Македонија ДенесМакедонија ДенесМакедонија Денес
Font ResizerAa
  • Вести
    • Македонија
    • Локално
    • Балкан
    • Свет
    • Бизнис и Економија
    • Хроника
    • Спорт
    • Дијаспора и МНМ
  • Македониум
  • Библиотека
  • Архива
  • Магазин
    • Репортажа
    • Интересно
    • Патување
    • Забава
    • Кујна
    • Култура и наука
    • Музика и филм
    • Здравје
    • Религија
    • Стил и Љубов
    • Showbiz
    • Автомобилизам
    • Технологија
    • Кариера и развој
  • Алатки
Font ResizerAa
Македонија ДенесМакедонија Денес
Пребарувај
  • Вести
    • Македонија
    • Локално
    • Балкан
    • Свет
    • Бизнис и Економија
    • Хроника
    • Спорт
    • Дијаспора и МНМ
  • Македониум
  • Библиотека
  • Архива
  • Магазин
    • Репортажа
    • Интересно
    • Патување
    • Забава
    • Кујна
    • Култура и наука
    • Музика и филм
    • Здравје
    • Религија
    • Стил и Љубов
    • Showbiz
    • Автомобилизам
    • Технологија
    • Кариера и развој
  • Алатки
Follow US
Здравје

„Лансет“: Над милијарда луѓе ширум светот имаат прекумерна тежина

Сподели

Лондон, 1 март 2024 година МИА – Повеќе од милијарда луѓе се борат со прекумерната тежина и дебелината, посочуваат новите научни проценки на светско ниво, објавени во медицинското списание „Лансет“.

Податоците од 2022 година вклучуваат околу 880 милиони возрасни и 159 милиони деца. Највисоки стапки на прекумерната тежина има во Тонга и Американска Самоа – за жени и во Американска Самоа и Науру – за мажи, со околу 70 – 80 отсто од возрасните кои живеат со дебелина. Во периодот меѓу 1990. и 2022 година, дебелината во светот кај жените се зголемила од 8,8 отсто на 18,5 отсто, а кај мажите од 4,8 отсто на 14 отсто, покажува истражувањето.

Научниците истакнуваат дека дебелината ја зголемува опасноста од развој на бројни сериозни здравствени состојби, како срцеви заболувања, дијабетес тип 2 и некои видови рак.

- Advertisement -

– Во некои случаи има агресивни маркетинг-кампањи коишто промовираат нездрава храна, додека пак, и цената и достапноста на поздрава храна може да биде проблем, нагласи проф. Маџид Езати.

Генералниот директор на Светската здравствена организација (СЗО), Тедрос Аданом Гебрејесус истакна дека новите испитувања ја нагласуваат важноста на спречување дебелина од раниот живот до зрелоста, преку исхрана, физичка активност и соодветна грижа. Тој додаде дека тоа ќе бара работа на властите и заедниците и оти е неопходна и соработка на приватниот сектор, кој мора да биде одговорен за влијанието на неговите производи врз здравјето на населението.

- Advertisement -
Банер

Од: Слободан Иванов Извор: МИА

▶ Случајно видео

Пробај ја и оваа алатка:
Калкулатор за стареење
Калкулатор кој прикажува колку брзо старееш.
Здравје
Отвори →

Може ќе ви се допадне

Замастен црн дроб: Фактори на опасност и совети

Американец доби модифициран бубрег од свиња, прво вакво пресадување во историјата

Напиток од портокал, ѓумбир и морков за младешка кожа

Конзумирање на какао: Здравствени придобивки и трендови во исхраната

Лесните вежби пред спиење го продолжуваат и подобруваат сонот

Сподели ја оваа објава
Facebook Twitter Copy Link Print
Сподели

ПОПУЛАРНО

Македонија

(ВИДЕО) Скандал во Скопје – Се соблече гола и шеташе по булевар

Бора Чорба и Игор Џамбазов ја пеат „Погледај свој дом анџеле“ (ВИДЕО)
Градоначалникот на Росоман: Кривичната пријава е резултат на политички притисок
Охридско Езеро од албанска страна порибено со два милиони подмладок на пастрмка-коран
Викендот во Делчево на еден татко

Можеби ќе ве интересира

Здравје

Разоткривање на митови за детоксикација: Што навистина треба да знаете?

Здравје

Музика како лек: Како мелодиите можат да ни помогнат?

Здравје

„Баер“ треба да им исплати 100 милиони долари на четири лица поради хемикалии во школо во Сиетл

Здравје

Откријте ја тајната на психолошкото огледало: Зошто прво забележуваме недостатоци?

КОНТАКТ

contact@makedonijadenes.mk Забрането е секое копирање на содржини од веб-сајтот makedonijadenes.mk . Копирањето и репродуцирањето е дозволено само со писмена дозвола од МакедонијаДенес.
  • За нас
  • Маркетинг
  • Политика на приватност и заштита на податоци
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?