Македонија ДенесМакедонија ДенесМакедонија Денес
Font ResizerAa
  • Вести
    • Македонија
    • Локално
    • Балкан
    • Свет
    • Бизнис и Економија
    • Хроника
    • Спорт
    • Дијаспора и МНМ
  • Македониум
  • Библиотека
  • Архива
  • Магазин
    • Репортажа
    • Интересно
    • Патување
    • Забава
    • Кујна
    • Култура и наука
    • Музика и филм
    • Здравје
    • Религија
    • Стил и Љубов
    • Showbiz
    • Автомобилизам
    • Технологија
    • Кариера и развој
  • Алатки
Font ResizerAa
Македонија ДенесМакедонија Денес
Пребарувај
  • Вести
    • Македонија
    • Локално
    • Балкан
    • Свет
    • Бизнис и Економија
    • Хроника
    • Спорт
    • Дијаспора и МНМ
  • Македониум
  • Библиотека
  • Архива
  • Магазин
    • Репортажа
    • Интересно
    • Патување
    • Забава
    • Кујна
    • Култура и наука
    • Музика и филм
    • Здравје
    • Религија
    • Стил и Љубов
    • Showbiz
    • Автомобилизам
    • Технологија
    • Кариера и развој
  • Алатки
Follow US
Бизнис и Економија

ММФ: Доброто водење на монетарната политика придонесе кон намалување на инфлацијата

28.01.2024 07:27
Сподели

Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) даде високи оценки за монетарната политика, финансискиот и надворешниот сектор, девизниот курс, како и за квалитетот на податоците, коишто се во рамки на надлежностите на Народната банка, а кои се предуслов за квалификување за Кредитната линија за претпазливост и ликвидност (ПЛЛ). 

Во извештајот на Мисијата на ММФ врз основа на член 4 од Договорот за членство во Фондот, како и првиот преглед во рамки на аранжманот за ПЛЛ, се наведува дека промените на монетарната политика, преку зголемување на основната камата и други мерки, заедно со намалувањето на цените на светско ниво, придонесоа кон намалување на инфлацијата. Инфлациските очекувања се зацврстени, а девизниот пазар е стабилен. И покрај кризите, стабилноста на банкарскиот сектор продолжи да се зголемува, додека растот на депозитите и кредитите постепено се враќа на предкризните нивоа.

Во Извештајот на Мисијата се наведува дека инфлацијата постепено се намалува и дека се очекува таа да продолжи во истата насока, стремејќи се да се врати на ниските стапки од претходно. Сепак, ризиците и натаму се присутни. Во овој контекст, централната банка треба да биде подготвена, доколку се остварат ризиците, да реагира преку затегнување на монетарна политика, наведуваат од ММФ.

Банер

Мисијата оценува дека банкарскиот сектор е соодветно капитализиран, со понатамошен раст на адекватноста на капиталот и историски најниско ниво на нефункционалните кредити од 2,9%. Се наведува дека поради глобалното монетарно затегнување, Народната банка засилено ги следи ризиците, забележувајќи напредок во однос на спроведените стрес-тестови. Како резултат на монетарното затегнување, растот на депозитите и кредитите се нормализира на преткризното ниво, со раст на депозитите од 8,9% и на кредитите за 5,8% на годишна основа во септември. Како резултат на макропрудентната политика и мерките преземени од страна на Народната банка, се забележува стабилизирање на пазарот на недвижности. Мисијата посочува дека макропрудентната рамка во текот на минатата година е зајакната со усвојување на Стратегијата за спроведување на макропрудентната политика, како и усвојувањето на Законот за решавање на банки.

ММФ го потенцираше и значењето на независноста на централната банка за успешно остварување на нејзините законски цели.

Ad image

Првиот преглед врз основа на инструментот ПЛЛ е завршен успешно, при што е оценето дека е зачувана стабилноста на јавните финансии, намалени се енергетските субвенции, како и дека е стабилизирана инфлацијата. Соодветно, ММФ, во рамки на инструментот, на земјата ѝ доделува 161,35 милиони специјални права на влечење или околу 200 милиони евра. Инаку, ММФ го доделува инструментот ПЛЛ на земји со стабилни економски основи.

▶ Случајно видео

Пробај ја и оваа алатка:
Спортски типови
Предлог викенд типови.
Спорт
Отвори →

Може ќе ви се допадне

Пекинг влегува, Вашингтон излегува: Бразил станува трета светска дестинација за кинески капитал

„Македонија 2025“ ќе презентира платформа за забрзан економски раст

„Роснефт“ го презема најголемото наоѓалиште на ретки минерали во Русија

Домашното производство покри речиси 80% од потрошувачката на струја во декември, значителен раст кај гасот

Криптовалутата на Трамп достигна пазарна вредност од 10 милијарди долари

Сподели ја оваа објава
Facebook Twitter Copy Link Print
Сподели

ПОПУЛАРНО

Македонија

(ВИДЕО) Скандал во Скопје – Се соблече гола и шеташе по булевар

Невработени? Можеби имате право на паричен надоместок – многумина не знаат!
Бора Чорба и Игор Џамбазов ја пеат „Погледај свој дом анџеле“ (ВИДЕО)
Градоначалникот на Росоман: Кривичната пријава е резултат на политички притисок
Охридско Езеро од албанска страна порибено со два милиони подмладок на пастрмка-коран

Можеби ќе ве интересира

Бизнис и Економија

Кина забележува рекорден раст на извозот во ноември: Како се менува глобалната трговија?

Бизнис и Економија

Инфлацијата во Аргентина опадна на 117 отсто по една година власт на новиот претседател

Бизнис и Економија

Континуиран раст на угостителските услуги: годишно зголемување од 4,1%

Бизнис и Економија

Европа се подготвува да се ослободи од американските технолошки гиганти

КОНТАКТ

contact@makedonijadenes.mk Забрането е секое копирање на содржини од веб-сајтот makedonijadenes.mk . Копирањето и репродуцирањето е дозволено само со писмена дозвола од МакедонијаДенес.
  • За нас
  • Импресум
  • Маркетинг
  • Политика на приватност и заштита на податоци
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?