Македонија ДенесМакедонија ДенесМакедонија Денес
Font ResizerAa
  • Вести
    • Македонија
    • Локално
    • Балкан
    • Свет
    • Бизнис и Економија
    • Хроника
    • Спорт
    • Дијаспора и МНМ
  • Македониум
  • Библиотека
  • Архива
  • Магазин
    • Репортажа
    • Интересно
    • Патување
    • Забава
    • Кујна
    • Култура и наука
    • Музика и филм
    • Здравје
    • Религија
    • Стил и Љубов
    • Showbiz
    • Автомобилизам
    • Технологија
    • Кариера и развој
  • Алатки
Font ResizerAa
Македонија ДенесМакедонија Денес
Пребарувај
  • Вести
    • Македонија
    • Локално
    • Балкан
    • Свет
    • Бизнис и Економија
    • Хроника
    • Спорт
    • Дијаспора и МНМ
  • Македониум
  • Библиотека
  • Архива
  • Магазин
    • Репортажа
    • Интересно
    • Патување
    • Забава
    • Кујна
    • Култура и наука
    • Музика и филм
    • Здравје
    • Религија
    • Стил и Љубов
    • Showbiz
    • Автомобилизам
    • Технологија
    • Кариера и развој
  • Алатки
Follow US
Локално

Отворено третото издание на „НарАРТива 2025“: спој на поезијата и визуелната уметност

Сподели

Во исполнетата Уметничка галерија „Амам“, на 27 ноември 2025 година, беше отворено третото издание на Изложбата „НарАРТива“, еден од многуте културни настани во рамки на ноемвриската програма за „Гевгелија град на култура за 2025 година“. Настанот, кој стана традиционална точка на средба меѓу литературата и ликовната уметност, го организира ЈОУ Библиотека „Гоце Делчев“ во соработка со НУ Музеј- Гевгелија.

Годинешното издание, поставено под мотото „Кога зракот го допира стихот“, ја истакнува суштината на концептот што ја следи изложбата – идејата поетскиот збор да стане визуелен импулс, а ликовната уметност да го трансформира стихот во боја, светлина и форма.

Изложбата беше свечено отворена од Стефан Марковски, директор на Библиотеката „Гоце Делчев“, кој се обрати пред присутните со порака за значењето на меѓуинституционалната соработка и улогата на современата уметност во културниот развој на градот.

- Advertisement -

На отворањето се обрати и Александар Каракабаков, кој се јави во улога на куратор, кустос-советник и историчар на уметност. Тој го претстави концептот на ова издание на „НарАРТива“, нагласувајќи дека интермедијалноста- спојот на поезија и визуелна интерпретација- претставува силен уметнички јазик што создава нови слоеви значење и комуникација меѓу уметникот и публиката.

На Изложбата учествуваат реномирани автори од различни генерации и изразни поетики: Владимир Илиевски, Мирјана Крстева Массетти, Перо Кованцалиев, Вангел Срнаков, Никола Пијанманов, Ване Костуранов, Славица Милева, Александар Јанев, Љупка Галазска- Василев и Габриела Стахурска Гошева. Секое дело претставува визуелна рефлексија на избран поетски фрагмент, овозможувајќи ново читање на литературата- преку линија, текстура, симбол, апстракција или фигуративен пристап.

Публиката имаше можност да го следи дијалогот меѓу стихот и сликата, меѓу внатрешната поетска атмосфера и нејзиното уметничко значење. Како дел од големата културна програма што ја реализира Општина Гевгелија во рамки на титулата „Град на културата за 2025 година“, „НарАРТива“ се наметнува како значајна годишна културна точка што го унапредува современото творештво и ја збогатува локалната културна сцена.

Преку интермедијалниот пристап, Изложбата ја потврдува определбата на општината за поддршка на современите уметнички практики, афирмира автори и истовремено создава платформа за нови креативни соработки, потенцирајќи го културниот идентитет на Гевгелија во национален контекст.

Настанот заврши во атмосфера на споделена инспирација, а бројната публика и уметничката заедница ја актуелизираа порака­та дека поезијата и визуелната уметност можат заедно да создадат моќен културен свет на заедничка имагинација.

Извор:gevgelija.gov.mk

▶ Случајно видео

Пробај ја и оваа алатка:
Калкулатор: Дали ти се исплати менувањето на автомобил?
Калкулатор: Дали ти се исплати менувањето на автомобил?
Автомобилизам
Отвори →

Може ќе ви се допадне

Во Делчево за утре најавено исклучување од функција на старата филтер станица

Обновливи извори на енергија за греење во Битолскиот регион

Терестичка дезинсекција и третман против крлежи на територија на Општина Куманово

Општина Илинден добива нов здравствен дом

Ѓорче Петров: Нови субвенции за клима уреди и топлотни пумпи

Сподели ја оваа објава
Facebook Twitter Copy Link Print
Сподели

ПОПУЛАРНО

Македонија

(ВИДЕО) Скандал во Скопје – Се соблече гола и шеташе по булевар

Бора Чорба и Игор Џамбазов ја пеат „Погледај свој дом анџеле“ (ВИДЕО)
Градоначалникот на Росоман: Кривичната пријава е резултат на политички притисок
Охридско Езеро од албанска страна порибено со два милиони подмладок на пастрмка-коран
Викендот во Делчево на еден татко

Можеби ќе ве интересира

Локално

Јавниот превоз на Водици по неделен возен ред

Локално

Без вода улици во општина Ѓорче Петров

Локално

11 ноември: Балетски концерт „Моќта на танцовата уметност“

Локално

Соопштение за субвенционирање на сметки за комунални услуги за лица со оштетен вид

КОНТАКТ

contact@makedonijadenes.mk Забрането е секое копирање на содржини од веб-сајтот makedonijadenes.mk . Копирањето и репродуцирањето е дозволено само со писмена дозвола од МакедонијаДенес.
  • За нас
  • Маркетинг
  • Политика на приватност и заштита на податоци
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?