Македонија ДенесМакедонија ДенесМакедонија Денес
Font ResizerAa
  • Вести
    • Македонија
    • Локално
    • Балкан
    • Свет
    • Бизнис и Економија
    • Хроника
    • Спорт
    • Дијаспора и МНМ
  • Македониум
  • Библиотека
  • Архива
  • Магазин
    • Репортажа
    • Интересно
    • Патување
    • Забава
    • Кујна
    • Култура и наука
    • Музика и филм
    • Здравје
    • Религија
    • Стил и Љубов
    • Showbiz
    • Автомобилизам
    • Технологија
    • Кариера и развој
  • Алатки
Font ResizerAa
Македонија ДенесМакедонија Денес
Пребарувај
  • Вести
    • Македонија
    • Локално
    • Балкан
    • Свет
    • Бизнис и Економија
    • Хроника
    • Спорт
    • Дијаспора и МНМ
  • Македониум
  • Библиотека
  • Архива
  • Магазин
    • Репортажа
    • Интересно
    • Патување
    • Забава
    • Кујна
    • Култура и наука
    • Музика и филм
    • Здравје
    • Религија
    • Стил и Љубов
    • Showbiz
    • Автомобилизам
    • Технологија
    • Кариера и развој
  • Алатки
Follow US
Балкан

Над 300 вработени ја напуштија ХРТ

Сподели

Загреб, 2 април 2025 (МИА) – До 31 март, Хрватската радио-телевизија (ХРТ) ја напуштија 333 вработени кои потпишаа меѓусебен раскин на договорите за вработување врз основа на Одлуката за условите и висината на отпремнината, која во јануари ја донесе генералниот директор Роберт Швеб, а се применуваше до последниот ден од март.

Програмската деловна единица ја напуштиле најголемиот број вработени во ХРТ – 123, потоа технолошката, каде 122 вработени го прифатиле понудениот спогодбен раскин на договорите за вработување со финансиска компензација.
Со одлуката за условите и висината на отпремнината, што на почетокот на јануари ја донесе генералниот директор Роберт Швеб, се утврдени условите и висината на отпремнината за работниците во ХРТ, во случај на „раскинување на договорите за вработување во периодот до 31 март 2025 година, со цел оптимизирање на работењето на ХРТ“.

Како што се нагласува во тој документ, максималниот износ на отпремнина не можел да биде поголем од 90.000 евра бруто II по работник, а работниците кои ги исполнуваат условите за стекнување право на отпремнина ги определил работодавачот.

- Advertisement -

Критериумите за ова беа дека работникот нема потреба да биде заменет со ангажирање на друг работник надвор од ХРТ, минимален стаж во ХРТ од пет години и да нема помалку од 24 месеци до навршени 65 години од животот.

Во образложението на одлуката се наведува и дека „со цел рационализација на оперативните трошоци на ХРТ, Владата на Република Хрватска на ХРТ и обезбедила финансиски средства во износ од 28 милиони евра во државниот буџет, а ХРТ одлучила да обезбеди отпремнини за работниците кои ги исполнуваат условите“.

- Advertisement -
Банер

На три дена пред истекот на рокот за склучување меѓусебен раскин на договорот за вработување со понудените отпремнини во зградата на ХРТ во Присавље, синдикатите на ХРТ и ограноците на ХНД одржаа состанок на работниците на кои им порачаа дека се против спроведувањето на планот за консолидација и дека се подготвени да го бранат јавниот сервис.

-Денес сме тука да се збогуваме со повеќе од 300 луѓе кои заминаа, не затоа што немаат каде да одат или подобра работа, туку затоа што не можат повеќе да ја издржат оваа неизвесност, ова мачење, недостатокот на визија за тоа што треба да биде јавен медиумски сервис, рече Маја Север, новинарка на ХРТ и претседател на Европската федерација на новинари (ЕФНХ) и на Хрватскиот синдикат на новинари (EFNH).

Таа се осврна и на Планот за консолидирање на работата и работењето на ХРТ, кој минатиот месец го усвои хрватската Влада и кој меѓу другото предвидува отпуштање од 700 до 800 вработени. Во времето на усвојувањето на планот за консолидација, ХРТ вработуваше околу 2.700 работници, а со прифаќањето на отпремнините, досега хрватскиот јавен медиумски сервис го напуштија 333 работници или околу 12 отсто од вкупната работна сила.

-Иако предупредувавме дека планот за консолидација не оди во вистинската насока, собраниската Комисија за медиуми му даде малку повеќе сила на Роберт Швеб да продолжи со консолидација според моделот на автопат. Со почит кон сите што работат на автопатишта, ние не сме автопати, ние сме креативни луѓе и знаеме да направиме програма што ја сака публиката, нагласи Север.

Таа, исто така, ги повика работниците да останат заедно и да продолжат да работат конструктивно на барањата што ќе ги постават до раководството на ХРТ, хрватската влада и Парламентот. „Остануваме затоа што веруваме во јавниот медиумски сервис. Не нè кочи ниту платата, ниту обезбедувањето, ниту сме никаквеци, како што често се етикетираат луѓето од ХРТ. Овде има луѓе кои знаат за што служи јавниот медиумски сервис, за разлика од нашето раководство и администрација“, заклучи Север.

Од Марија Спасовска Извор МИА

▶ Случајно видео

Пробај ја и оваа алатка:
Радио станици
Слушајте радио станици од Македонија и Светот.
Забава
Отвори →

Може ќе ви се допадне

Косовското Специјално обвинителство сè уште собира докази за нападот врз каналот Ибар-Лепенец

Млад падобранец загина за време на тренинг

Турција ќе и подари на Албанија „значителен” број дронови камикази

Шест војници загинаа во судир на два турски воени хеликоптери

Михаел Мартенс: Германија не е виновна за распадот на Југославија

Сподели ја оваа објава
Facebook Twitter Copy Link Print
Сподели

ПОПУЛАРНО

Македонија

(ВИДЕО) Скандал во Скопје – Се соблече гола и шеташе по булевар

Бора Чорба и Игор Џамбазов ја пеат „Погледај свој дом анџеле“ (ВИДЕО)
Градоначалникот на Росоман: Кривичната пријава е резултат на политички притисок
Охридско Езеро од албанска страна порибено со два милиони подмладок на пастрмка-коран
Викендот во Делчево на еден татко

Можеби ќе ве интересира

Балкан

Скандал во Улцињ: Наставник уапсен за сексуално вознемирување на деветгодишна ученичка

Балкан

Ердоган: Не смее да му се дозволи на Израел да го прекрши примирјето во Газа

„Нема бензин, ако не носиш кацига“ – кампања на Министерството за здравство на Грција

Балкан

(ВИДЕО) Хрватскиот вицепремиер кој пукаше од возило поднесе оставка

КОНТАКТ

contact@makedonijadenes.mk Забрането е секое копирање на содржини од веб-сајтот makedonijadenes.mk . Копирањето и репродуцирањето е дозволено само со писмена дозвола од МакедонијаДенес.
  • За нас
  • Маркетинг
  • Политика на приватност и заштита на податоци
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?