Македонија ДенесМакедонија ДенесМакедонија Денес
Font ResizerAa
  • Вести
    • Македонија
    • Локално
    • Балкан
    • Свет
    • Бизнис и Економија
    • Хроника
    • Спорт
    • Дијаспора и МНМ
  • Македониум
  • Библиотека
  • Архива
  • Магазин
    • Репортажа
    • Интересно
    • Патување
    • Забава
    • Кујна
    • Култура и наука
    • Музика и филм
    • Здравје
    • Религија
    • Стил и Љубов
    • Showbiz
    • Автомобилизам
    • Технологија
    • Кариера и развој
  • Алатки
Font ResizerAa
Македонија ДенесМакедонија Денес
Пребарувај
  • Вести
    • Македонија
    • Локално
    • Балкан
    • Свет
    • Бизнис и Економија
    • Хроника
    • Спорт
    • Дијаспора и МНМ
  • Македониум
  • Библиотека
  • Архива
  • Магазин
    • Репортажа
    • Интересно
    • Патување
    • Забава
    • Кујна
    • Култура и наука
    • Музика и филм
    • Здравје
    • Религија
    • Стил и Љубов
    • Showbiz
    • Автомобилизам
    • Технологија
    • Кариера и развој
  • Алатки
Follow US
Свет

НАТО е против предлогот на Трамп за зголемување на трошоците за одбрана на пет проценти, но ќе има зголемување од сегашните два процента

12.01.2025 00:37
Сподели

Брисел, 10 јануари 2025 (МИА) – НАТО нема да го поддржи предлогот на новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп за зголемување на трошоците за одбрана на пет отсто од БДП, но најверојатно ќе се согласи на повисоки распределби од сегашната маргина од два отсто од БДП.

Трамп во вторникот рече дека земјите-членки на Организацијата на Северноатлантскиот договор треба да потрошат пет отсто од својот БДП за одбрана, што е многу повисоко од сегашната цел од два отсто и износ што досега не бил обезбеден од ниту една земја членка, вклучително и САД.

Изјавата на Трамп, дадена на прес-конференција каде што тој предизвика бура со личните забелешки за Гренланд, Канада и Панама, потсети на неговиот фокус на трошоците за одбрана на НАТО за време на неговиот прв мандат и неговите закани дека нема веќе да ги заштити сојузниците кои нема да ја исполнат зададената цел.

Банер Банер BrandEcho

Официјални претставници на земјите-членки на НАТО рекоа дека се согласуваат дека трошоците за одбрана треба да се зголемат, но не ја поддржуваат целта од пет проценти од БДП, што според аналитичарите би било политички и економски неостварливо за повеќето членки и би значело стотици милијарди американски долари во дополнителни трошоци.

Но, новата цел најверојатно ќе биде договорена на самитот на НАТО во Хаг во јуни, поради стравувањата дека Русија би можела да нападне членка на НАТО по Украина и притисокот на Трамп, изјавија официјални лица.

Ad image

Клучните отворени прашања се колку голема ќе биде таа нова цел и дали ќе биде доволна за Трамп.

Некои очекуваат 32-те земји-членки на НАТО да се договорат за цел од околу три проценти од БДП. За многумина дури и тоа би било премногу затоа што се уште или едвај ја исполниле целта од два проценти, десет години по нејзиното поставување.

-Се чини дека ќе има промена, изјави италијанскиот министер за одбрана Гидо Крозето за Ројтерс.

„Мислам дека нема да бидат пет проценти, што сега би било невозможно за речиси секоја нација во светот, но… нема да бидат ни два проценти, што и сега тешко ги исполнуваме, но ќе да биде повеќе од два“. рече министерот Крозето.

Италија троши околу 1,5 отсто од БДП за одбрана и е меѓу осумте земји-членки на НАТО кои не ја исполнуваат целта од два отсто.

Полска, која граничи со Украина, троши најмногу за одбрана од сите членки на НАТО. Минатата година за одбрана потрошила 4,12 отсто од БДП, според проценките на НАТО. Следат Естонија со 3,43 отсто и САД со 3,38 отсто.

Според проценките на НАТО, земјите-членки издвоиле 1,474 билиони американски долари за одбрана во 2024 година – САД околу 968 милијарди, а европските земји и Канада 507 милијарди долари. Вкупниот просек е околу 2,71 отсто од БДП на НАТО.

Некои официјални лица и аналитичари веруваат дека предлогот на Трамп од пет проценти е намерно висок за почеток на преговорите и очекуваат дека тој може да се согласи на нешто поблиску до три проценти.

За време на кампањата минатата година, Трамп предложи цел од три проценти, додавајќи дека тоа ќе значи зголемување на буџетот за одбрана од околу 30 проценти за повеќето земји-членки.

Од Сашко Димевски Извор МИА

▶ Случајно видео

Пробај ја и оваа алатка:
Јавни набавки
Приказ на реализирани и планирани јавни набавки.
Финансии
Отвори →

Може ќе ви се допадне

Перуанската претседателката Дина Болуарте под нова истрага за наводна тајна операција на носот

Кенеди ја прекина кампањата за претседателските избори во САД и го поддржа Трамп

Словенија ѝ предложи на Хрватска нова нуклеарна централа

Турција го блокира пристапот до дигиталната платформа Roblox

Обединетите Нации на помош: План за енергетска кризна ситуација во Куба

Сподели ја оваа објава
Facebook Twitter Copy Link Print
Сподели

ПОПУЛАРНО

Македонија

(ВИДЕО) Скандал во Скопје – Се соблече гола и шеташе по булевар

Невработени? Можеби имате право на паричен надоместок – многумина не знаат!
Бора Чорба и Игор Џамбазов ја пеат „Погледај свој дом анџеле“ (ВИДЕО)
Градоначалникот на Росоман: Кривичната пријава е резултат на политички притисок
Охридско Езеро од албанска страна порибено со два милиони подмладок на пастрмка-коран

Можеби ќе ве интересира

Свет

Виетнам: Поплавите однеле над 90 животи за само една недела

Зеленски се сретна со директорот на ЦИА во Украина

Свет

УНИЦЕФ: Повеќе од 13.000 деца се убиени во Газа од почетокот на војната

Шпанија го казни Букинг со 413 милиони евра поради злоупотреба на својата пазарна позиција

КОНТАКТ

contact@makedonijadenes.mk Забрането е секое копирање на содржини од веб-сајтот makedonijadenes.mk . Копирањето и репродуцирањето е дозволено само со писмена дозвола од МакедонијаДенес.
  • За нас
  • Импресум
  • Маркетинг
  • Политика на приватност и заштита на податоци
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?