Густата магла значително ја намалува видливоста на неколку планински превои во земјава. На превојот Стража видливоста е сведена на околу 40 метри, додека на Плетвар, Пресека, Ѓавато и Маврово таа изнесува и до 30 метри. Во Крушево, пак, возачите располагаат со видливост до околу 50 метри.
Од Автомото сојузот на Македонија информираат дека сообраќајот на државните патишта се одвива без поголеми пречки, но по претежно влажни коловози. Надвор од градските средини, интензитетот на сообраќајот е умерен, а на граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ апелира до возачите да ја приспособат брзината на движење кон условите на патот, строго да ја почитуваат сообраќајната сигнализација и да управуваат со зголемено внимание, особено на делниците што минуваат низ котлини, речни долини и клисури, каде што постои зголемен ризик од појава на одрони. Како критични се издвојуваат патните правци Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

