Со посета на сајтот се сложувате со нашата Политика на приватност, заштита на податоци и колачиња
Accept
Македонија ДенесМакедонија ДенесМакедонија Денес
Notification Show More
Font ResizerAa
  • Вести
    • Македонија
    • Локално
    • Балкан
    • Свет
    • Бизнис и Економија
    • Хроника
    • Спорт
    • Дијаспора и МНМ
  • Македониум
  • Библиотека
  • Архива
  • Магазин
    • Интересно
    • Патување
    • Забава
    • Кујна
    • Култура и наука
    • Музика и филм
    • Здравје
    • Религија
    • Стил и Љубов
    • Showbiz
    • Автомобилизам
    • Технологија
    • Кариера и развој
  • Алатки
    • Радио станици
    • Филмови
    • Поткасти
    • ТВ Архива
    • Календар со неработни денови
    • Цени на горива
    • Курсна листа
    • Македонска музика
    • Фото на неделата
    • Амбасади и ДКП
    • Платен промет
    • Поважни линкови
    • Поважни телефони
    • Јавни набавки
    • Предлог типови
Reading: Лавров: Русија нема да дозволи да биде измамена со примирје
Share
Font ResizerAa
Македонија ДенесМакедонија Денес
  • Вести
    • Македонија
    • Локално
    • Балкан
    • Свет
    • Бизнис и Економија
    • Хроника
    • Спорт
    • Дијаспора и МНМ
  • Македониум
  • Библиотека
  • Архива
  • Магазин
    • Интересно
    • Патување
    • Забава
    • Кујна
    • Култура и наука
    • Музика и филм
    • Здравје
    • Религија
    • Стил и Љубов
    • Showbiz
    • Автомобилизам
    • Технологија
    • Кариера и развој
  • Алатки
    • Радио станици
    • Филмови
    • Поткасти
    • ТВ Архива
    • Календар со неработни денови
    • Цени на горива
    • Курсна листа
    • Македонска музика
    • Фото на неделата
    • Амбасади и ДКП
    • Платен промет
    • Поважни линкови
    • Поважни телефони
    • Јавни набавки
    • Предлог типови
Follow US
Home » Blog » Лавров: Русија нема да дозволи да биде измамена со примирје
Свет

Лавров: Русија нема да дозволи да биде измамена со примирје

22.05.2025
Share
SHARE

Москва, 21 мај 2025 (МИА) – Шефот на руската дипломатија, Сергеј Лавров, денеска изјави дека не може да има прекин на огнот пред да има преговори за Украина и рече дека Русија нема да биде измамена од предлозите прво да се прогласи прекин на огнот во Украина, а потоа да се премине на решавање на конфликтот.

-Кога ни велат: „Ајде да склучиме примирје, па ќе видиме“ – не, момци. Ние веќе бевме во тие приказни, повеќе не го сакаме тоа. А Макрон, Стармер, фон дер Лајен и другите европски личности кои сега хистерично бараат САД да се приклучат на антируските акции и да го зголемат бројот на санкции – тоа едноставно ги оддава, рече Лавров, обраќајќи се пред наставниците и студентите на Руско-ерменскиот универзитет.

Лавров потсети дека Западот веќе ја измами Русија во 2014 година, кога изврши државен удар во Киев веднаш откако украинските власти и опозицијата постигнаа договор.

Ad image

-Потоа дојдоа Договорите од Минск, кои, како што подоцна признаа европските политичари, беа потребни само за да му се купи време за Киев. Во 2022 година, на преговорите во Истанбул, Русија и Украина ги парафираа принципите на решението, но Западот им забрани на властите во Киев да потпишат договор врз основа на нив“, рече Лавров, пренесен од руските медиуми.

Ad image

Шефот на руската дипломатија нагласи дека Европската Унија се залага за ескалација на украинскиот конфликт со цел да се продолжи со вооружување на режимот во Киев.

-Враќајќи се на тоа што Европската Унија очекуваше од телефонскиот разговор меѓу американскиот претседател Доналд Трамп и рускиот претседател Владимир Путин. Тие рекоа: „Ќе видиме“. По разговорот, Трамп и Путин дадаоа многу позитивна оценка, се согласија дека треба да се работи на подготовка на конкретни чекори за долгорочно, одржливо решение, вклучувајќи и користење на можноста за прекин на огнот, рче Лавров.

Тој истакна дека фокусот на разговорите е на елиминирање на коренските причини за конфликтот.

-Што направи Европската Унија? Објави дека е одобрен 17-тиот пакет санкции (против Русија). Ова значи дека тие сакаа ескалација на кризата. Тие рекоа: Да, слушавме и не видовме никаква поддршка за безусловно примирје, што би ни овозможило нам, Европејците, да ја вооружиме Украина. Тоа е она што им треба, рече Лавров.

Како што оцени, овие трендови укажуваат дека евроатлантската безбедносна структура, особено во рамките на Организацијата за безбедност и соработка во Европа, „станува застарена“.

„Особено затоа што западните учесници во оваа структура очигледно ја злоупотребуваат својата позиција. Особено сега кога се појавија такви специфични разлики во позициите на САД и Европа… Пристапот „прекин на огнот и ќе видиме“ во решавањето на конфликтот со Украина повеќе нема да функционира, без оглед на тоа колку хистерично францускиот претседател Емануел Макрон и британскиот премиер Кир Стармер ги охрабруваат САД да ги зајакнат антируските санкции“, истакна Лавров.

Првите преговори меѓу Москва и Киев во последните три години се одржаа во Истанбул на 16 мај.

Од Сашко Димевски Извор МИА

▶ Случајно видео

You Might Also Like

Зеленски: За да се одбрани од Русија на Украина и треба армија од околу еден милион војници

Трагедија во Манчестер: Напад на синагога остави мртви и повредени

ОН: До 2050 година населението на Западен Балкан ќе се намали за три милиони жители

„Мета“ тврди дека ирански хакери се обиделе да упаднат во сметки на американски функционери

Зеленски: Украина е подготвена за директни мировни преговори со Русија

Share This Article
Facebook Twitter Telegram Email Copy Link Print
Share

ПОПУЛАРНО

Македонија

(ВИДЕО) Скандал во Скопје – Се соблече гола и шеташе по булевар

Градоначалникот на Росоман: Кривичната пријава е резултат на политички притисок
Охридско Езеро од албанска страна порибено со два милиони подмладок на пастрмка-коран
Бора Чорба и Игор Џамбазов ја пеат „Погледај свој дом анџеле“ (ВИДЕО)
Викендот во Делчево на еден татко

КОНТАКТ

contact@makedonijadenes.mkЗабрането е секое копирање на содржини од веб-сајтот makedonijadenes.mk . Копирањето и репродуцирањето е дозволено само со писмена дозвола од МакедонијаДенес.
  • За нас
  • Маркетинг
  • Политика на приватност и заштита на податоци
Македонија ДенесМакедонија Денес
© 2024 Македонија Денес. Сите права се задржани.
- Advertisement -
Ad image
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?