Македонија ДенесМакедонија ДенесМакедонија Денес
Font ResizerAa
  • Вести
    • Македонија
    • Локално
    • Балкан
    • Свет
    • Бизнис и Економија
    • Хроника
    • Спорт
    • Дијаспора и МНМ
  • Македониум
  • Библиотека
  • Архива
  • Магазин
    • Репортажа
    • Интересно
    • Патување
    • Забава
    • Кујна
    • Култура и наука
    • Музика и филм
    • Здравје
    • Религија
    • Стил и Љубов
    • Showbiz
    • Автомобилизам
    • Технологија
    • Кариера и развој
  • Алатки
Font ResizerAa
Македонија ДенесМакедонија Денес
Пребарувај
  • Вести
    • Македонија
    • Локално
    • Балкан
    • Свет
    • Бизнис и Економија
    • Хроника
    • Спорт
    • Дијаспора и МНМ
  • Македониум
  • Библиотека
  • Архива
  • Магазин
    • Репортажа
    • Интересно
    • Патување
    • Забава
    • Кујна
    • Култура и наука
    • Музика и филм
    • Здравје
    • Религија
    • Стил и Љубов
    • Showbiz
    • Автомобилизам
    • Технологија
    • Кариера и развој
  • Алатки
Follow US
Локално

ООУ „Димо Хаџи Димов“ доминираше во училишната фудбалска лига на Карпош – обезбедено седумдневно летување за најдобрите

Сподели

Со убедлива победа од 5:1 над тимот на ООУ „Братство“, основците од „Димо Хаџи Димов“ од Влае го крунисаа својот триумф и го освоија првото место во училишната фудбалска лига на Општина Карпош за учебната 2024/2025 година. Со вкупно 41 освоен поен, тие доминираа на табелата, оставајќи ги зад себе екипата на ООУ „Војдан Чернодрински“ со 37 поени и тимот на ООУ „Лазо Трповски“ кој го освои третото место со 36 поени.

На завршниот натпревар присуствуваше и градоначалникот на Општина Карпош, Стевчо Јакимовски, кој лично ги врачи наградите на најдобрите екипи и поединци. Тој упати честитки за фер-плеј духот и спортскиот ентузијазам на младите учесници, особено посочувајќи ја победата на екипата како симболично испраќање во пензија на нивниот наставник по физичко, Борче.

„Навистина ми е драго што нашите ученици ни покажаа како треба да се однесуваат спортистите, во поглед на фер плеј играта и пожртвуваноста на теренот. Денеска победи екипата на „Димо Хаџи Димов“ а учениците со тоа му приредија една голема награда на својот наставник по физичко воспитување, господинот Борче којшто заминува во пензија. Ова претставува едно прекрасно испраќање на својот драг наставник кој воедно и за мене е еден драг човек, бидејќи ние се познаваме одамна. Притоа, сите ученици коишто го освоија првото место во рамки на училишните спортски лиги во кошарка, фудбал и одбојка (девојчиња), како и основците кои во својата категорија се прогласени за најдобри спортисти,  ќе бидат наградени на начин што Општина Карпош за нив обезбеди седумдневно летување во Грција. Јас на сите им посакувам успешно да ја завршат оваа учебна година и да се забавуваат што е можно повеќе на летниот одмор “ изјави Јакимовски.

- Advertisement -

Најдобрите спортисти ќе бидат наградени со седумдневно летување во детскиот камп „Каливас“ во Грција, обезбедено од Општина Карпош. Дополнително, четворицата најдобри фудбалери ќе добијат и еднократна парична награда од по 6.000 денари.

Награди поединечно освоија:

  • Најдобар голман: Петар Стојковски (ООУ „Лазо Трповски“)

  • Најдобар стрелец: Филип Андоновски (ООУ „Христијан Тодоровски Карпош“)

  • Најталентиран играч: Димитар Балиски (ООУ „Војдан Чернодрински“)

  • Најдобар играч за сезоната 2024/2025: Огнен Сивевски (ООУ „Димо Хаџи Димов“)

Овие резултати ја заокружуваат успешната сезона на училишните спортски лиги во Карпош, каде младите спортисти покажаа страст, дисциплина и спортски дух.

▶ Случајно видео

Пробај ја и оваа алатка:
Калкулатор: Колку те чини автомобилот годишно?
Калкулатор: Колку те чини автомобилот годишно?
Автомобилизам
Отвори →

Може ќе ви се допадне

Гази Баба со голем музички настан ќе ја слави независноста на Македонија

26 ноември: премиерна изведба на „Скржавец“ – продукција на Драмската секција при Пионерски дом- Гевгелија

Планирани прекини на електрична енергија во Скопје: Еве кои населби ќе останат без струја

„Gevgelija Open 2025“ – спорт, хуманост и меѓународна пинг-понг дружба

Свежо цвеќе на спомениците во Кочани по повод 23 Октомври – Денот на македонската револуционерна борба

Сподели ја оваа објава
Facebook Twitter Copy Link Print
Сподели

ПОПУЛАРНО

Македонија

(ВИДЕО) Скандал во Скопје – Се соблече гола и шеташе по булевар

Бора Чорба и Игор Џамбазов ја пеат „Погледај свој дом анџеле“ (ВИДЕО)
Градоначалникот на Росоман: Кривичната пријава е резултат на политички притисок
Охридско Езеро од албанска страна порибено со два милиони подмладок на пастрмка-коран
Викендот во Делчево на еден татко

Можеби ќе ве интересира

Локално

Велес: Еколошка акција за зачувување на животната средина

Локално

17. Меѓународен театарски фестивал – Крива Паланка 2025

Локално

Акција за чистење на Бабуна во рамките на ЕНМ 2025

Локално

Делчево: Зголемување на износот за мерките за првачиња и новороденчиња

КОНТАКТ

contact@makedonijadenes.mk Забрането е секое копирање на содржини од веб-сајтот makedonijadenes.mk . Копирањето и репродуцирањето е дозволено само со писмена дозвола од МакедонијаДенес.
  • За нас
  • Маркетинг
  • Политика на приватност и заштита на податоци
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?