Македонија ДенесМакедонија ДенесМакедонија Денес
Font ResizerAa
  • Вести
    • Македонија
    • Локално
    • Балкан
    • Свет
    • Бизнис и Економија
    • Хроника
    • Спорт
    • Дијаспора и МНМ
  • Македониум
  • Библиотека
  • Архива
  • Магазин
    • Репортажа
    • Интересно
    • Патување
    • Забава
    • Кујна
    • Култура и наука
    • Музика и филм
    • Здравје
    • Религија
    • Стил и Љубов
    • Showbiz
    • Автомобилизам
    • Технологија
    • Кариера и развој
  • Алатки
Font ResizerAa
Македонија ДенесМакедонија Денес
Пребарувај
  • Вести
    • Македонија
    • Локално
    • Балкан
    • Свет
    • Бизнис и Економија
    • Хроника
    • Спорт
    • Дијаспора и МНМ
  • Македониум
  • Библиотека
  • Архива
  • Магазин
    • Репортажа
    • Интересно
    • Патување
    • Забава
    • Кујна
    • Култура и наука
    • Музика и филм
    • Здравје
    • Религија
    • Стил и Љубов
    • Showbiz
    • Автомобилизам
    • Технологија
    • Кариера и развој
  • Алатки
Follow US
Балкан

Нова серија земјотреси во морскиот дел меѓу островите Санторини и Аморгос

Фото: МакедонијаДенес
Сподели

Атина, 11 февруари 2025 (МИА) – По синоќешниот земјотрес од 5,3 степени регистриран кусо по 22 часот во близина на Санторини, што воедно беше и најсилниот во морскиот дел меѓу островите Санторини и Аморгос во изминатите најмалку десет дена, во текот на ноќта и рано утрово следеше нова серија земјотреси меѓу 4 и 5 степени, јави дописничката на МИА од Атина.

Доколку се анализираат официјалните податоци од Геодинамичкиот институт на Националната опсерваторија во Атина, до 9.30 часот утрово беа регистрирани 13 земјотреси над 4 степени, од кои еден беше 5 степени, додека пак рано утрово во период од нешто помалку од два часа имаше 22 земјотреси над 3 степени, а најсилните беа 4,6, 4,8 и 4.9 степени.

За синоќешниот земјотрес од 5,3 степени, што беше и најсилниот досега, претседателот на Организацијата за антисеизмичко планирање и заштита на Грција (ОАСП) Ефтимиос Лекас за грчката телевизија ЕРТ рече дека „не можеме со сигурност да кажеме дека тоа е главниот земјотрес“, додека сеизмологот Герасимос Пападопулос на социјалните мрежи коментираше дека силниот земјотрес ја избриша „малата трошка оптимизам“.

- Advertisement -

Според податоците од Интердисциплинарен комитет за управување со опасности и кризи при Атинскиот Универзитет од почетокот на серијата земјотреси во морскиот дел меѓу Санторини и Аморгос, односно од 26 јануари заклучно со 8 февруари, биле регистрирани над 12.800 земјотреси.

За попладнево е закажан нов состанок на Комисијата за процена на сеизмичката опасност и на Комисијата за следење на вулкански активности при Министерството за климатски кризи и цивилна заштита на Грција за да се оцени ситуацијата.

Членовите на комисиите во текот на викендот одлучија училиштата на островите Санторини, Иос, Аморгос и Анафи, поради земјотресите да бидат затворени и оваа седмица.

Од Сања Ристовска, Грција/МИА

▶ Случајно видео

Пробај ја и оваа алатка:
Калкулатор за ризик од прегорување
Колку си под ризик од прегорување (burnout)?
Здравје
Отвори →

Може ќе ви се допадне

Турција ќе и подари на Албанија „значителен” број дронови камикази

Парламентарни избори во Косово

Земјотрес со јачина од 3,7 степени ја потресе Србија

Пицула: Падот на српската Влада е резултат на внатрешен притисок, а не од странство

Телефонски разговор Вучиќ – Путин: Србија нема да воведува санкции за Русија

Сподели ја оваа објава
Facebook Twitter Copy Link Print
Сподели

ПОПУЛАРНО

Македонија

(ВИДЕО) Скандал во Скопје – Се соблече гола и шеташе по булевар

Бора Чорба и Игор Џамбазов ја пеат „Погледај свој дом анџеле“ (ВИДЕО)
Градоначалникот на Росоман: Кривичната пријава е резултат на политички притисок
Охридско Езеро од албанска страна порибено со два милиони подмладок на пастрмка-коран
Викендот во Делчево на еден татко

Можеби ќе ве интересира

Српското МВР ги дискриминира тетовираните полицајци

Адвокатите во Србија почнуваат еднонеделен штрајк како поддршка на барањата на студентите

Балкан

Хрватска добива 1,1 милијарда евра од ЕУ: Што значи оваа поддршка?

Балкан

Се укинуваат контролите на внатрешните воздушни и поморски граници на Бугарија и Романија со Шенген зоната

КОНТАКТ

contact@makedonijadenes.mk Забрането е секое копирање на содржини од веб-сајтот makedonijadenes.mk . Копирањето и репродуцирањето е дозволено само со писмена дозвола од МакедонијаДенес.
  • За нас
  • Маркетинг
  • Политика на приватност и заштита на податоци
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?