Македонија ДенесМакедонија ДенесМакедонија Денес
Font ResizerAa
  • Вести
    • Македонија
    • Локално
    • Балкан
    • Свет
    • Бизнис и Економија
    • Хроника
    • Спорт
    • Дијаспора и МНМ
  • Македониум
  • Библиотека
  • Архива
  • Магазин
    • Репортажа
    • Интересно
    • Патување
    • Забава
    • Кујна
    • Култура и наука
    • Музика и филм
    • Здравје
    • Религија
    • Стил и Љубов
    • Showbiz
    • Автомобилизам
    • Технологија
    • Кариера и развој
  • Алатки
Font ResizerAa
Македонија ДенесМакедонија Денес
Пребарувај
  • Вести
    • Македонија
    • Локално
    • Балкан
    • Свет
    • Бизнис и Економија
    • Хроника
    • Спорт
    • Дијаспора и МНМ
  • Македониум
  • Библиотека
  • Архива
  • Магазин
    • Репортажа
    • Интересно
    • Патување
    • Забава
    • Кујна
    • Култура и наука
    • Музика и филм
    • Здравје
    • Религија
    • Стил и Љубов
    • Showbiz
    • Автомобилизам
    • Технологија
    • Кариера и развој
  • Алатки
Follow US
Балкан

Наместо мигранти кои ќе чекаат азил, во Албанија пристигнаа мигранти на кои им е одбиен азил во Италија

29.05.2025 17:01
Сподели

Тирана, 28 мај 2025 (МИА) -Во Албанија пристигна уште една група мигранти на кои претходно им бил одбиен азил во Италија.

Бродот на италијанската морнарица „Спика“ во вторникот наутро тргна од пристаништето Бриндизи и доцна попладнево вплови во пристаништето Шнѓин, превезувајќи 27 мигранти на него.

По пристигнувањето во Албанија, мигрантите биле префрлени во прифатниот камп Ѓадр, каде во оваа структура, согласно утврдените правила и протоколи, биле репатрирани.

Банер Банер BrandEcho

Ова е трет контингент што пристигнува на албанска територија, како дел од новата уредба на италијанската влада, кои ќе останат во Ѓадр до депортација во земјите на потекло, со максимален период не подолг од 18 месеци.

Првично, кампот Ѓадр беше замислен како прифатен центар за баратели на азил спасени на море, за период до 28 дена, но со новата уредба на италијанската влада предводена од премиерката Џорџа Мелони, функцијата на овој центар е проширена.

Ad image

Сега, исто така, ќе служи како центар за имигранти чии барања за азил се одбиени од италијанските власти и кои чекаат депортација.

Во меѓувреме, одлуката на Европскиот суд на правдата во врска со жалбата поднесена од Судот во Рим се очекува во наредните денови.

Судот во Рим ја доведе во прашање легитимноста на апсењата на мигрантите спасени во Медитеранот, а потоа префрлени во Албанија, особено за случаите кои доаѓаат од земји кои Италија ги смета за безбедни, како што се Египет и Бангладеш.

Од Вера Тодоровска, Тирана Извор МИА

▶ Случајно видео

Пробај ја и оваа алатка:
Јавни набавки
Приказ на реализирани и планирани јавни набавки.
Финансии
Отвори →

Може ќе ви се допадне

Курти: Вучиќ во координација со Русија подготвува нови закани кон Косово, но не нè плаши

Трагедија во Ниш: Дрво падна врз жена, загина на лице место

Студентите во блокади во Србија одат во нова акција

Вучиќ во Ниш: Аеродромот ќе има карго сообраќај и субвенции за „лоу кост“ летови, фабриката Аристон ќе има извоз од 240 милиони евра

Просечната плата во БиХ не покрива ни половина од потрошувачката кошница

Сподели ја оваа објава
Facebook Twitter Copy Link Print
Сподели

ПОПУЛАРНО

Македонија

(ВИДЕО) Скандал во Скопје – Се соблече гола и шеташе по булевар

Невработени? Можеби имате право на паричен надоместок – многумина не знаат!
Бора Чорба и Игор Џамбазов ја пеат „Погледај свој дом анџеле“ (ВИДЕО)
Градоначалникот на Росоман: Кривичната пријава е резултат на политички притисок
Охридско Езеро од албанска страна порибено со два милиони подмладок на пастрмка-коран

Можеби ќе ве интересира

Рама: Австријци во Корча ќе го градат првиот ски-центар во Албанија

Во 2023 година над 44.000 албански граѓани добиле државјанство на земји-членки на ЕУ

Балкан

Босна и Херцеговина подготвува правен спор против Хрватска поради радиоактивен отпад

Балкан

Српскиот Парламент денеска или утре на седница треба да ја констатира оставката на премиерот Вучевиќ

КОНТАКТ

contact@makedonijadenes.mk Забрането е секое копирање на содржини од веб-сајтот makedonijadenes.mk . Копирањето и репродуцирањето е дозволено само со писмена дозвола од МакедонијаДенес.
  • За нас
  • Импресум
  • Маркетинг
  • Политика на приватност и заштита на податоци
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?