Македонија ДенесМакедонија ДенесМакедонија Денес
Font ResizerAa
  • Вести
    • Македонија
    • Локално
    • Балкан
    • Свет
    • Бизнис и Економија
    • Хроника
    • Спорт
    • Дијаспора и МНМ
  • Македониум
  • Библиотека
  • Архива
  • Магазин
    • Репортажа
    • Интересно
    • Патување
    • Забава
    • Кујна
    • Култура и наука
    • Музика и филм
    • Здравје
    • Религија
    • Стил и Љубов
    • Showbiz
    • Автомобилизам
    • Технологија
    • Кариера и развој
  • Алатки
Font ResizerAa
Македонија ДенесМакедонија Денес
Пребарувај
  • Вести
    • Македонија
    • Локално
    • Балкан
    • Свет
    • Бизнис и Економија
    • Хроника
    • Спорт
    • Дијаспора и МНМ
  • Македониум
  • Библиотека
  • Архива
  • Магазин
    • Репортажа
    • Интересно
    • Патување
    • Забава
    • Кујна
    • Култура и наука
    • Музика и филм
    • Здравје
    • Религија
    • Стил и Љубов
    • Showbiz
    • Автомобилизам
    • Технологија
    • Кариера и развој
  • Алатки
Follow US
Македонија

МИОА со демант – ДУИ шири лаги и ја дезинформира јавноста

Сподели

Министерството за јавна администрација, односно Државниот управен инспекторат, најостро ги демантира лагите и манипулациите што Демократската унија за интеграција (ДУИ) ги шири во јавноста. Обвинувањата дека Државниот управен инспекторат утврдил злоупотреба на службената положба и одземал надлежности на министерот за животна средина Изет Меџити, се целосно неточни и злобно конструирани со политичка заднина.

ДУИ, како партија која повеќе од две децении ја држеше заробена администрацијата и систематски ја претвораше во алатка за партиски интереси, сега се обидува да манипулира со јавноста преку лаги и дезинформации.

Државниот управен инспекторат нема ингеренции за одземање на надлежности на министри, ниту за водење истраги за корупција – тие се во доменот на правосудните органи, кои токму ДУИ ги блокираше со години за да се заштити од одговорност.

- Advertisement -

Она што навистина се случи е редовен инспекциски надзор во Управата за животна средина, спроведен согласно Годишниот план за работа за 2024 година. Овој надзор се однесува исклучиво на почитувањето на законските процедури и нема никаква поврзаност со обвинувањата што ДУИ ги пласира.

Очигледно е дека ДУИ, соочена со губење на влијанието и привилегиите што си ги создаде врз грбот на граѓаните, сега посегнува по очајни методи на политички спинови.

Наместо да одговорат за сопствените злоупотреби и партизација на институциите, се обидуваат да ја префрлат вината врз оние што вистински работат на градење транспарентна и професионална администрација.

Министерството за јавна администрација, преку Државниот управен инспекторат, нема да дозволи политички структури да го злоупотребуваат системот за свои дневнополитички цели.

Јавноста има право да знае дека оваа Влада се води од принципите на законитост и отчетност – нешто што ДУИ никогаш не можеше да го постигне додека беше на власт.

Извор: Министерство за Јавна Администрација 

▶ Случајно видео

Пробај ја и оваа алатка:
Квалитет на воздухот
Приказ на индексот за загадување/квалитет на воздухот.
Здравје
Отвори →

Може ќе ви се допадне

Сончево со мала до умерена облачност

Послаб туристички период во Охрид и Струга: Турците доминираат, Полјаците и Холанѓаните намалени

Речиси 2 милиони евра за оператор на повикувачки центар во МВР

Градоначалникот на Кочани поднесе неотповиклива оставка

Филипче: ВМРО-ДПМНЕ создава лажни скандали за да ја замагли вистината

Сподели ја оваа објава
Facebook Twitter Copy Link Print
Сподели

ПОПУЛАРНО

Македонија

(ВИДЕО) Скандал во Скопје – Се соблече гола и шеташе по булевар

Бора Чорба и Игор Џамбазов ја пеат „Погледај свој дом анџеле“ (ВИДЕО)
Градоначалникот на Росоман: Кривичната пријава е резултат на политички притисок
Охридско Езеро од албанска страна порибено со два милиони подмладок на пастрмка-коран
Викендот во Делчево на еден татко

Можеби ќе ве интересира

Локално

Инвестиции во основното образование во Битола

Хроника

Приведено лице од Македонска Каменица затоа што управувало возило под дејство на алкохол и без возачка дозвола

Хроника

Трагична смрт на унгарски државјанин во Скопје

Македонија

Левица поднесе кривична пријава против Сашо Дранго

КОНТАКТ

contact@makedonijadenes.mk Забрането е секое копирање на содржини од веб-сајтот makedonijadenes.mk . Копирањето и репродуцирањето е дозволено само со писмена дозвола од МакедонијаДенес.
  • За нас
  • Маркетинг
  • Политика на приватност и заштита на податоци
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?