Македонија ДенесМакедонија ДенесМакедонија Денес
Font ResizerAa
  • Вести
    • Македонија
    • Локално
    • Балкан
    • Свет
    • Бизнис и Економија
    • Хроника
    • Спорт
    • Дијаспора и МНМ
  • Македониум
  • Библиотека
  • Архива
  • Магазин
    • Репортажа
    • Интересно
    • Патување
    • Забава
    • Кујна
    • Култура и наука
    • Музика и филм
    • Здравје
    • Религија
    • Стил и Љубов
    • Showbiz
    • Автомобилизам
    • Технологија
    • Кариера и развој
  • Алатки
Font ResizerAa
Македонија ДенесМакедонија Денес
Пребарувај
  • Вести
    • Македонија
    • Локално
    • Балкан
    • Свет
    • Бизнис и Економија
    • Хроника
    • Спорт
    • Дијаспора и МНМ
  • Македониум
  • Библиотека
  • Архива
  • Магазин
    • Репортажа
    • Интересно
    • Патување
    • Забава
    • Кујна
    • Култура и наука
    • Музика и филм
    • Здравје
    • Религија
    • Стил и Љубов
    • Showbiz
    • Автомобилизам
    • Технологија
    • Кариера и развој
  • Алатки
Follow US
Здравје

Комитетот за здравство на ЕП започна онлајн анкета за ретките болести

Сподели

Брисел, 28 февруари 2025 (МИА) – По повод Денот на ретките болести, Комитетот за јавно здравство на Европскиот парламент започнува онлајн истражување посветено на ретките болести.

Како што јави дописникот на МИА од Брисел, целта на оваа анкета е да се обезбеди основа за претстојната работа на Комитетот за подобро разбирање и детално познавање на предизвиците на лицата погодени од ретки болести и на ставовите на оние кои работат со или се инволвирани во ретките болести.

Онлајн анкетата ќе трае еден месец и во неа може да учествуваат сите заинтересирани, како граѓаните, здруженијата на пациенти со ретки болести, претставници на бизнис секторот или невладините организации, кои имаат можност да дадат анонимни информации за нивните проблеми, потреби и очекувања во однос на понатамошните активности на ЕУ на полето на ретките болести.

- Advertisement -

Европскиот парламент во 2020 година усвои Резолуција со која се апелираше на изработка на Акциски план на ЕУ за ретки и занемарени болести, како дел од новата стратегија за јавното здравство по ковид пандемијата. Следната, 2021 година, ЕП усвои и Резолуција за фармацевтската стратегија на ЕУ, во која се истакнува важноста од унапредување на истражувањата за незадоволените медицински потреби.

Денот на ретки болести, кој од 2008 година се одбележува на 29 февруари во престапните и на 28 февруари во останатите години, има за цел да ја подигне свеста во јавноста за овие заболувања и да создаде промени на условите во кои живеат околу 300 милиони луѓе со ретки болест ширум светот, како и нивните семејства и старатели.

- Advertisement -
Банер

Според статистичките податоци, од ретки болести страдаат приближно 36 милиони Европејци или нешто помалку од пет лица на 10 000 луѓе. Досега се идентификувани меѓу 6.000 и 8.000 ретки болести, кои можат да бидат со генетско потекло, но и метаболички заболувања, заразни и автоимуни болести, како и ретки карциноми.

Од Сашко Панајотов Извор МИА

▶ Случајно видео

Пробај ја и оваа алатка:
Конвертор латиница <-> кирилица
Алатка за конвертирање на текст од латиница во кирилица и обратно
Образование
Отвори →

Може ќе ви се допадне

Откријте ја тајната на психолошкото огледало: Зошто прво забележуваме недостатоци?

Депресијата води кон губење на меморијата и обратно

Како физичката активност го штити вашиот мозок од деменција?

Неочекувано решение: Како ботокс може да ви помогне да се ослободите од мигрените!

СЗО повика на јасни и видливи предупредувања за рак од алкохолни пијалоци

Сподели ја оваа објава
Facebook Twitter Copy Link Print
Сподели

ПОПУЛАРНО

Македонија

(ВИДЕО) Скандал во Скопје – Се соблече гола и шеташе по булевар

Бора Чорба и Игор Џамбазов ја пеат „Погледај свој дом анџеле“ (ВИДЕО)
Градоначалникот на Росоман: Кривичната пријава е резултат на политички притисок
Охридско Езеро од албанска страна порибено со два милиони подмладок на пастрмка-коран
Викендот во Делчево на еден татко

Можеби ќе ве интересира

Здравје

И должината, и цврстината на сонот – битни за здравјето

Здравје

Вежбите ја намалуваат опасноста од деменција до 33 отсто

Здравје

Совети околу тироидната жлезда

Здравје

Не си уморен – си дехидриран. Еве зошто водата е најпотценетото лекување

КОНТАКТ

contact@makedonijadenes.mk Забрането е секое копирање на содржини од веб-сајтот makedonijadenes.mk . Копирањето и репродуцирањето е дозволено само со писмена дозвола од МакедонијаДенес.
  • За нас
  • Маркетинг
  • Политика на приватност и заштита на податоци
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?