Македонија ДенесМакедонија ДенесМакедонија Денес
Големина на фонтAa
  • Вести
    • Македонија
    • Локално
    • Балкан
    • Свет
    • Бизнис и Економија
    • Хроника
    • Спорт
    • Дијаспора и МНМ
  • Македониум
  • Библиотека
  • Архива
  • Магазин
    • Репортажа
    • Интересно
    • Патување
    • Забава
    • Кујна
    • Култура и наука
    • Музика и филм
    • Здравје
    • Религија
    • Стил и Љубов
    • Showbiz
    • Автомобилизам
    • Технологија
    • Кариера и развој
  • Алатки
  • Квиз
Големина на фонтAa
Македонија ДенесМакедонија Денес
Пребарувај
  • Вести
    • Македонија
    • Локално
    • Балкан
    • Свет
    • Бизнис и Економија
    • Хроника
    • Спорт
    • Дијаспора и МНМ
  • Македониум
  • Библиотека
  • Архива
  • Магазин
    • Репортажа
    • Интересно
    • Патување
    • Забава
    • Кујна
    • Култура и наука
    • Музика и филм
    • Здравје
    • Религија
    • Стил и Љубов
    • Showbiz
    • Автомобилизам
    • Технологија
    • Кариера и развој
  • Алатки
  • Квиз
Следете не'
Свет

Орбан: Унгарија е против влез на Украина во ЕУ

09.05.2025 23:25
Сподели

Будимпешта, 9 мај 2025 (МИА) – Унгарскиот премиер Виктор Орбан изјави дека влез на Украина во Европската унија би претставувало „економско самоубиство“ за Европа, нагласувајќи дека Унгарија не го поддржува тој процес, ниту забрзана процедура за нејзино членство.

Орбан ги критикуваше европските лидери, особено Европската народна партија, поради нивната одлука дека ЕУ мора да „ја продолжи војната, да ги одржува санкциите и целосно да ја елиминира руската енергија, без оглед на последиците за економијата“.

Тој порача дека Унгарија работи на постигнување мир, бидејќи тоа би овозможило укинување на санкциите, намалување на цените на енергијата и закрепнување на економијата, што би им го олеснило животот на унгарските семејства. Покрај тоа, Орбан предупреди дека забраната за увоз на руска енергија, доколку Брисел успее во тоа, би можела да доведе до „драстично“ зголемување на трошоците за енергенси во Унгарија. Тој наведе дека унгарските семејства наскоро би можеле да плаќаат двојно повеќе за гас и струја.

Банер Банер BrandEcho

Според него, Унгарија вложила големи напори цените на енергијата за домаќинствата да бидат меѓу најниските во Европа, и покрај трошоците на санкциите против Русија. Орбан истакна дека моментално, греење на просечна унгарска куќа чини меѓу 700 и 800 евра, додека во Словачка тоа изнесува околу 1.350 евра, а во Полска дури до 2.400 евра.

Тој нагласи дека Унгарија досега набавувала евтина енергија од Русија, но оти забраната за увоз на руска енергија би довела до дополнителни трошоци од 1,8 до 2,4 милијарди евра за енергија купена од други извори. Тој ги повика Унгарците да ѝ помогнат на владата во заштитата на ниските цени на енергенсите и да учествуваат во гласањето на изборите оваа година.

Од Јасмина Тасевска Извор МИА

▶ Случајно видео

Пробај ја и оваа алатка:
Спортски типови
Предлог викенд типови.
Спорт
Отвори →

Може ќе ви се допадне

Канцеларија за Косово: Приштина презеде шест згради во Зубин Поток градени од српската Влада
Револуција во политичкото огласување: Google и Meta се повлекуваат
Трамп бара помилување за Нетанјаху: Политичка игра или правна реалност?
Србија доби нова шанса: Продолжена лиценца за НИС до 20. март
Во Киев по четврти пат во денот прогласена тревога
Сподели ја оваа објава
Facebook Twitter Copy Link Print
Сподели
Decoration House Natasa

ПОПУЛАРНО

Македонија

(ВИДЕО) Скандал во Скопје – Се соблече гола и шеташе по булевар

Невработени? Можеби имате право на паричен надоместок – многумина не знаат!
Бора Чорба и Игор Џамбазов ја пеат „Погледај свој дом анџеле“ (ВИДЕО)
Градоначалникот на Росоман: Кривичната пријава е резултат на политички притисок
Охридско Езеро од албанска страна порибено со два милиони подмладок на пастрмка-коран

Можеби ќе ве интересира

Свет

Боливија: Влада воведува нов декрет по масовните протести

Рочиштето за гаранцијата на Трамп од 175 милиони долари закажано за 22 април

Свет

Иран заплени два брода во Ормускиот теснец

Балкан

Извештај: Бугарија спроведе само седум од 28-те антикорупциски препораки на Советот на Европа

КОНТАКТ

contact@makedonijadenes.mk Забрането е секое копирање на содржини од веб-сајтот makedonijadenes.mk . Копирањето и репродуцирањето е дозволено само со писмена дозвола од МакедонијаДенес.
  • За нас
  • Импресум
  • Маркетинг
  • Политика на приватност и заштита на податоци
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?