Македонија ДенесМакедонија ДенесМакедонија Денес
Font ResizerAa
  • Вести
    • Македонија
    • Локално
    • Балкан
    • Свет
    • Бизнис и Економија
    • Хроника
    • Спорт
    • Дијаспора и МНМ
  • Македониум
  • Библиотека
  • Архива
  • Магазин
    • Репортажа
    • Интересно
    • Патување
    • Забава
    • Кујна
    • Култура и наука
    • Музика и филм
    • Здравје
    • Религија
    • Стил и Љубов
    • Showbiz
    • Автомобилизам
    • Технологија
    • Кариера и развој
  • Алатки
Font ResizerAa
Македонија ДенесМакедонија Денес
Пребарувај
  • Вести
    • Македонија
    • Локално
    • Балкан
    • Свет
    • Бизнис и Економија
    • Хроника
    • Спорт
    • Дијаспора и МНМ
  • Македониум
  • Библиотека
  • Архива
  • Магазин
    • Репортажа
    • Интересно
    • Патување
    • Забава
    • Кујна
    • Култура и наука
    • Музика и филм
    • Здравје
    • Религија
    • Стил и Љубов
    • Showbiz
    • Автомобилизам
    • Технологија
    • Кариера и развој
  • Алатки
Follow US
Свет

Најсериозното предупредување на Зеленски досега: Ќе бидеме принудени да се повлечеме

Сподели

Киев, 30 март 2024 (МИА) – Украинските сили ќе мора да ѝ отстапат поголема територија на Русија доколку американската воена помош не пристигне наскоро, предупреди украинскиот претседател Володимир Зеленски во својот најнов и најсериозен апел до Конгресот на САД да усвои пакет воена помош од повеќе милијарди долари.

Администрацијата на претседателот Џо Бајден се обидува да протурка во Претставничкиот дом пакет за меѓународна помош од 95 милијарди долари, кој вклучува 60 милијарди долари за Украина. Во Претставничкиот дом републиканците го блокираат овој пакет-помош повеќе од еден месец откако беше усвоен во Сенатот.

Зеленски предупреди дека недостигот на помош е драматичен и може да ги загрози големите украински градови.

- Advertisement -

Ако нема американска поддршка, тоа значи дека немаме противвоздушна одбрана, ракети Патриот, уреди за попречување на електронското војување, артилериски гранати од 155 милиметри – изјави тој за Вашингтон пост за време на интервјуто објавено викендов. „Тоа значи дека ќе се вратиме, ќе се повлекуваме, чекор по чекор, со мали чекори“, додаде Зеленски.

Тој оцени дека Киев ќе биде принуден да направи помалку во војната и да ги зачува ресурсите, што може да има сериозни последици.

– Ако ви требаат 8.000 куршуми дневно за да ја одбраните линијата на фронтот, а имате само, на пример, 2.000 гранати, немате друг избор освен да работите помалку – објасни тој, велејќи дека решението може да биде скратување на линијата на фронтот.

– Ако пукне, Русите би можеле да ги нападнат големите градови, предупреди Зеленски. Голем дел од источна Украина беше под руска воена контрола откако Москва ја започна својата инвазија пред повеќе од две години.

Минатиот месец Киев објави дека се повлекува од Авдијивка, еден од најголемите градови на источниот фронт, кој со месеци беше под руска опсада и е целосно уништен.

Од Сања Костовска Извор: МИА

 

▶ Случајно видео

Пробај ја и оваа алатка:
Конвертор латиница <-> кирилица
Алатка за конвертирање на текст од латиница во кирилица и обратно
Образование
Отвори →

Може ќе ви се допадне

Египет и Катар со нов мировен предлог за Појасот Газа

Повеќе од 35.000 објекти се загрозени од пожарот источно од Лос Анџелес

Кина вели дека го поддржува Иран во разговорите со САД, се противи на „незаконските“ санкции

Најмалку 13 цивили загинаа во израелски воздушен напад врз училиште во Газа

Вучиќ: Бројките од митинзите против блокадата не им се допаѓаат на опонентите

Сподели ја оваа објава
Facebook Twitter Copy Link Print
Сподели

ПОПУЛАРНО

Македонија

(ВИДЕО) Скандал во Скопје – Се соблече гола и шеташе по булевар

Бора Чорба и Игор Џамбазов ја пеат „Погледај свој дом анџеле“ (ВИДЕО)
Градоначалникот на Росоман: Кривичната пријава е резултат на политички притисок
Охридско Езеро од албанска страна порибено со два милиони подмладок на пастрмка-коран
Викендот во Делчево на еден татко

Можеби ќе ве интересира

Балкан

Вучиќ: Полицијата била подготвена за учество во обоената револуција

Свет

Путин предупредува: Светот станува се поопасен

Балкан

УНЕСКО препорачува долината на реката Вјоса во Албанија да се прогласи за биосферен резерват

Свет

Ердоган: Турција е подготвена за средба на Зеленски и Путин кога ќе бидат подготвени

КОНТАКТ

contact@makedonijadenes.mk Забрането е секое копирање на содржини од веб-сајтот makedonijadenes.mk . Копирањето и репродуцирањето е дозволено само со писмена дозвола од МакедонијаДенес.
  • За нас
  • Маркетинг
  • Политика на приватност и заштита на податоци
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?