Македонија ДенесМакедонија ДенесМакедонија Денес
Font ResizerAa
  • Вести
    • Македонија
    • Локално
    • Балкан
    • Свет
    • Бизнис и Економија
    • Хроника
    • Спорт
    • Дијаспора и МНМ
  • Македониум
  • Библиотека
  • Архива
  • Магазин
    • Репортажа
    • Интересно
    • Патување
    • Забава
    • Кујна
    • Култура и наука
    • Музика и филм
    • Здравје
    • Религија
    • Стил и Љубов
    • Showbiz
    • Автомобилизам
    • Технологија
    • Кариера и развој
  • Алатки
Font ResizerAa
Македонија ДенесМакедонија Денес
Пребарувај
  • Вести
    • Македонија
    • Локално
    • Балкан
    • Свет
    • Бизнис и Економија
    • Хроника
    • Спорт
    • Дијаспора и МНМ
  • Македониум
  • Библиотека
  • Архива
  • Магазин
    • Репортажа
    • Интересно
    • Патување
    • Забава
    • Кујна
    • Култура и наука
    • Музика и филм
    • Здравје
    • Религија
    • Стил и Љубов
    • Showbiz
    • Автомобилизам
    • Технологија
    • Кариера и развој
  • Алатки
Follow US
Бизнис и Економија

МФ: „Стандард и пурс“ очекува забрзување на економијата, стабилизирање на јавниот долг и зајакната фискална консолидација, земјата оценета со кредитен рејтинг ББ-со стабилни изгледи

31.07.2024 13:59
Сподели

Скопје, 31 јули 2024 (МИА) – Македонската економија во 2024 година се очекува да забрза до ниво од 2,5 отсто и да достигне три проценти до 2027 година, јавниот долг да остане умерен и да се стабилизира на 57 проценти од БДП до 2027 година, а буџетскиот дефицит за годинава е ревидиран на 4,9  проценти и се очекува од 2025 година да се зајакнат напорите за фискална консолидација согласно Законот за буџети. Ова го констатира Агенцијата за кредитен рејтинг „Стандар и пурс“ во најновиот извештај со кој земјата го задржа кредитниот рејтинг ББ- со стабилни изгледи.

„Стандард и пурс“ во извештајот наведува дека земјата забележа стапка на раст од 1,3 проценти во 2023 година, продолжувајќи го ваквиот тренд од последните две години, поради слабата надворешна побарувачка и инвестиции. Поконкретно, во извештајот се констатира дека „во првиот квартал од 2024 година, економијата забележа раст од 1,3 проценти на годишно ниво, што е доминантно поттикнат од инвестициите, особено јавните инфраструктурни проекти“, кои според Агенцијата и во наредниот период ќе бидат двигатели на економскиот раст. Ризиците кои може да влијаат на намалување на растот се поврзани со неизвесното економско окружување во ЕУ и потенцијалот за зголемување на цените на суровините поттикнати од глобалните геополитички тензии. Сепак, очекувањата на Aгенцијата се растот да закрепне и да достигне три отсто до 2027 година поттикнат од очекуваното зголемување на надворешната побарувачка и зајакнување на кредитната активност.

Како што соопшти Министерството за финансии, и покрај слабиот економски раст, „Стандард и пурс“ нотира дека постигнато е значително намалување на стапката на невработеност, која е намалена на ниво од 12,9 отсто во првиот квартал од 2024 година и дека таквиот тренд ќе продолжи и во иднина поддржан од приливот на странски директни инвестиции. Ризик на кој се посочува е високото ниво на емиграција, значителниот неформален сектор и недостигот на квалификувана работна сила.

Банер Банер BrandEcho

Исто така, во извештајот се нотира дека послабите изгледи за економскиот раст за оваа година се пресликуваат и во ревидираниот буџет кој се фокусира на пораст на пензиите, платите и сервисирање на долговите, и намалување на другите расходи, а воедно буџетскиот дефицит за 2024 година е ревидиран на ниво од 4,9 проценти. Значајно, според „Стандард и пурс“ е почитување на Законот за буџети и понатамошна фискална консолидација. Во периодот 2024-2027 буџетскиот дефицит во просек е проектиран на 3,5 проценти од БДП. При тоа клучни предизвици на кои се упатува во извештајот се неформалниот сектор и зголемени трошоци за инфраструктурните проекти.

Клучно според „Стандард и пурс“, како што соопшти МФ, е да се продолжи со обезбедување силен економски раст и спроведување на структурните реформи. Примарна агенда на Владата, нотира Агенцијата, се сеопфатни реформи насочени кон ревитализација на институциите, борба со корупцијата и почитување на владеењето на правото. Клучна цел е економскиот раст, поставен на пет отсто, поттикнат од големите инфраструктурни проекти, привлекување нови инвестиции, зајканување на наплатата на даноците и зголемување на приходите, зголемување на пензиите и платите.

Ad image

Кредитниот рејтинг, кој го изготвуваат Агенциите за кредитен рејтинг го покажува степенот на ризик од инвестирање и е еден од клучните индикатори коишто потенцијалните инвеститори ги земаат предвид при носење на нивните одлуки. Кредитниот рејтинг на земјата го оценуваат „Стандард и пурс“ и „Фич“ двапати во годината, додаваат од Министерството за финансии.

Од Неда Димова-Прокиќ Извор МИА

▶ Случајно видео

Пробај ја и оваа алатка:
Квалитет на воздухот
Приказ на индексот за загадување/квалитет на воздухот.
Здравје
Отвори →

Може ќе ви се допадне

Фолксваген најави отпуштања и не исклучува затворање фабрики

Lotus објавува значајно намалување на работни места во Велика Британија

Европа на пат кон независен систем за електронско плаќање

TotalEnergies го прекинува производство на нафта и гас во Катар, Ирак и Обединетите Арапски Емирати

БРИКС: Нови патишта за безбедни плаќања

Сподели ја оваа објава
Facebook Twitter Copy Link Print
Сподели

ПОПУЛАРНО

Македонија

(ВИДЕО) Скандал во Скопје – Се соблече гола и шеташе по булевар

Невработени? Можеби имате право на паричен надоместок – многумина не знаат!
Бора Чорба и Игор Џамбазов ја пеат „Погледај свој дом анџеле“ (ВИДЕО)
Градоначалникот на Росоман: Кривичната пријава е резултат на политички притисок
Охридско Езеро од албанска страна порибено со два милиони подмладок на пастрмка-коран

Можеби ќе ве интересира

Бизнис и Економија

Amazon поставува нови стандарди: 1,4 милијарди евра за Холандија!

Златото: Инвестицијата на иднината за 2026 година

Бизнис и Економија

OpenAI и Amazon: Револуција во облачните услуги вредна 38 милијарди долари

Бизнис и Економија

ММФ: Азиските економии водечки во глобалниот економски раст

КОНТАКТ

contact@makedonijadenes.mk Забрането е секое копирање на содржини од веб-сајтот makedonijadenes.mk . Копирањето и репродуцирањето е дозволено само со писмена дозвола од МакедонијаДенес.
  • За нас
  • Импресум
  • Маркетинг
  • Политика на приватност и заштита на податоци
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?