Македонија ДенесМакедонија ДенесМакедонија Денес
Font ResizerAa
  • Вести
    • Македонија
    • Локално
    • Балкан
    • Свет
    • Бизнис и Економија
    • Хроника
    • Спорт
    • Дијаспора и МНМ
  • Македониум
  • Библиотека
  • Архива
  • Магазин
    • Репортажа
    • Интересно
    • Патување
    • Забава
    • Кујна
    • Култура и наука
    • Музика и филм
    • Здравје
    • Религија
    • Стил и Љубов
    • Showbiz
    • Автомобилизам
    • Технологија
    • Кариера и развој
  • Алатки
Font ResizerAa
Македонија ДенесМакедонија Денес
Пребарувај
  • Вести
    • Македонија
    • Локално
    • Балкан
    • Свет
    • Бизнис и Економија
    • Хроника
    • Спорт
    • Дијаспора и МНМ
  • Македониум
  • Библиотека
  • Архива
  • Магазин
    • Репортажа
    • Интересно
    • Патување
    • Забава
    • Кујна
    • Култура и наука
    • Музика и филм
    • Здравје
    • Религија
    • Стил и Љубов
    • Showbiz
    • Автомобилизам
    • Технологија
    • Кариера и развој
  • Алатки
Follow US
Култура и наука

МОН објави конкурси за стипендии за постдипломски и докторски студии во државата

Сподели

Скопје, 21 септември 2024 (МИА) – Министерството за образование и наука (МОН) ги објави конкурсите за стипендии за студии од втор и трет циклус на високообразовните установи во државата за академската 2024-2025 година.

Месечниот износ на стипендијата за постдипломски студии е 9.000 денари за девет месеци во годината. За докторски студии ќе се исплаќаат 18.000 денари месечно, во текот на целата година. Рокот за аплицирање е 1 ноември годинава.

Вкупно 50 стипендии за постдипломски и 20 стипендии за докторски студии ќе бидат доделени на македонски граѓани кои ќе се запишат на некоја од домашните високообразовни установи на програми од повеќе научни подрачја. Тоа се хуманистичките и општествените науки, а од природно-математичките науки – биологија, физика, гео-физика, геологија и минералогија, хемија, биохемија, математика и информатика. Од инженерство и технолошки науки – електротехника, електро-машинство, електроника и автоматика, енергетика, геодезија, градежништво и водостопанство, хемиско инженерство, хемиска технологија, компјутерска техника и информатика, машинство, материјали, металургија, применета геологија и геофизика, рударство, сообраќај и транспорт, технологија на прехранбени производи, текстилна технологија и телекомуникациско инженерство, инженерство за заштита на животна средина, инженерство за заштита на работна средина и индустриско инженерство и менаџмент.

- Advertisement -

Од оваа година за стипендиите за постдипломски студии ќе може да аплицираат и студенти кои имаат завршено прв циклус на студии во траење од три години, односно 180 ЕКТС.

– Новото раководство на Министерството за образование и наука го прифати барањето на студентските организации за отстранување на ова ограничување од изминатите години, се вели во соопштението.

МОН ги повика заинтересираните кандидати да аплицираат доколку ги исполнуваат условите. Потребните документи може да се достават на адреса или во писарницата на Министерството за образование и наука, ул. „Св. Кирил и Методиј“ бр. 54, 1000 Скопје (со назнака стипендии за академски студии од втор циклус во земјата) или електронски на: https://e-uslugi.mon.gov.mk.

Од Магдалена Ристоманов/МИА

▶ Случајно видео

Пробај ја и оваа алатка:
Квалитет на воздухот
Приказ на индексот за загадување/квалитет на воздухот.
Здравје
Отвори →

Може ќе ви се допадне

Благодарница за Симон Трпчески и проектот „Македонисимо“ по повод Денот на ослободувањето на Делчево, 7 Септември

„Приказната за Силјан“ триумфира во Лос Анџелес – две награди на IDA Awards

Дванаесет стихозбирки во поширокиот избор за наградата „Антево Перо“ за 2024

Фестивалот Македокс: Презентација на инспиративни документарни филмови

„Антолог“ со нови наслови од книжевна класика по повод 25 години постоење

Сподели ја оваа објава
Facebook Twitter Copy Link Print
Сподели

ПОПУЛАРНО

Македонија

(ВИДЕО) Скандал во Скопје – Се соблече гола и шеташе по булевар

Бора Чорба и Игор Џамбазов ја пеат „Погледај свој дом анџеле“ (ВИДЕО)
Градоначалникот на Росоман: Кривичната пријава е резултат на политички притисок
Охридско Езеро од албанска страна порибено со два милиони подмладок на пастрмка-коран
Викендот во Делчево на еден татко

Можеби ќе ве интересира

Култура и наука

Четврта Малореканска научна конференција

Култура и наука

Нобелови награди 2025: Избрани победници во физика, хемија, медицина и литература

Култура и наука

Зошто младите избегнуваат музеи – и дали културата стана досадна само затоа што е лошо претставена?

Култура и наука

Револуција во медицината: Вештачката интелигенција откри нови антибиотски соединенија

КОНТАКТ

contact@makedonijadenes.mk Забрането е секое копирање на содржини од веб-сајтот makedonijadenes.mk . Копирањето и репродуцирањето е дозволено само со писмена дозвола од МакедонијаДенес.
  • За нас
  • Маркетинг
  • Политика на приватност и заштита на податоци
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?