Македонија ДенесМакедонија ДенесМакедонија Денес
Font ResizerAa
  • Вести
    • Македонија
    • Локално
    • Балкан
    • Свет
    • Бизнис и Економија
    • Хроника
    • Спорт
    • Дијаспора и МНМ
  • Македониум
  • Библиотека
  • Архива
  • Магазин
    • Репортажа
    • Интересно
    • Патување
    • Забава
    • Кујна
    • Култура и наука
    • Музика и филм
    • Здравје
    • Религија
    • Стил и Љубов
    • Showbiz
    • Автомобилизам
    • Технологија
    • Кариера и развој
  • Алатки
Font ResizerAa
Македонија ДенесМакедонија Денес
Пребарувај
  • Вести
    • Македонија
    • Локално
    • Балкан
    • Свет
    • Бизнис и Економија
    • Хроника
    • Спорт
    • Дијаспора и МНМ
  • Македониум
  • Библиотека
  • Архива
  • Магазин
    • Репортажа
    • Интересно
    • Патување
    • Забава
    • Кујна
    • Култура и наука
    • Музика и филм
    • Здравје
    • Религија
    • Стил и Љубов
    • Showbiz
    • Автомобилизам
    • Технологија
    • Кариера и развој
  • Алатки
Follow US
Македониум

На денешен ден 1941 година починал Јосиф Михајловиќ Јурукоски – човекот кој го посвети животот на Скопје

11.03.2024 04:17
Сподели

На денешен ден 1941 година во Скопје починал Јосиф Михајловиќ – Јурукоски, еден од позначајните тресончани кои живееле во периодот меѓу двете светски војни и оставил голем белег на Скопје, како градоначалник на овој град.

Роден на 28 мај 1887 година во Тресонче, од татко Михајло (Мијалче) и мајка Христина. во семејство на ѕидари и зографи. Својата наобразба ја започнал во Бигорскиот Манастир. Поради работата на татко си во реонот на Скопска Црна Гора, целата фамилија на Јосиф, кога тој имал само шест години, се преселила во скопското село Кучевиште. Таму Јосиф помагајќи му на татка си во работата го одушевил српскиот крал со неговата трудолљубивост (кој во тоа време бил во посета на Скопје), па кралот наредил да се запише неговото име и презиме, и подоцна Јосиф добива стипендија по што неговиот живот целосно се променува. Таму Јосиф завршил основно образование, нижа гимназија завршил во Скопје, а виша во Солун, каде како српски питомец матурирал во 1906 година. Тоа е времето кога територијата Македонија сè уште била под власт на Отоманското Царство.

Зографската и градителска историја на неговото семејство го натерало студирањето да го продолжи на Техничкиот факултет во Белград на отсекот архитектура. Го завршил за рекордно време, за само 4 години. По дипломирањето во 1910 година професорите го испратиле на постдипломски студии по архитектура во Италија, каде специјализирал на романската класична уметност на ренесансата.

Банер Банер BrandEcho

Прва работна задача по враќањето од таа земја во 1911 година му било вклучувањето во тимот што ја проектирал зградата на Академијата на науките и уметностите на Србија и на градската палата на градот Белград.

На 29 јануари 1929 година бил назначен за градоначалник на Скопје односно за претседател на општинското Поглаварство. На оваа позиција останал се до 1936 година.

Ad image

Извршувајќи ја својата функција, покрај другото, го направил и водоводот Рашче – Скопје, ја изградил термоцентралата под Кале, а ја започнал и изградбата на хидроцентралата Матка. Во својот речиси 10 годишен мандат го изградил и насипот на Вардар кај градски парк, го регулирал течението на Серава, а изградил бројни згради како што се зградата на Народното Собрание, Општинската зграда, Градска Болница, Хигиенскиот завод, Заводот за социјалното осигурување, Старата железничка станица, Народната Банка, Трговско-индустриската комора ( Метропол), Лекарската Комора, Домот на сојузот на инженерите и архитектите, Офицерскиот дом, Конзервната фабрика „Вардар”, бетонските мостови на Вардар и многу други.

Поопширно за Јосиф Михајловиќ – Јурукоски, особено неговите дела можете да прочитате ТУКА.

▶ Случајно видео

Пробај ја и оваа алатка:
Платен промет
Шифри за платен промет и ознаки на општини.
Финансии
Отвори →

Може ќе ви се допадне

Девет години без Вања Лазарова

„Матица македонска“ ја објави книгата „Македонија не е Грција“ од Ердоѓан Ознал

Загина на 17 години за Македонија – 99 години од раѓањето на Ацо Караманов

Живи ги палеа децата и жените – 81 годинa од масакрот во Беличица

На денешен ден 1913 година потпишан бил Букурешкиот договор – најголемата неправда кон Македонија

Сподели ја оваа објава
Facebook Twitter Copy Link Print
Сподели

ПОПУЛАРНО

Македонија

(ВИДЕО) Скандал во Скопје – Се соблече гола и шеташе по булевар

Невработени? Можеби имате право на паричен надоместок – многумина не знаат!
Бора Чорба и Игор Џамбазов ја пеат „Погледај свој дом анџеле“ (ВИДЕО)
Градоначалникот на Росоман: Кривичната пријава е резултат на политички притисок
Охридско Езеро од албанска страна порибено со два милиони подмладок на пастрмка-коран

Можеби ќе ве интересира

Македониум

32 година без Блаже Конески

Македониум

На денешен ден роден бил Арсениј Јовков – македонски револуционер, киносценарист и публицист

Македониум

31 година без Блаже Конески

Македониум

106 години од раѓањето на Славко Јаневски – темелникот на современата македонска книжевност

КОНТАКТ

contact@makedonijadenes.mk Забрането е секое копирање на содржини од веб-сајтот makedonijadenes.mk . Копирањето и репродуцирањето е дозволено само со писмена дозвола од МакедонијаДенес.
  • За нас
  • Импресум
  • Маркетинг
  • Политика на приватност и заштита на податоци
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?