Македонија ДенесМакедонија ДенесМакедонија Денес
Font ResizerAa
  • Вести
    • Македонија
    • Локално
    • Балкан
    • Свет
    • Бизнис и Економија
    • Хроника
    • Спорт
    • Дијаспора и МНМ
  • Македониум
  • Библиотека
  • Архива
  • Магазин
    • Репортажа
    • Интересно
    • Патување
    • Забава
    • Кујна
    • Култура и наука
    • Музика и филм
    • Здравје
    • Религија
    • Стил и Љубов
    • Showbiz
    • Автомобилизам
    • Технологија
    • Кариера и развој
  • Алатки
Font ResizerAa
Македонија ДенесМакедонија Денес
Пребарувај
  • Вести
    • Македонија
    • Локално
    • Балкан
    • Свет
    • Бизнис и Економија
    • Хроника
    • Спорт
    • Дијаспора и МНМ
  • Македониум
  • Библиотека
  • Архива
  • Магазин
    • Репортажа
    • Интересно
    • Патување
    • Забава
    • Кујна
    • Култура и наука
    • Музика и филм
    • Здравје
    • Религија
    • Стил и Љубов
    • Showbiz
    • Автомобилизам
    • Технологија
    • Кариера и развој
  • Алатки
Follow US
Бизнис и Економија

Комерцијална банка нема да коментира изјави на акционери на Стопанска банка Битола, од Пелистерка велат понудата за акциите е несоодветна

Сподели

Скопје, 13 септември 2024 (МИА) – По вчерашната објава на „Пелистерка“, како акционер во Стопанска банка Битола, дека е несоодветна понудата на Комерцијална банка Скопје за акциите за преземање на Стопанска банка, денеска од Комерцијална банка изјавија дека нема да коментираат никакви изјави до завршување на законски пропишаниот рок.

– Во согласност со законските прописи, Комерцијална банка објави јавна понуда за преземање на Стопанска банка Битола, во која се содржани сите важни елементи како што се понудената цена од 3.200 денари по акција, прагот на успешност од 67 проценти плус една акција од вкупно издадените акции и рокот за изјаснување на акционерите заклучно со 22.09.2024 година. Сите други информации се содржани и во придружниот Проспект кон Јавната понуда. Надвор од овие законски пропишани документи, Комерцијална банка нема ништо дополнително да додаде или да коментира никакви други изјави сѐ до завршување на законски пропишаниот рок, се вели во соопштението од Комерцијална банка.

Оттаму нагласуваат дека оваа нивната понуда ќе биде прва, последна и единствена понуда за откуп на 100 проценти од акциите на Стопанска банка Битола.

- Advertisement -

Од „Пелистерка“ како носители на 21,85 процент од акциите на Стопанска банка АД Битола, вчера оценија дека понудата од 3200 денари по акција не е ниту блиску до книговодствената вредност на акциите на банката утврдени со ревидираните финансии извештаи за 2022 година на 4789 денари, а за 2023 година на 4327 денари.

– Оттаму сметаме дека финансиската кондиција на Стопанска банка АД Битола, е исклучително поволна и понудета вредност од страна на Комерција банка за откуп на акциите не ја дава реалната слика за моменталниот, но и за идниот потенцијал на банката. Во јавно објавениот документ наречен „Проспект за преземање на Стопанска банка АД Битола“ се поместени извештаи од меѓународни ревизори кои само ги потврдуваат политиките на добро управување со Стопанска банка АД Битола, укажуваат на транспарентно и успешно работење во интерес на коминтентите и сите акционери. Во истиот документ понудувачот, Комерцијална банка наведува дека ефектот за нив доколку ги купат сите акции на Стопанска банка АД Битола, ќе изнесува 440 милиони денари односно консолидираната добивка за 2025 со што и самите укажуваат дека реалната вредност на акциите во моментов е далеку над 4000 денари по акција, посочија вчера од „Пелистерка“.

На 22 август, Комисијата за хартии од вредност (КХВ) донесе решение со кое на Комерцијална банка АД Скопје и издаде дозвола за давање понуда за преземање на Стопанска банка АД Битола.  Понудата за преземање се однесува на 390.977 обични акции со право на глас издадени од Стопанска банка АД Битола, кои претставуваат 100 проценти од основната главнина на  банката.

-Согласно Понудата за преземање, а според Законот за преземање на акционерски друштва,  преземачот утврдил најмала количина на обични акции на кои се однесува понудата за преземање која треба да биде прифатена за понудата да се смета за успешна, односно понудата ќе се смета за успешна доколку биде прифатена од акционери кои поседуваат најмалку 261.956 обични акции кои претставуваат 67 проценти плус една акција од вкупниот број обични акции со право на глас издадени од Стопанска банка АД Битола. Рокот за прифаќање на понудата за преземање започнува да тече од денот на првото објавување на понудата за преземање и изнесува 28 календарски дена, информираше тогаш КХВ.

Од Билјана Анастасова-Костиќ Извор: МИА

▶ Случајно видео

Пробај ја и оваа алатка:
Калкулатор за ризик од прегорување
Колку си под ризик од прегорување (burnout)?
Здравје
Отвори →

Може ќе ви се допадне

Неколку земји од ОПЕК + го продолжуваат намалувањето на производството на нафта за уште три месеци

ММФ: Азиските економии водечки во глобалниот економски раст

ДЗС: Помалку приходи од даноци за животна средина

Лукоил во криза – Прекината експлоатација на нафта во Ирак

Индустриските производители со ново поскапување: цените продолжуваат да растат

Сподели ја оваа објава
Facebook Twitter Copy Link Print
Сподели

ПОПУЛАРНО

Македонија

(ВИДЕО) Скандал во Скопје – Се соблече гола и шеташе по булевар

Бора Чорба и Игор Џамбазов ја пеат „Погледај свој дом анџеле“ (ВИДЕО)
Градоначалникот на Росоман: Кривичната пријава е резултат на политички притисок
Охридско Езеро од албанска страна порибено со два милиони подмладок на пастрмка-коран
Викендот во Делчево на еден татко

Можеби ќе ве интересира

Бизнис и Економија

КаСис овозможува безбедни плаќања со виртуелни картички

Бизнис и Економија

Кина се дистанцира од руска нафта: Какви последици носат американските санкции?

Бизнис и Економија

Во Албанија минатата година странските инвестиции достигнале рекордни 1,58 милијарди евра

Бизнис и Економија

Становите во Германија поевтини од Скопје

КОНТАКТ

contact@makedonijadenes.mk Забрането е секое копирање на содржини од веб-сајтот makedonijadenes.mk . Копирањето и репродуцирањето е дозволено само со писмена дозвола од МакедонијаДенес.
  • За нас
  • Маркетинг
  • Политика на приватност и заштита на податоци
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?