ама никој не кажува што точно да правиме со него

Ајдин Османовиќ ја испеа „Заветна“ како честитка за Илинден

Мерки во случај на итна помош или смрт на патник во авион

Сподели ја оваа објава
Facebook Twitter Copy Link Print
Сподели

ПОПУЛАРНО

Македонија

(ВИДЕО) Скандал во Скопје – Се соблече гола и шеташе по булевар

Бора Чорба и Игор Џамбазов ја пеат „Погледај свој дом анџеле“ (ВИДЕО)
Градоначалникот на Росоман: Кривичната пријава е резултат на политички притисок
Охридско Езеро од албанска страна порибено со два милиони подмладок на пастрмка-коран
Викендот во Делчево на еден татко

Можеби ќе ве интересира

Интересно

Колку навистина време поминуваме на телефон и што тоа прави со нашиот мозок?

Интересно

Горчливото Езеро во Кукушко е три пати посолено од Мртвото Море

Интересно

Формула 1 болид или дрон? Кој е побрз? (ВИДЕО)

Интересно

Подигнување на морето: Прогнози за 2050 година

КОНТАКТ

contact@makedonijadenes.mk Забрането е секое копирање на содржини од веб-сајтот makedonijadenes.mk . Копирањето и репродуцирањето е дозволено само со писмена дозвола од МакедонијаДенес.
  • За нас
  • Маркетинг
  • Политика на приватност и заштита на податоци
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?