Македонија ДенесМакедонија ДенесМакедонија Денес
Font ResizerAa
  • Вести
    • Македонија
    • Локално
    • Балкан
    • Свет
    • Бизнис и Економија
    • Хроника
    • Спорт
    • Дијаспора и МНМ
  • Македониум
  • Библиотека
  • Архива
  • Магазин
    • Репортажа
    • Интересно
    • Патување
    • Забава
    • Кујна
    • Култура и наука
    • Музика и филм
    • Здравје
    • Религија
    • Стил и Љубов
    • Showbiz
    • Автомобилизам
    • Технологија
    • Кариера и развој
  • Алатки
Font ResizerAa
Македонија ДенесМакедонија Денес
Пребарувај
  • Вести
    • Македонија
    • Локално
    • Балкан
    • Свет
    • Бизнис и Економија
    • Хроника
    • Спорт
    • Дијаспора и МНМ
  • Македониум
  • Библиотека
  • Архива
  • Магазин
    • Репортажа
    • Интересно
    • Патување
    • Забава
    • Кујна
    • Култура и наука
    • Музика и филм
    • Здравје
    • Религија
    • Стил и Љубов
    • Showbiz
    • Автомобилизам
    • Технологија
    • Кариера и развој
  • Алатки
Follow US
Свет

Нема да бидеме Американци, туку Гренланѓани, но отворени сме за соработка, вели премиерот на најголемиот остров во светот

Сподели

Копенхаген, 11 јануари 2025 (МИА) – Премиерот на Гренланд, Мут Б. Егед, огромната данска арктичка територија богата со руда, изјави дека нејзините жители не сакаат да бидат Американци, но дека го разбира интересот на новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп за островот со оглед на неговата стратешка локација и дека е отворен за подлабока соработка со Вашингтон.

Гренланд е дански автономен регион и се наоѓа североисточно од САД и северозападно од Европа и Данска, земјата на Европската унија на која и припаѓа островот. Неодамна Трамп изјави дека не исклучува економски притисок, па дури и воена сила Гренланд да стане дел од САД, бидејќи тоа наводно е „прашање на националната безбедност“.

Премиерот Егед рече дека Гренланд е секако дел од северноамериканскиот континент и „место што Американците го гледаат како дел од нивниот свет“. Тој исто така рече дека не разговарал со Трамп, но дека е отворен за дискусии на тема за „тоа што не обединува“.

- Advertisement -

-Кај кооперацијата станува збор за дијалог. Кооперацијата значи дека се работи во насока на изнаоѓање решение, рече Егед.

Лидерот на Гренланд се залага за независност на Гренланд и ја гледа Данска како колонијална сила која не се однесува секогаш добро со своето локално население, Инуитите.

-Гренланд му припаѓа на народот на Гренланд. Ние нема да бидеме ниту Данци, ниту Американци. Сакаме да бидеме Гренланѓани, рече Егед на заедничката прес-конференција со данската премиерка Мете Фредериксен во Копенхаген.

Желбата на Трамп за Гренланд предизвика запрепастување во Данска и низ Европа.

На Гренланд живеат само 57.000 луѓе, но тој е најголемиот остров во светот, покриен со снег и мраз, богат со нафта, гас и ретки минерали. Тоа е стратешка локација на Арктикот каде Русија, Кина и други земји сакаат да го прошират своето влијание бидејќи климатските промени доведуваат до топење на мразот.

Од Сашко Димевски Извор МИА

▶ Случајно видео

Пробај ја и оваа алатка:
Калкулатор за регистрација
Калкулатор за регистрација на возило
Автомобилизам
Отвори →

Може ќе ви се допадне

Трамп: Индија и Русија се оддалечуваат поради Кина

Во болница згрижени 16 лица по пожарот на панорамското тркало во Лајпциг

Еквадорскиот претседател побара распоредување странски воени бази за борба со наркомафијата

ОН: Болниците во Гома се преполни со повредени, а на улиците има безживотни тела

Зеленски: Украина трпи големи загуби поради бавната испорака на оружје

Сподели ја оваа објава
Facebook Twitter Copy Link Print
Сподели

ПОПУЛАРНО

Македонија

(ВИДЕО) Скандал во Скопје – Се соблече гола и шеташе по булевар

Бора Чорба и Игор Џамбазов ја пеат „Погледај свој дом анџеле“ (ВИДЕО)
Градоначалникот на Росоман: Кривичната пријава е резултат на политички притисок
Охридско Езеро од албанска страна порибено со два милиони подмладок на пастрмка-коран
Викендот во Делчево на еден татко

Можеби ќе ве интересира

Свет

Полска ги доби најмодерните американски тенкови Абрамс

Железничката станица во Стразбур евакуирана поради пожар во воз кој превезувал европратеници за Брисел

Свет

Куба предупредува: Воената стратегија на САД може да доведе до конфликт во Латинска Америка

Свет

Франција издаде нов налог за апсење на Башар Асад поради извршени воени злосторства

КОНТАКТ

contact@makedonijadenes.mk Забрането е секое копирање на содржини од веб-сајтот makedonijadenes.mk . Копирањето и репродуцирањето е дозволено само со писмена дозвола од МакедонијаДенес.
  • За нас
  • Маркетинг
  • Политика на приватност и заштита на податоци
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?