Македонија ДенесМакедонија ДенесМакедонија Денес
Font ResizerAa
  • Вести
    • Македонија
    • Локално
    • Балкан
    • Свет
    • Бизнис и Економија
    • Хроника
    • Спорт
    • Дијаспора и МНМ
  • Македониум
  • Библиотека
  • Архива
  • Магазин
    • Репортажа
    • Интересно
    • Патување
    • Забава
    • Кујна
    • Култура и наука
    • Музика и филм
    • Здравје
    • Религија
    • Стил и Љубов
    • Showbiz
    • Автомобилизам
    • Технологија
    • Кариера и развој
  • Алатки
Font ResizerAa
Македонија ДенесМакедонија Денес
Пребарувај
  • Вести
    • Македонија
    • Локално
    • Балкан
    • Свет
    • Бизнис и Економија
    • Хроника
    • Спорт
    • Дијаспора и МНМ
  • Македониум
  • Библиотека
  • Архива
  • Магазин
    • Репортажа
    • Интересно
    • Патување
    • Забава
    • Кујна
    • Култура и наука
    • Музика и филм
    • Здравје
    • Религија
    • Стил и Љубов
    • Showbiz
    • Автомобилизам
    • Технологија
    • Кариера и развој
  • Алатки
Follow US
Македонија

Обвинение за пет лица во предметот „Грчец“, за останатите постапката ќе продолжи по нивно обезбедување

ФОТО: jorm.gov.mk
Сподели

Скопје, 16 јули 2024 (МИА) – По спроведена сеопфатна истражна постапка што се водеше од почетокот на оваа година во предметот „Грчец“, предметниот обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција денеска до Основниот кривичен суд Скопје поднесе Обвинителен акт против пет лица.

Како што наведува Обвинителството, според описот наведен во првиот дел од диспозитивот на Обвинителниот акт тројца од обвинетите како припадници на организираната меѓународна криминална група извршиле кривично дело Неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурзори од чл.215 ст.3 од Кривичен законик. Тие како припадници на организирана меѓународна криминална група, заедно со други лица од кои дел се осомничени во предметот и се недостапни на органите на прогонот, дел се починати, а дел веќе осудени, заеднички делувале, секој во својата улога на неовластена набавка, пренесување, држење, продажба и посредување во купопродажба. Во повеќе наврати во текот на 2020 година овие тројца обвинети биле инволвирани во неовластено купување на 15,005 килограми наркотична дрога – кокаин, нејзино пренесување и пуштање во промет во државава.

Меѓународната криминална група чии припадници се обвинетите, делувала во временскиот период од 14.06.2019 до 09.03.2021 година при што во повеќе наврати спровела неовластено купување на наркотична дрога – кокаин од земјите од Јужна Америка, организирајќи го и нејзиното пренесување преку воден пат до Европските земји. Неовластеното пренесување на наркотичната дрога – кокаин наменета за неовластена продажба во Р.СМакедонија од Кралството Белгија и од Р.Албанија преку Косово го договарал и организирал еден од осомничените во предметот – недостапен на органите на прогонот кој е организатор на групата во РСМакедонија.

- Advertisement -

На останатите двајца обвинети им се става на товар дека сториле кривични дела Злосторничко здружување од чл.394 ст.3 и Убиство од чл.123 ст.2 т.5 од Кривичен законик. Имено, во временскиот период од декември 2019 до март 2021 година, осомничениот организатор на погореспоменатата криминална група кој е во бегство, заедно со уште едно лице недостапно на органите на прогонот и двајца починати создале криминална група која имала за цел вршење на кривично дело Убиство од одмазда и по порачка. Припадници на групата покрај двајца починати станале и двајца осомничени во предметот – недостапни на органите на прогонот, како и двајцата обвинети. Организаторите на криминалната група подготвувале планови и носеле одлуки за тоа кој, кога, каде и на кој начин да биде лишен од живот. Одлуките ги спроведувале лично или преку припадниците на организираната криминална група, кои ги прифаќале и спроведувале, а договорите, налозите и упатствата биле пренесувани во непосредни контакти или преку енкриптирани телефони на кои била инсталирана апликацијата “SKY“. Така, организаторите врз основа на претходни сознанија во кои биле цврсто убедени, дека едно лице наводно е учесник и предводник во престрелката во Хотел „Александар Палас“ во Скопје, каде со употреба на огнено оружје било пукано кон дел од членовите на групата, започнале да прават план за лишување од живот на лицето. Откако донеле одлука да го убијат ги ангажирале двајцата обвинети и уште едно сега починато лице, давајќи им налог да го следат неговото движење. По неколку неуспешни обиди на 5.3.2020 година, обвинетите и сега починатиот употребувајќи светлосни сигнални уреди – флешери го запреле возилото во кое се наоѓало лицето кое им било цел со уште три други лица и со употреба на автоматско оружје и пиштол го лишиле од живот , притоа убивајќи уште едно лице кое седело зад него.

Со Обвинителниот акт предметниот обвинител достави и посебен предлог на обвинетите да им се продолжи мерката притвор заради постоење на можност обвинетите да се дадат во бегство или да го повторат делото.

Наредбата за спроведување на истражна постапка беше донесена во јануари против 15 лица. За четири лица кои се недостапни на органите на прогонот, обвинителството преку Министерството за правда ги има преземено сите неопходни активности согласно Законот за меѓународна помош во кривична материја. Така, за две лица се доставени документи за екстрадиција до Обединетите арапски емирати, за едно лице до Р. Хрватска и за едно лице до шпанските власти. Постапките за екстрадиција се водат согласно процесните закони на државите во кои се наоѓаат осомничените лица и за нив истражната постапка ќе продолжи по нивното обезбедување, како и за останатите осомничени.

Од Мирјана Чакарова/МИА

▶ Случајно видео

Пробај ја и оваа алатка:
Спортски типови
Предлог викенд типови.
Спорт
Отвори →

Може ќе ви се допадне

17 деца жртви на полови напади од новиот партнер на родителот

Најстудено и најмногу дожд на Попова Шапка

Скандал во Чегране: Командир и четири полицајци под истрага за попречување на правдата

Групна тепачка во Скопје: Две лица со тешки повреди

Цените паѓаат, инвестициите поскапуваат: што се случува во земјоделството?

Сподели ја оваа објава
Facebook Twitter Copy Link Print
Сподели

ПОПУЛАРНО

Македонија

(ВИДЕО) Скандал во Скопје – Се соблече гола и шеташе по булевар

Бора Чорба и Игор Џамбазов ја пеат „Погледај свој дом анџеле“ (ВИДЕО)
Градоначалникот на Росоман: Кривичната пријава е резултат на политички притисок
Охридско Езеро од албанска страна порибено со два милиони подмладок на пастрмка-коран
Викендот во Делчево на еден татко

Можеби ќе ве интересира

Хроника

Колку бразилки работат во гостиварско? СВР Гостивар повторно приведе државјанки од Бразил, Колумбија и Венецуела

Македонија

АВМУ со соопштение – медиумите да се придружуваат до највисоките професионални и етички стандарди

Хроника

Нападнал полицаец за време на незаконит риболов

Локално

Прекинато водоснабдување на повеќе локации во Скопје

КОНТАКТ

contact@makedonijadenes.mk Забрането е секое копирање на содржини од веб-сајтот makedonijadenes.mk . Копирањето и репродуцирањето е дозволено само со писмена дозвола од МакедонијаДенес.
  • За нас
  • Маркетинг
  • Политика на приватност и заштита на податоци
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?