Откриено е значајно наоѓалиште на гас и нафта на Брегот на Слоновата Коска, со проценето количество до 149 милијарди кубни метри гас и околу 1,4 милијарди барели нафта. Италијанскиот енергетски гигант Ени објави дека наоѓалиштето е откриено во бушотината Murene South-1X во блок CI-501, сместен во Гвинеијскиот залив.
Ова значајно откритие е резултат на долгогодишно истражување, а бушотината е пробиена на длабочина од околу 5.000 метри, со морска длабочина од 2.200 метри. Ени управува со блокот со 90% удела, додека останатите 10% ги поседува компанијата Петроси Холдинг.
Во моментов, полето Бален во Гвинеијскиот залив произведува повеќе од 62.000 барели нафта дневно и над два милиона кубни метри гас. Ени е присутен на Брегот на Слоновата Коска од 2015 година и покрај блокот CI-501, има удели во уште девет истражувачки блокови. Само два дена пред ова откритие, Ени потврди и наоѓање на нафта во истражувачката бушотина Algaita-01 во блок 15/06, покрај обалата на Ангола, со проценето количество од околу 500 милиони барели.


