Македонија ДенесМакедонија ДенесМакедонија Денес
Font ResizerAa
  • Вести
    • Македонија
    • Локално
    • Балкан
    • Свет
    • Бизнис и Економија
    • Хроника
    • Спорт
    • Дијаспора и МНМ
  • Македониум
  • Библиотека
  • Архива
  • Магазин
    • Репортажа
    • Интересно
    • Патување
    • Забава
    • Кујна
    • Култура и наука
    • Музика и филм
    • Здравје
    • Религија
    • Стил и Љубов
    • Showbiz
    • Автомобилизам
    • Технологија
    • Кариера и развој
  • Алатки
Font ResizerAa
Македонија ДенесМакедонија Денес
Пребарувај
  • Вести
    • Македонија
    • Локално
    • Балкан
    • Свет
    • Бизнис и Економија
    • Хроника
    • Спорт
    • Дијаспора и МНМ
  • Македониум
  • Библиотека
  • Архива
  • Магазин
    • Репортажа
    • Интересно
    • Патување
    • Забава
    • Кујна
    • Култура и наука
    • Музика и филм
    • Здравје
    • Религија
    • Стил и Љубов
    • Showbiz
    • Автомобилизам
    • Технологија
    • Кариера и развој
  • Алатки
Follow US
Здравје

Лекарите препорачуваат: Не повеќе од 0,5 литри пиво на ден

Сподели

Феникс, 23 мај 2024 (МИА) – Според анализа на неколку научни трудови со фокус на пивото, ниту една количина на алкохол, колку и да е мала, не е сосем безопасна, објави порталот „Феникс“.

Германскиот центар за зависности препорачувајќи ограничување на дневниот внос, нагласува: Не пијте алкохол најмалку два дена во неделата. Поконкретно, препораката за жените гласи: Не повеќе од 12 грама алкохол дневно или околу 60 грама алкохол неделно. За мажи: Не повеќе од 24 грама алкохол дневно или околу 120 грама алкохол неделно – со два дена без алкохол. Тоа значи, да не се пие повеќе од 500 милилитри пиво дневно.

Пиењето пиво може да има и добри здравствени последици. Високата содржина на хмељ, на пр., помага во намалувањето на воспаленија во централниот нервен систем, според истражување од 2019 година.

- Advertisement -

Од не така полезните последици, пак, се наведува оти пивото врши притисок врз бубрезите на неколку начини. Тука спаѓа и опасноста од висок крвен притисок поради редовно консумирање алкохол, а според Националната фондација за бубрег на САД, тоа може да предизвика бубрежни болести.

Натаму, пиењето пиво секој ден дебелее. Мало пиво (0,33 л) во просек значи внос на околу 150 калории. Покрај тоа, според науката, алкохолот го стимулира гладот и апетитот.

- Advertisement -
Банер

Според истражување од 15 јуни 2022 година, пивото, од друга страна влијае благотворно на цревната флора. Истражувањето, објавено во „Журналот“ за земјоделска и прехранбена хемија, е спроведено во четири седмици, на 19 здрави мажи. Испитаниците биле поделени во две групи и секој ден требало да пијат по едно пиво (325 милилитри). Заклучокот вели: Умереното пиење пиво може да ја зголеми разновидноста на цревните бактерии, а тоа значи поздрави црева.

Од Слободан Иванов Извор МИА

▶ Случајно видео

Пробај ја и оваа алатка:
ТВ Архива
Приказ на над 200 архивски видеа од Македонија.
Забава
Отвори →

Може ќе ви се допадне

„Лансет“: Над милијарда луѓе ширум светот имаат прекумерна тежина

Технологијата на првата линија: Како вештачката интелигенција го менува здравствениот сектор

Зошто се будиме уморни? Откријте ги скриените пореметувања на спиењето!

Лесните вежби пред спиење го продолжуваат и подобруваат сонот

Совет од стогодишничка: Избегнувајте алкохол и негативни луѓе

Сподели ја оваа објава
Facebook Twitter Copy Link Print
Сподели

ПОПУЛАРНО

Македонија

(ВИДЕО) Скандал во Скопје – Се соблече гола и шеташе по булевар

Бора Чорба и Игор Џамбазов ја пеат „Погледај свој дом анџеле“ (ВИДЕО)
Градоначалникот на Росоман: Кривичната пријава е резултат на политички притисок
Охридско Езеро од албанска страна порибено со два милиони подмладок на пастрмка-коран
Викендот во Делчево на еден татко

Можеби ќе ве интересира

Здравје

Вежбите ја намалуваат опасноста од деменција до 33 отсто

Здравје

Pfizer: Кина клучна за иднината на фармацевтската индустрија

Здравје

Откриено: Зошто утринското кафе може да ви го промени здравјето засекогаш!

Здравје

Зошто планинарењето е важно за здравјето

КОНТАКТ

contact@makedonijadenes.mk Забрането е секое копирање на содржини од веб-сајтот makedonijadenes.mk . Копирањето и репродуцирањето е дозволено само со писмена дозвола од МакедонијаДенес.
  • За нас
  • Маркетинг
  • Политика на приватност и заштита на податоци
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?