Македонија ДенесМакедонија ДенесМакедонија Денес
Font ResizerAa
  • Вести
    • Македонија
    • Локално
    • Балкан
    • Свет
    • Бизнис и Економија
    • Хроника
    • Спорт
    • Дијаспора и МНМ
  • Македониум
  • Библиотека
  • Архива
  • Магазин
    • Репортажа
    • Интересно
    • Патување
    • Забава
    • Кујна
    • Култура и наука
    • Музика и филм
    • Здравје
    • Религија
    • Стил и Љубов
    • Showbiz
    • Автомобилизам
    • Технологија
    • Кариера и развој
  • Алатки
Font ResizerAa
Македонија ДенесМакедонија Денес
Пребарувај
  • Вести
    • Македонија
    • Локално
    • Балкан
    • Свет
    • Бизнис и Економија
    • Хроника
    • Спорт
    • Дијаспора и МНМ
  • Македониум
  • Библиотека
  • Архива
  • Магазин
    • Репортажа
    • Интересно
    • Патување
    • Забава
    • Кујна
    • Култура и наука
    • Музика и филм
    • Здравје
    • Религија
    • Стил и Љубов
    • Showbiz
    • Автомобилизам
    • Технологија
    • Кариера и развој
  • Алатки
Follow US
Интересно

Новогодишниот Базар во City Mall најразнолик досега – и бетонот може да биде уметност ако биде инспириран од Сукулента

Сподели

Skopje City Mall и оваа година организира новогодишен Базар на рачно изработени уникатни творби, кој премина во традиција. Овогодинешниот Базар на кој учество ќе земат вкупно 68 индивидуалци – ракотворци, е најголем досега, а учесниците се поделени во групи, односно во три етапи на земање учество.

Contents
Природен бетон – претворен во уметност!▶ Случајно видео

Во првата група, од 15 – 20 декември, учество земаат 22 претставници. Тие веќе од неделата ги имаат изложено своите производи на штандовите на првиот кат во молот, со што веќе започна новогодишната магија.

Меѓу разните мали подароци со новогодишни мотиви, рачно изработени марами, уметнички слики и многу други производи, блеска штандот на двете штипјанки, кои годинава за првпат учествуваат на овој Базар, со своите уникатни производи изработени од бетон претставени со брендот Beton Pots.

- Advertisement -

Природен бетон – претворен во уметност!

Дека дури и од бетонот може да се направи уметност, односно декоративни украси, вазни, свеќници, саксии, свеќи и многу други мали нешта кои го разубавуваат секој дом, покажуваат токму Наташа Стефановска и Даница Филипова од Штип.

Овие две млади жени започнале да ги прават овие прекрасни и уникатни бетонски уметнички творби пред неколку години во мал простор во Штип, кој подоцна премина во нивно Ателје, кадешто постојано имаат изложено различни производи.

„Инспирација за оваа работа добив од цвеќето „Сукулента“, идејата ми беше дека треба да бидат засадени во мали саксии, односно да изгледаат минималистички и сама почнав да правам саксии од бетон, со тоа што тогаш немавме ни калапи. Подоцна со Даница истражувавме и почнавме да набавуваме материјали и надвор од Македонија. На почетокот правевме само саксии за цвеќиња, а со текот на времето почнавме да правиме и разни декоративни украси, вазни, свеќници и слично“ вели Стефановска и додава:

„Сукулентата не’ донесе до се’ ова што го правиме денес, бидејќи тоа е природно цвеќе, ние не користиме обичен цемент, туку природен, кој не е штетен за околината, така што сукулентата си најде и природно место за живеење“.

За овој Базар, овие две креативки се подготвувале месец и половина. Годинава учествуваат првпат, а минатата година своите уметнички творби ги изложија во штипскиот City Mall.

Освен на вакви настани, своите производи ги изложуваат online, односно преку нивните официјални профили на Facebook и Instagram, од кадешто заинтересираните можат да си нарачат некое убаво деталче кое ќе им го разубави домот, или пак да подарат на некоја драга личност.

„Во иднина би сакале да имаме свое Уметничко студио (Craft studio), кадешто би се одржувале работилници и би се ширеле со нови креативци и ентузијасти. А би било уште поубаво кога на некој начин ова студио би било споено со некое кафуле, кадешто би се дружеле младите и би ги споделувале своите креативни идеи“, потенцира Филиповска.

Традиционалниот новогодишен Базар, ќе трае до крајот на месецот.

Повеќе фотографии од Beton Pots можете да погледнете во продолжение:

▶ Случајно видео

Пробај ја и оваа алатка:
Подкасти
Директориум на македонски подкасти.
Забава
Отвори →

Може ќе ви се допадне

Кој е најписмениот народ во светот?

Што мислат луѓето за тебе – кога не си тука?

Горчливото Езеро во Кукушко е три пати посолено од Мртвото Море

Лион се бори со топлотниот бран и со бесплатни кинобилети за социјално загрозените лица

Совети за уредување на вашиот двор: Како да создадете оаза на мир и убавина

Сподели ја оваа објава
Facebook Twitter Copy Link Print
Сподели

ПОПУЛАРНО

Македонија

(ВИДЕО) Скандал во Скопје – Се соблече гола и шеташе по булевар

Бора Чорба и Игор Џамбазов ја пеат „Погледај свој дом анџеле“ (ВИДЕО)
Градоначалникот на Росоман: Кривичната пријава е резултат на политички притисок
Охридско Езеро од албанска страна порибено со два милиони подмладок на пастрмка-коран
Викендот во Делчево на еден татко

Можеби ќе ве интересира

Интересно

Зимата и затворениот прстор значат поголема опасност од мувла

Интересно

Дали навистина треба да се враќаме во Македонија? Еве што ни открија тие што го направиле тоа

Интересно

Руските служби за безбедност открија вирус кој напаѓа бензински пумпи и краде гориво од муштериите

Интересно

Треба ли да се изненадиме што ја гледаме Македонија на оваа листа?

КОНТАКТ

contact@makedonijadenes.mk Забрането е секое копирање на содржини од веб-сајтот makedonijadenes.mk . Копирањето и репродуцирањето е дозволено само со писмена дозвола од МакедонијаДенес.
  • За нас
  • Маркетинг
  • Политика на приватност и заштита на податоци
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?