Македонија ДенесМакедонија ДенесМакедонија Денес
Font ResizerAa
  • Вести
    • Македонија
    • Локално
    • Балкан
    • Свет
    • Бизнис и Економија
    • Хроника
    • Спорт
    • Дијаспора и МНМ
  • Македониум
  • Библиотека
  • Архива
  • Магазин
    • Репортажа
    • Интересно
    • Патување
    • Забава
    • Кујна
    • Култура и наука
    • Музика и филм
    • Здравје
    • Религија
    • Стил и Љубов
    • Showbiz
    • Автомобилизам
    • Технологија
    • Кариера и развој
  • Алатки
Font ResizerAa
Македонија ДенесМакедонија Денес
Пребарувај
  • Вести
    • Македонија
    • Локално
    • Балкан
    • Свет
    • Бизнис и Економија
    • Хроника
    • Спорт
    • Дијаспора и МНМ
  • Македониум
  • Библиотека
  • Архива
  • Магазин
    • Репортажа
    • Интересно
    • Патување
    • Забава
    • Кујна
    • Култура и наука
    • Музика и филм
    • Здравје
    • Религија
    • Стил и Љубов
    • Showbiz
    • Автомобилизам
    • Технологија
    • Кариера и развој
  • Алатки
Follow US
Свет

Кинеското Министерство за одбрана: САД треба да бидат првите што ќе го намалат својот нуклеарен арсенал

28.02.2025 19:17
Сподели

Пекинг, 27 февруари 2025 (МИА) – Портпаролот на кинеското Министерство за одбрана, Ву Чиан изјави дека САД треба да го имплементираат принципот „Америка на прво место“ и да бидат првите што ќе го намалат својот нуклеарен арсенал и воените трошоци.

Ву истакна дека САД, кои го поседуваат најголемиот нуклеарен арсенал во светот, треба да ја преземат одговорноста за нуклеарното разоружување и драстично да го намалат својот нуклеарен арсенал, објави кинеска новинска агенција.

Портпаролот повтори дека Кина се придржува до политиката никогаш да не биде прва што употребила нуклеарно оружје, да води стратегија за нуклеарна одбрана и да го одржува својот нуклеарен потенцијал на минималното ниво неопходно за националната безбедност.

Банер Банер BrandEcho

Тој истакна дека американските воени трошоци со години ги надминуваат сите други земји. Ву, исто така, ги предупреди САД дека какви било „лукави трикови“ во однос на кинескиот регион Тајван ќе имаат негативни последици. Кинескиот портпарол нагласи дека луѓето од двете страни на Тајванскиот теснец се дел од истото кинеско семејство и ја повтори посветеноста на Кина за мирно обединување, истакнувајќи дека Кина не исклучува употреба на сила против сепаратистите кои се залагаат за независност на Тајван, како и надворешно мешање.

Тој остро ја осуди продажбата на оружје од САД на Тајван и воените контакти меѓу САД и Тајван, додавајќи дека тајванските власти ги трошат парите на даночните обврзници на вооружување наместо да ги инвестираат во благосостојбата на народот, што на крајот ќе има негативни последици за нив.

Ad image

Од Рената Пепељугоска Извор МИА

▶ Случајно видео

Пробај ја и оваа алатка:
Календар на неработни денови
Приказ на неработни денови.
Останато
Отвори →

Може ќе ви се допадне

ЕУ изразува загриженост: Србите мора да учествуваат на локалните избори во Косово

Вучиќ предупредува: Нападот на Иран е повторување на 1999 година во Србија

Шест илјади луѓе се собрани во Милано за да му оддадат почит на Џорџо Армани

Правобранителот на Украина против мобилизација на 18-годишни момчиња

„Мета“ тврди дека ирански хакери се обиделе да упаднат во сметки на американски функционери

Сподели ја оваа објава
Facebook Twitter Copy Link Print
Сподели

ПОПУЛАРНО

Македонија

(ВИДЕО) Скандал во Скопје – Се соблече гола и шеташе по булевар

Невработени? Можеби имате право на паричен надоместок – многумина не знаат!
Бора Чорба и Игор Џамбазов ја пеат „Погледај свој дом анџеле“ (ВИДЕО)
Градоначалникот на Росоман: Кривичната пријава е резултат на политички притисок
Охридско Езеро од албанска страна порибено со два милиони подмладок на пастрмка-коран

Можеби ќе ве интересира

По терористичкиот напад во Москва, најмалку 16 илјади луѓе се пријавиле за служење војска

Балкан

Курти: Вучиќ со лажни изјави за мостот на Ибар се обидува да предизвика реакција на КФОР

Свет

Лавров: Запад сака да ги лиши Србите од нивните права, расправа во СБ на ОН за БиХ на 31. октомври

Свет

Иранската Револуционерна Гарда: лојалност кон новиот врховен лидер

КОНТАКТ

contact@makedonijadenes.mk Забрането е секое копирање на содржини од веб-сајтот makedonijadenes.mk . Копирањето и репродуцирањето е дозволено само со писмена дозвола од МакедонијаДенес.
  • За нас
  • Импресум
  • Маркетинг
  • Политика на приватност и заштита на податоци
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?