Безбедноста е следното поле на кое европските производители ја губат битката од кинеските. Најдобар доказ за тоа се последните краш тестови спроведени од страна на Euro NCAP, а на кои се најде кинескиот ZEEKR X и VW Tiguan и VW Passat.
Иако сите три автомобили се здобија со максимални пет ѕвездички, сепак кинескиот за нијанса беше подобар. Овој автоомбил од брендот ZEEKR кој е дел од големата Geely Групација за безбедноста на возачот оствари скор од 91%, што на пример е за 8% подобар од оној на Tiguan. За безбедноста на децата оствари скор од 90% што е повеќе и во однос на Passat и во однос на Tiguan. За безбедноста на пешаците германските претставници остварија скор од 84% односно 82%, додека кинескиот 84%. ZEEKR X е подобар и во поглед на безбедносната асистенција.
Краш тестот на ZEEKR X можете да го погледнете во продолжение.