Македонија ДенесМакедонија ДенесМакедонија Денес
Font ResizerAa
  • Вести
    • Македонија
    • Локално
    • Балкан
    • Свет
    • Бизнис и Економија
    • Хроника
    • Спорт
    • Дијаспора и МНМ
  • Македониум
  • Библиотека
  • Архива
  • Магазин
    • Репортажа
    • Интересно
    • Патување
    • Забава
    • Кујна
    • Култура и наука
    • Музика и филм
    • Здравје
    • Религија
    • Стил и Љубов
    • Showbiz
    • Автомобилизам
    • Технологија
    • Кариера и развој
  • Алатки
Font ResizerAa
Македонија ДенесМакедонија Денес
Пребарувај
  • Вести
    • Македонија
    • Локално
    • Балкан
    • Свет
    • Бизнис и Економија
    • Хроника
    • Спорт
    • Дијаспора и МНМ
  • Македониум
  • Библиотека
  • Архива
  • Магазин
    • Репортажа
    • Интересно
    • Патување
    • Забава
    • Кујна
    • Култура и наука
    • Музика и филм
    • Здравје
    • Религија
    • Стил и Љубов
    • Showbiz
    • Автомобилизам
    • Технологија
    • Кариера и развој
  • Алатки
Follow US
Патување

ОН: Туризмот во светот се врати на нивото од пред пандемијата со Ковид-19

Сподели

Женева, 21 јануари 2025 (МИА) – Во текот на минатата година во странство патувале околу 1,4 милијарда туристи, што е на исто ниво како и пред пандемијата на Ковид-19, проценува агенцијата на Обединетите нации за туризам (UN Tourism – UNWTO), која се залага за одговорен, одржлив и достапен туризам.

Според UNWTO, чие седиште е во Мадрид, бројот на меѓународни туристички патувања во 2024 година ја надмина 2023 година за 11 отсто (1,3 милијарда) и се искачи на нивото од претходната рекордна 2019 година, последна пред пандемијата на Ковид-19.

„Глобалниот туризам го заврши своето закрепнување од пандемијата во 2024 година“, се наведува во изјавата на генералниот секретар за туризам на ОН, Зураб Пололикашвили, наведувајќи ги бројките повисоки од 2019 година во многу региони.

- Advertisement -

Во Европа, водечката светска туристичка дестинација, забележани се 747 милиони меѓународни пристигнувања, но пред се благодарение на силната побарувачка на тој континент. Тоа е пет отсто повеќе отколку во 2023 година и еден отсто повеќе од 2019 година, соопшти UNWTO.

Бројот на меѓународни патници лани значително се зголеми и во Северна Африка (за 22 проценти во споредба со нивоата пред пандемијата), на Блискиот Исток (за 22 проценти) и Централна Америка (за 17 проценти).

Според податоците на UNWTO, азиско-пацифичкиот регион имаше најголем раст на посетите во 2024 година – 33 отсто повеќе туристи отколку во 2023 година, благодарение на целосното укинување на здравствените ограничувања во Кина. Но, во тој регион бројот на туристи сепак бил помал од 2019 година, покажуваат анализите на UNWTO.

Се очекува растот на патувања да продолжи и оваа 2025 година, за три до пет проценти, рече Пололикашвили и дека Азија ќе го предводи тој тренд.

Меѓутоа, ненадејното зголемување на бројот на посетители минатата година предизвика протести во многу земји поради лошите последици од „прекумерниот туризам“, особено врз цените на недвижностите и нивното изнајмување на домашното население за домување, како и поради истиснувањето на жителите од областите на градовите кои наеднаш се претвораат во туристички, за изнајмување.

Од Сашко Димевски Извор МИА

▶ Случајно видео

Пробај ја и оваа алатка:
Калкулатор за ризик од прегорување
Колку си под ризик од прегорување (burnout)?
Здравје
Отвори →

Може ќе ви се допадне

Каде е најдобро да се патува во август? Топ дестинации за летен одмор во 2025 година

Значително зголемување на туристите во Црна Гора во првата половина на 2025 година

5 македонски села кои треба да ги посетите овој мај

Луѓето кои патуваат – побавно стареат

Најубавите езера за одмор во Европа

Сподели ја оваа објава
Facebook Twitter Copy Link Print
Сподели

ПОПУЛАРНО

Македонија

(ВИДЕО) Скандал во Скопје – Се соблече гола и шеташе по булевар

Бора Чорба и Игор Џамбазов ја пеат „Погледај свој дом анџеле“ (ВИДЕО)
Градоначалникот на Росоман: Кривичната пријава е резултат на политички притисок
Охридско Езеро од албанска страна порибено со два милиони подмладок на пастрмка-коран
Викендот во Делчево на еден татко

Можеби ќе ве интересира

Патување

„Вог“: Топ-10 најубави плажи во Европа за 2024 година

Патување

Планина или море – каде е подобро летно време?

Патување

Топ 10 европски градови за city-break: каде да отпатувате за викенд исполнет со култура, храна и забава

Патување

Најкусата улица во светот

КОНТАКТ

contact@makedonijadenes.mk Забрането е секое копирање на содржини од веб-сајтот makedonijadenes.mk . Копирањето и репродуцирањето е дозволено само со писмена дозвола од МакедонијаДенес.
  • За нас
  • Маркетинг
  • Политика на приватност и заштита на податоци
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?