Министерот за надворешни работи на Кина, Ванг Ји, изјави дека Пекинг и Москва не се плашат од надворешни провокации и притисоци. Според него, односите помеѓу двете земји се карактеризираат со високо ниво на политичка доверба, а “односите од рамо до рамо станаа суштината на кинеско-руските врски”.
Ванг истакна дека двете земји имаат силна стратегиска отпорност и дека ќе продолжат да работат на зачувување на праведниот меѓународен економски ред. Тој додаде дека Кина е посветена на мултилатералниот трговски систем заснован на нормите на Светската трговска организација.
Во контекст на актуелните глобални предизвици, Ванг Ји нагласи дека Кина и Русија остануваат силни партнери, дури и во услови на зголемен притисок од страна на Западот. Оваа изјава доаѓа во време на зголемени тензији во меѓународните односи, особено во однос на конфликтите во Блискиот Исток и во Украина.
Според Ванг, единството помеѓу Кина и Русија е клучен фактор за нивниот успех и за одржување на стабилноста во регионот. Оваа соработка е особено важна во светло на актуелните воени конфликти и економските предизвици со кои се соочуваат двете земји.


