Македонија ДенесМакедонија ДенесМакедонија Денес
Font ResizerAa
  • Вести
    • Македонија
    • Локално
    • Балкан
    • Свет
    • Бизнис и Економија
    • Хроника
    • Спорт
    • Дијаспора и МНМ
  • Македониум
  • Библиотека
  • Архива
  • Магазин
    • Репортажа
    • Интересно
    • Патување
    • Забава
    • Кујна
    • Култура и наука
    • Музика и филм
    • Здравје
    • Религија
    • Стил и Љубов
    • Showbiz
    • Автомобилизам
    • Технологија
    • Кариера и развој
  • Алатки
Font ResizerAa
Македонија ДенесМакедонија Денес
Пребарувај
  • Вести
    • Македонија
    • Локално
    • Балкан
    • Свет
    • Бизнис и Економија
    • Хроника
    • Спорт
    • Дијаспора и МНМ
  • Македониум
  • Библиотека
  • Архива
  • Магазин
    • Репортажа
    • Интересно
    • Патување
    • Забава
    • Кујна
    • Култура и наука
    • Музика и филм
    • Здравје
    • Религија
    • Стил и Љубов
    • Showbiz
    • Автомобилизам
    • Технологија
    • Кариера и развој
  • Алатки
Follow US
Кариера и развој

Основач на „Линкд-Ин“: Работното време од девет до пет ч. ќе исчезне до 2034 година

Сподели

Лос Анџелес, 23 авгyст 2024 (МИА) – Рид Хофман, со-основачот на платформата за барање работа, „Линкд-Ин“, верува дека работното време, на кое се навикнати повеќето луѓе, наскоро ќе стане минато.

– Работното време од девет до пет часот нема да се задржи уште долго време. До 2034 година веќе нема да се работи на тој начин… Ќе има поголема флексибилност и можности, но ќе има и недостаток на сигурност на работните места, што е нешто што го сакаат речиси сите вработени, а луѓето ќе мора да работат на тоа за да се постигне одредена сигурност. Многу работни места ќе ја променат својата природа на работа, бидејќи автоматизацијата целосно ќе ги преземе работните места или ќе го промени начинот на којшто луѓето ги извршуваат тие работи, објасни тој.

Тоа, значи и дека, веројатно, голем дел од работната сила ќе биде заменета со вештачка интелигенција, пренесува „Јунилад“ (Unilad).

- Advertisement -

– Луѓето нема да работат само во една компанија, туку во повеќе од една, можеби дури и во повеќе различни индустрии. Сѐ тоа се промени што нѐ очекуваат и сѐ ќе биде различно од она на што сме навикнати изминативе неколку десетлетија, додаде Рид.

Овие предвидувања предизвикаа мешани реакции кај луѓето бидејќи многумина стравуваат дека нивната стабилност и начин на живот ќе се влошат. Но, има и спротивни мислења.

– Работните места веќе се поделени на флексибилни и фиксни часови, тоа не е ништо ново, аргументира Џеј Загорски за „Нејшнал“ (The National), по коментарите на Хофман.

Загорски вели дека тие работни места, од чистачи до контролори на летање, имаат едно нешто заедничко – „кога смената ќе заврши, работата на човекот е завршена“. Според него, овие работни места нема да исчезнат, без оглед на спротивните предвидувања.

Од Слободан Иванов Извор МИА

▶ Случајно видео

Пробај ја и оваа алатка:
ТВ Архива
Приказ на над 200 архивски видеа од Македонија.
Забава
Отвори →

Може ќе ви се допадне

Отклучете го вашиот потенцијал: 5 чекори кои ќе ви го променат животот и кариерата!

Откриено: Тајните навики на најуспешните луѓе што ќе ви го променат животот!

Откријте ја тајната на успешната кариера: 5 чекори што ќе ви го променат животот!

Откријте го тајниот клуч за брз професионален успех: Што никој не ви кажува за кариерата!

Откријте ја тајната на успешната кариера: Како малите промени водат до големи достигнувања

Сподели ја оваа објава
Facebook Twitter Copy Link Print
Сподели

ПОПУЛАРНО

Македонија

(ВИДЕО) Скандал во Скопје – Се соблече гола и шеташе по булевар

Бора Чорба и Игор Џамбазов ја пеат „Погледај свој дом анџеле“ (ВИДЕО)
Градоначалникот на Росоман: Кривичната пријава е резултат на политички притисок
Охридско Езеро од албанска страна порибено со два милиони подмладок на пастрмка-коран
Викендот во Делчево на еден татко

Можеби ќе ве интересира

Кариера и развој

Како да ја забрзате вашата кариера: 5 стратегии што експертите ги користат

Кариера и развој

„Што стои зад трендот на “дигитални номади” и зошто се повеќе луѓе го избираат?“

Кариера и развој

10 совети за зголемување на вашата продуктивност на работа

Кариера и развој

Наскоро започнува со работа новата платформа за огласи за вработување – JobFinder.mk

КОНТАКТ

contact@makedonijadenes.mk Забрането е секое копирање на содржини од веб-сајтот makedonijadenes.mk . Копирањето и репродуцирањето е дозволено само со писмена дозвола од МакедонијаДенес.
  • За нас
  • Маркетинг
  • Политика на приватност и заштита на податоци
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?