Македонија ДенесМакедонија ДенесМакедонија Денес
Font ResizerAa
  • Вести
    • Македонија
    • Локално
    • Балкан
    • Свет
    • Бизнис и Економија
    • Хроника
    • Спорт
    • Дијаспора и МНМ
  • Македониум
  • Библиотека
  • Архива
  • Магазин
    • Репортажа
    • Интересно
    • Патување
    • Забава
    • Кујна
    • Култура и наука
    • Музика и филм
    • Здравје
    • Религија
    • Стил и Љубов
    • Showbiz
    • Автомобилизам
    • Технологија
    • Кариера и развој
  • Алатки
Font ResizerAa
Македонија ДенесМакедонија Денес
Пребарувај
  • Вести
    • Македонија
    • Локално
    • Балкан
    • Свет
    • Бизнис и Економија
    • Хроника
    • Спорт
    • Дијаспора и МНМ
  • Македониум
  • Библиотека
  • Архива
  • Магазин
    • Репортажа
    • Интересно
    • Патување
    • Забава
    • Кујна
    • Култура и наука
    • Музика и филм
    • Здравје
    • Религија
    • Стил и Љубов
    • Showbiz
    • Автомобилизам
    • Технологија
    • Кариера и развој
  • Алатки
Follow US
Македонија

Отворено писмо од претставничката на УНИЦЕФ Патриција ДиЏовани до сите политички партии во пресрет на изборите

Сподели

Скопје, 26 март 2024 (МИА) – Во пресрет на изборите, сите политички партии имаат можност да ги стават децата, младите и семејствата во центарот на своите изборни програми и да дадат конкретни ветувања за секое дете да има пристап до квалитетни услуги и повеќе можности да гради подобра иднина за себе и за земјата, се вели во отворено писмо од претставничката на УНИЦЕФ Патриција ДиЏовани до сите политички партии во пресрет на изборите.

Според неа, претстојните избори се можност да се изработат политики насочени кон семејството, младите и децата што ќе резултираат со подобра земја.

-Изборите отвораат можности за иднината. Таа иднина се гради сега, а децата и младите сметаат на овие избори. Како неполитичка и непристрасна организација, УНИЦЕФ е подготвен да работи со сите партнери за унапредување на правата на децата и обезбедување еднаква шанса за светла иднина за секое дете и секој млад човек, стои во отвореното писмо.

- Advertisement -

Претставничката на УНИЦЕФ во земјава потсетува дека децата сочинуваат дваесет проценти од резидентното население од 1,84 милиони, што изнесува околу 180.000 девојчиња и 192.000 момчиња под 18 години.

Децата, како што наведува, се важен дел на општеството и покрај тоа што всушност не гласаат токму сега. – Во не толку далечна иднина, тие ќе бидат лидери на своите семејства, заедници и на земјата. Не само што ќе ја обликуваат иднината на земјата, туку и ќе формираат важни политички ставови врз основа на овие избори, стои во писмото.

Според ДиЏовани, од ратификувањето на Конвенцијата за правата на детето, пред нешто повеќе од 30 години, и од усвојувањето на Агендата 2030 за одржлив развој во 2015 година, земјата постигна значителен напредок во унапредувањето на правата на децата и адолесцентите – девојчињата и момчињата. Потенцира дека напредокот кон остварување на правата на секое дете налага континуирани напори, без никој да биде изоставен.

– Во септември 2022 година, Комитетот за правата на децата ги усвои своите Заклучни забелешки за напредокот на земјата во остварувањето на правата на детето, нагласувајќи ги препораките кои бараат итно внимание, во пет области: координација, недискриминација, насилство врз децата, деца со попреченост, здравство и здравствени услуги. Многу од истите овие прашања, вклучително и напорите да се обезбеди квалитетно образование за секое дете, се истакнати во извештајот на ЕУ. Овие препораки може да се користат за дефинирање на клучните и приоритетни политики во вашите изборни програми, се вели во отвореното писмо.

Според неа, сите партии имаат улога во градење земја каде сите деца и млади ќе можат да го остварат својот потенцијал.

-Многу критични реформи бараа, но и натаму ќе бараат повеќегодишна посветеност од сите носители на одлуки како што се воведувањето на Европската детска гаранција, образовната реформа; реформата на системот за детска заштита, правосудните и други законодавни реформи; реформите за подобрување на пристапот до програми за превентивна здравствена заштита на децата, и други реформи за поддршка на семејствата, вклучително и семејствата на децата со попреченост, смета претставничката на УНИЦЕФ Патриција ДиЏовани.

Од Магдалена Ристоманов Извор: МИА

▶ Случајно видео

Пробај ја и оваа алатка:
Платен промет
Шифри за платен промет и ознаки на општини.
Финансии
Отвори →

Може ќе ви се допадне

Сончево и топло со умерен до засилен северен ветер

Стартуваше кампањата „Се бориме за почист дом: Делчево со нула толеранција за отпад“.

Чешкиот Блек хок во акција – ЦУК со видео од гаснењето на пожарот

Собранието го одобри пакетот закони за реализација на проектот „Безбеден град“

Македонски Концепт бара строга забрана на комунистичката пропаганда

Сподели ја оваа објава
Facebook Twitter Copy Link Print
Сподели

ПОПУЛАРНО

Македонија

(ВИДЕО) Скандал во Скопје – Се соблече гола и шеташе по булевар

Бора Чорба и Игор Џамбазов ја пеат „Погледај свој дом анџеле“ (ВИДЕО)
Градоначалникот на Росоман: Кривичната пријава е резултат на политички притисок
Охридско Езеро од албанска страна порибено со два милиони подмладок на пастрмка-коран
Викендот во Делчево на еден татко

Можеби ќе ве интересира

Локално

Ќе се продава Купром во Хром по почетна цена од 0 денари

Македонија

ДИК ги потврди претседателските кандидати

Македонија

Платил со „лажна десетка“ на патарина во Скопје – веднаш заврши во притвор!

Хроника

92 сообраќајни прекршоци синоќа во Скопје, 50 санкционирани возачи на мотоцикл

КОНТАКТ

contact@makedonijadenes.mk Забрането е секое копирање на содржини од веб-сајтот makedonijadenes.mk . Копирањето и репродуцирањето е дозволено само со писмена дозвола од МакедонијаДенес.
  • За нас
  • Маркетинг
  • Политика на приватност и заштита на податоци
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?