Македонија ДенесМакедонија ДенесМакедонија Денес
Font ResizerAa
  • Вести
    • Македонија
    • Локално
    • Балкан
    • Свет
    • Бизнис и Економија
    • Хроника
    • Спорт
    • Дијаспора и МНМ
  • Македониум
  • Библиотека
  • Архива
  • Магазин
    • Репортажа
    • Интересно
    • Патување
    • Забава
    • Кујна
    • Култура и наука
    • Музика и филм
    • Здравје
    • Религија
    • Стил и Љубов
    • Showbiz
    • Автомобилизам
    • Технологија
    • Кариера и развој
  • Алатки
Font ResizerAa
Македонија ДенесМакедонија Денес
Пребарувај
  • Вести
    • Македонија
    • Локално
    • Балкан
    • Свет
    • Бизнис и Економија
    • Хроника
    • Спорт
    • Дијаспора и МНМ
  • Македониум
  • Библиотека
  • Архива
  • Магазин
    • Репортажа
    • Интересно
    • Патување
    • Забава
    • Кујна
    • Култура и наука
    • Музика и филм
    • Здравје
    • Религија
    • Стил и Љубов
    • Showbiz
    • Автомобилизам
    • Технологија
    • Кариера и развој
  • Алатки
Follow US
Локално

Одржана 4 Седница на Советот на Општина Делчево

31.01.2026 00:10
Сподели

Советот на Општина Делчево денеска ја одржа 4 Седница на Советот која, воедно, беше  прва седница одржана со поддршка на новата дигитална платформа opstinskisovet.mk. Седницата се одвиваше без технички проблеми, со доста ефикасен начин на работа и електронски начин на гласање по точките од Дневниот ред што придонесува кон поедноставување на целиот процес на работа на Советот.

 На 4-та Седница се расправаше и се донесоа одлуки по 31 точка од предложениот Дневен ред. На Седницата со мнозинство гласови беа донесени решенија за именување членови во Надзорен одбор за контрола на материјално-финансиското работење на ЈКП „Брегалница“-Делчево и за именување членови во Управен одбор на ЈКП „Брегалница“. Исто така, се донесе и Решение за  именување членови на Управниот одбор на Општинска јавна установа за деца – Детска градинка ВЕСЕЛИ ЦВЕТОВИ Делчево;

На Седницата се донесе Одлука за давање на трајно користење на недвижни ствари-службени простории на национална установа центар за култура (НУЦК) „Никола Јонков Вапцаров“-Делчево, како и Одлука за давање на трајно користење движна ствар –ФАП ТОВАРНО СПЕЦИЈАЛНО ПРОТИВПОЖАРНО возило на Јавното комунално претпријатие „БРЕГАЛНИЦА“-Делчево;

Банер Банер BrandEcho

Пред советниците беа на усвојување и годишните програми: Програма за извршување јавни работи за 2026 година; Програма за еднакви можности на мажите и жените на Општина Делчево и работа на Комисијата за еднакви можности за 2026 година; Програма за социјална заштита на Општина Делчево за 2026 година; Програма за комуникација со јавноста и промоција на Општина Делчево за 2026 година; Програма за активностите на Општина Делчево од областа на превенција, заштита и спасување од елементарни и други непогоди;

Беше донесена и Одлука за ослободување од партиципација на деца Роми на возраст од 3-6 години за престој во детските градинки што се во социјален ризик за учебната 2025/2026 година; Одлука за именување членови на Советот за социјална заштита на Општина Делчево; Одлука за формирање на Комисија за унапредување на правата на пациентите; Одлука за формирање на Совет за јавно здравје; Одлука за формирање на Совет за заштита на потрошувачите; Измена на Годишен план за вработување на Општина Делчево за 2026 година; Одлука за отпочнување активности за редовно ажурирање на Процената на загрозеност на подрачјето на општина Делчево;

Ad image

Беа донесени и неколку одлуки за донесување урбанистичко планска документација документација за бесправно изграден објект надвор од плански опфат; Програма за изработка на урбанистички планови на подрачјето на општина Делчево за 2026 година; Програма за уредување градежно земјиште на подрачјето на општина Делчево за 2026 година; Програма за изградба, реконструкција, рехабилитација, одржување и заштита на општински патишта и улици во општина Делчево за 2026 година;

Советот на Општина Делчево донесe Одлука за верификација на мандатите на членовите на Локалниот младински совет при Општина Делчево кои имаат мандат од 2 години. За членови на новиот состав на ЛМС се избрани:

1. Искра Георгиевска– Тернипе MK (Ромски културен и едукативен центар) Делчево

2. Ивана Пејчиновска –  КУД“Гоце Делчев” Делчево

3. Павел Салтировски – СОУ. М.М.Брицо  Делчево

 4. Ангела Велковски -“Црвен крст” Делчево

 5. Ања Димитровска–СОУ.М.М.Брицо  Делчево

На Седницата се усвои и Годишната програма за работа на Младински центар Делчево за 2026 година;

 Советниците ја донесоа и Одлуката за прифаќање донација од Друштво за трговија и услуги „М-Д РЕНТАЛС“-ДООЕЛ Скопје на нова вакумска метларка (машина за чистење на улици); Со оваа Одлука, Општина Делчево во својство на примател на донацијата ја прифаќа донацијата од Друштвото за трговија и услуги „М-Д РЕНТАЛС“ ДООЕЛ Скопје со седиште на ул. „ Борис Трајковски“ бр. 5 во Скопје на нова вакумска метларка (машина за чистење улици) во вредност од 399.992,00 денари со вклучен ДДВ. Донацијата не создава никаква корист за давателот, ниту обврска за враќање од примателот на донацијата, дадена за цели од јавен интерес.

Извор:www.delcevo.gov.mk

▶ Случајно видео

Пробај ја и оваа алатка:
Подкасти
Директориум на македонски подкасти.
Забава
Отвори →

Може ќе ви се допадне

„Не ја пијте водата!“ – алармантно предупредување до сите во Берово!

Известување за времен режим на сообраќај при изведување на градежни работи во рамки на реконструкцијата на улицата „Индустриска“

Во Општина Ѓорче Петров трибина за важноста од навремено вакцинирање за ХПВ и морбили

Започна редовната есенска дератизација во Општина Карпош

Дојран: Привршува изградбата на новата и модерна пречистителна станица

Сподели ја оваа објава
Facebook Twitter Copy Link Print
Сподели

ПОПУЛАРНО

Македонија

(ВИДЕО) Скандал во Скопје – Се соблече гола и шеташе по булевар

Бора Чорба и Игор Џамбазов ја пеат „Погледај свој дом анџеле“ (ВИДЕО)
Градоначалникот на Росоман: Кривичната пријава е резултат на политички притисок
Охридско Езеро од албанска страна порибено со два милиони подмладок на пастрмка-коран
Викендот во Делчево на еден татко

Можеби ќе ве интересира

Локално

Општина Кочани реализира активности за поправки на оштетени сообраќајници и тротоари

Локално

Аеродром, Илинден и Црешево без електрична енергија

Локално

Трка во чест на Иле – возачот на Брза помош, кој возеше 11 пати од Кочани за Скопје на денот на трагедијата во „Пулс“

Локално

Три лица приведени во Кочани по пронајдена дрога

КОНТАКТ

contact@makedonijadenes.mk Забрането е секое копирање на содржини од веб-сајтот makedonijadenes.mk . Копирањето и репродуцирањето е дозволено само со писмена дозвола од МакедонијаДенес.
  • За нас
  • Импресум
  • Маркетинг
  • Политика на приватност и заштита на податоци
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?