Македонија ДенесМакедонија ДенесМакедонија Денес
Font ResizerAa
  • Вести
    • Македонија
    • Локално
    • Балкан
    • Свет
    • Бизнис и Економија
    • Хроника
    • Спорт
    • Дијаспора и МНМ
  • Македониум
  • Библиотека
  • Архива
  • Магазин
    • Репортажа
    • Интересно
    • Патување
    • Забава
    • Кујна
    • Култура и наука
    • Музика и филм
    • Здравје
    • Религија
    • Стил и Љубов
    • Showbiz
    • Автомобилизам
    • Технологија
    • Кариера и развој
  • Алатки
Font ResizerAa
Македонија ДенесМакедонија Денес
Пребарувај
  • Вести
    • Македонија
    • Локално
    • Балкан
    • Свет
    • Бизнис и Економија
    • Хроника
    • Спорт
    • Дијаспора и МНМ
  • Македониум
  • Библиотека
  • Архива
  • Магазин
    • Репортажа
    • Интересно
    • Патување
    • Забава
    • Кујна
    • Култура и наука
    • Музика и филм
    • Здравје
    • Религија
    • Стил и Љубов
    • Showbiz
    • Автомобилизам
    • Технологија
    • Кариера и развој
  • Алатки
Follow US
Локално

Општина Карпош доби нова административна зграда

Сподели

На свечен начин вчера беше пуштен во употреба новиот објект во кој ќе биде сместена целата администрација на Општина Карпош. Ова грандиозно здание кое зафаќа вкупна површина од 4.500 м2 претставува еден од најсовремените административни објекти во нашата држава, за чија финална изградба беше потребно нешто повеќе од една деценија. Вратите на „новиот дом за карпошани“ како што вели градоначалникот Стевчо Јакимовски,  ќе бидат секогаш ширум отворени за своите сограѓани, кои ќе можат на едно место да ги решаваат своите проблеми и да ги остваруваат личните права и секојдневните потреби.

„Сè започна со еден камен –темелник. Можеби тогаш изгледаше како празно парче земја, но за нас тоа беше визија – сон за една нова општинска зграда, достојна за граѓаните на Карпош. Трпеливо но сигурно, месец по месец, цигла по цигла, од темелите израснаа ѕидови. Со мака, со работа и со посветеност, чекор по чекор го изградивме овој објект. Не беше лесно, но секогаш кога имаш јасна цел, секоја пречка се надминува“ – објасни Јакимовски.

Во рамки на свеченоста тој посочи дека оваа зграда претставува симбол на заедништвото и јасен показател, дека кога ќе се здружат волјата и трудот не постојат невозможни работи.

- Advertisement -

„Овој објект не е само бетон и арматура. Верувам дека тука ќе се носат важни одлуки преку кои ќе се креира иднината на Карпош. Нашата локална самоуправа е лидер во многу работи а со овој чин покажавме дека знаеме да изградиме објект по европски стандарди, со визија и со срце. Ова е уште еден доказ дека нашиот Карпош секогаш оди напред“ – истакна Јакимовски.

Првиот човек на Општината потенцираше дека новата општинска зграда не е наменета само на администрацијата. туку таа ќе биде транспарентна локална установа  која им припаѓа на сите граѓани на Карпош.

„Мојот сон и мојата визија беше тука да влегувате со доверба и овде да ги добивате вашите одговори и решенија. Ова е нов дом на локалната самоуправа, поточно дом на сите наши сограѓани. Карпош гради, расте и ќе продолжи да чекори напред, затоа што ова е нашата заедничка приказна“ – додаде градоначалникот Стевчо Јакимовски.

▶ Случајно видео

Пробај ја и оваа алатка:
Платен промет
Шифри за платен промет и ознаки на општини.
Финансии
Отвори →

Може ќе ви се допадне

Исполнето децениско барање – изграден пат до црквата во Мрзенци

Водата во Скопје е безбедна за пиење

Општина Карпош: Училиштето „IPS“ есенски прваци во кошарка

„Витезот Моливко и уште нешто повеќе“ повторно на сцена за Неделата на детето

Почетни активности за изградба на пречистителната станица во Битола

Сподели ја оваа објава
Facebook Twitter Copy Link Print
Сподели

ПОПУЛАРНО

Македонија

(ВИДЕО) Скандал во Скопје – Се соблече гола и шеташе по булевар

Бора Чорба и Игор Џамбазов ја пеат „Погледај свој дом анџеле“ (ВИДЕО)
Градоначалникот на Росоман: Кривичната пријава е резултат на политички притисок
Охридско Езеро од албанска страна порибено со два милиони подмладок на пастрмка-коран
Викендот во Делчево на еден татко

Можеби ќе ве интересира

Локално

Исчистен отпадот на Пониква

Локално

Општина Велес: Се чисти дел од коритото на Отовичка река

Локално

30 oктомври: Промоција на книга „Поменик со личните имиња на населението од Смоквица“ на Киро Ристов

Локално

Организиран превоза Скребатино по повод Успение на Пресвета Богородица

КОНТАКТ

contact@makedonijadenes.mk Забрането е секое копирање на содржини од веб-сајтот makedonijadenes.mk . Копирањето и репродуцирањето е дозволено само со писмена дозвола од МакедонијаДенес.
  • За нас
  • Маркетинг
  • Политика на приватност и заштита на податоци
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?