Македонија ДенесМакедонија ДенесМакедонија Денес
Font ResizerAa
  • Вести
    • Македонија
    • Локално
    • Балкан
    • Свет
    • Бизнис и Економија
    • Хроника
    • Спорт
    • Дијаспора и МНМ
  • Македониум
  • Библиотека
  • Архива
  • Магазин
    • Репортажа
    • Интересно
    • Патување
    • Забава
    • Кујна
    • Култура и наука
    • Музика и филм
    • Здравје
    • Религија
    • Стил и Љубов
    • Showbiz
    • Автомобилизам
    • Технологија
    • Кариера и развој
  • Алатки
Font ResizerAa
Македонија ДенесМакедонија Денес
Пребарувај
  • Вести
    • Македонија
    • Локално
    • Балкан
    • Свет
    • Бизнис и Економија
    • Хроника
    • Спорт
    • Дијаспора и МНМ
  • Македониум
  • Библиотека
  • Архива
  • Магазин
    • Репортажа
    • Интересно
    • Патување
    • Забава
    • Кујна
    • Култура и наука
    • Музика и филм
    • Здравје
    • Религија
    • Стил и Љубов
    • Showbiz
    • Автомобилизам
    • Технологија
    • Кариера и развој
  • Алатки
Follow US
Свет

Макрон бара од партиите да формираат „републиканска“ коалиција, па ќе одлучува за премиер

11.07.2024 06:50
Сподели

Париз, 10 јули 2024 (МИА) – Францускиот претседател Емануел Макрон денеска изјави дека ќе чека политичките партии во земјата да формираат „републиканско“ мнозинство во Националното собрание и дури потоа ќе донесе одлука за нов премиер, имајќи предвид дека ниту една партија не освои мнозинство на минатонеделните парламентарни избори.

Коментарите на Макрон беа содржани во писмото објавено од неколку француски медиуми, додека лидерите на различни партии се обидуваат да се проектираат себе си како единствено решение за актуелните политички превирања по изборите кои никому не му дадоа соодветна предност.

– Никој не победи … Ниту една политичка сила независно не освои доволно мнозинство гласови, така што сите блокови и коалиции кои ги произведоа овие избори се во малцинство, заклучува Макрон во писмото.

Банер Банер BrandEcho

Тој побара од партиите посветени на „републиканските институции, владеењето на правото, парламентарните норми, европската ориентација и одбраната на француската независност“ да постигнат компромис.

– Во светло на овие принципи ќе одлучам за именување премиер. Дотогаш актуелната влада ќе продолжи да дејствува во согласност со своите надлежности и ќе раководи со решавањето на актуелните прашања, напиша Макрон, кој распиша предвремени избори поради победата на десничарскиот Национален собир и поразот на неговата коалиција на изборите за Европскиот парламент.

Ad image

Националниот собир во првиот круг од парламентарните избори беше на прво место по број на гласови.

Во вториот круг од изборите, со тактичкото повлекување на кандидатите, центристичката алијанса на претседателот и левичарската коалиција Нов народен фронт спречија победа на Националниот собир, и на прво место дојде Новиот народен фронт, центристите завршија на второто место и Националниот собир на трето.

Од Јасмина Тасевска Извор МИА

▶ Случајно видео

Пробај ја и оваа алатка:
Калкулатор: Колку те чини автомобилот годишно?
Калкулатор: Колку те чини автомобилот годишно?
Автомобилизам
Отвори →

Може ќе ви се допадне

Антивладин протест во Кишињев

Полицијата уапси самопрогласени борци против педофилија

Велика Британија воведува хемиска кастрација на сексуални престапници

Глобално истражување: Граѓаните слабо оценуваат политичките партии

Западот ги поткопува традиционалните вредности

Сподели ја оваа објава
Facebook Twitter Copy Link Print
Сподели

ПОПУЛАРНО

Македонија

(ВИДЕО) Скандал во Скопје – Се соблече гола и шеташе по булевар

Невработени? Можеби имате право на паричен надоместок – многумина не знаат!
Бора Чорба и Игор Џамбазов ја пеат „Погледај свој дом анџеле“ (ВИДЕО)
Градоначалникот на Росоман: Кривичната пријава е резултат на политички притисок
Охридско Езеро од албанска страна порибено со два милиони подмладок на пастрмка-коран

Можеби ќе ве интересира

Балкан

Продолжува серијата земјотреси во морскиот дел меѓу грчките острови Санторини и Аморгос (ДПЛ)

Билд: Демохристијаните со 197 мандати во Бундестагот, АфД со 141 , социјадемократите со 114

Бела куќа: САД обезбедија ослободување на 135 политички затвореници во Никарагва

Макрон ги повика сојузниците на Украина да не бидат кукавици

КОНТАКТ

contact@makedonijadenes.mk Забрането е секое копирање на содржини од веб-сајтот makedonijadenes.mk . Копирањето и репродуцирањето е дозволено само со писмена дозвола од МакедонијаДенес.
  • За нас
  • Импресум
  • Маркетинг
  • Политика на приватност и заштита на податоци
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?