Македонија ДенесМакедонија ДенесМакедонија Денес
Font ResizerAa
  • Вести
    • Македонија
    • Локално
    • Балкан
    • Свет
    • Бизнис и Економија
    • Хроника
    • Спорт
    • Дијаспора и МНМ
  • Македониум
  • Библиотека
  • Архива
  • Магазин
    • Репортажа
    • Интересно
    • Патување
    • Забава
    • Кујна
    • Култура и наука
    • Музика и филм
    • Здравје
    • Религија
    • Стил и Љубов
    • Showbiz
    • Автомобилизам
    • Технологија
    • Кариера и развој
  • Алатки
Font ResizerAa
Македонија ДенесМакедонија Денес
Пребарувај
  • Вести
    • Македонија
    • Локално
    • Балкан
    • Свет
    • Бизнис и Економија
    • Хроника
    • Спорт
    • Дијаспора и МНМ
  • Македониум
  • Библиотека
  • Архива
  • Магазин
    • Репортажа
    • Интересно
    • Патување
    • Забава
    • Кујна
    • Култура и наука
    • Музика и филм
    • Здравје
    • Религија
    • Стил и Љубов
    • Showbiz
    • Автомобилизам
    • Технологија
    • Кариера и развој
  • Алатки
Follow US
Свет

Палестинското барање за полноправно членство во ОН е проследено до надлежниот Комитет

09.04.2024 05:52
Сподели

Њујорк, 8 април 2024 (МИА) – Претседавачката со Советот за безбедност на Обединети нации, амбасадорката на Малта во ОН, Ванеса Фрејзи денеска го проследи барањето на Палестина да стане полноправна членка на Светската организација до надлежниот Комитет за прием на нови членки.

Таа истакна дека барањето ќе се разгледува денеска, а расправата мора да се одржи во текот на месецот додека Малта претседава со СБ на ОН.

– Искрено се надеваме дека по 12 години стекнување статус на држава набљудувач, во СБ ќе се постигне консензус за решение за две држави со прием на Палестина со полноправно членство во ОН, истакна палестинскиот амбасадор во ОН, Ријад Мансур.

Банер Банер BrandEcho

Минатата недела палестинските власти официјално побараа СБ да го преиспита барањето од 2011 година Палестина да стане полноправна членка на ОН.

За време на седницата, 15-члениот Комитет прво го оценува барањето и утврдува дали земјата кандидат ги исполнува условите за прием во членство во ОН, а потоа носи одлука – или да го одложи приемот или да го испрати до СБ на формално гласање. За прием во членство потребни се најмалку девет гласа во Советот за безбедност на ОН, без вето од петте постојани земји-членки – САД, Русија, Кина, Франција или Велика Британија.

Ad image

Амбасадорот на Израел во ОН, Гилад Ердан посочи дека палестинската држава ќе претставува „закана за националната безбедност на Израел“.

– СБ моментално расправа за признавањето на „палести-наци држава“ … исполнувањето на тоа барање ќе биде најгрозоморната награда за најгрозоморните злосторства. Самото разгледување на ова барање веќе е победа за оние кои ги извршија и ги поддржаа невидените напади на Хамас врз Израел на 7 октомври. Што е следно, членство на Исламска држава во ОН?, истакна Ердан.

Тој смета дека идејата за доделување статус на држава на Палестинците е спротивна на идејата за постигнување „трајно решение на преговарачка маса“.

Палестинците имаат статус на држава набљудувач во ОН, како и Ватикан, од 2012 година. Минатата недела тие официјално го оживеаја барањето за полноправно членство во ОН од 2011 година.

Се претпоставува дека САД ќе стават вето на барањето на Палестинците за полноправно членство во ОН исто како што се спротивставија во 2011 година.

Нашиот став не е променет, децидно изјави денеска заменик-амбасадорот на САД, Роберт Вуд, повторувајќи дека признавањето на палестинската држава мора да се направи во рамките на договорот со Израел, а не во ОН.

Од Марина Илиевска Извор МИА

▶ Случајно видео

Пробај ја и оваа алатка:
Калкулатор за стареење
Калкулатор кој прикажува колку брзо старееш.
Здравје
Отвори →

Може ќе ви се допадне

30 години од завршувањето на опсадата на Сараево: Трагедија која остави длабоки рани

Венецуела доби 30 тони медицински помагала од Бразил: Поддршка за 9,000 пациенти со бубрежни проблеми

ЕУ реагира: Испраќа 447 генератори за спас на Украина

Портпарол на терористичката „Исламска држава“ го пофали нападот што го изврши во концертна сала во московскиот регион

Бразил: Невработеноста падна на историски ниски 5,2%

Сподели ја оваа објава
Facebook Twitter Copy Link Print
Сподели

ПОПУЛАРНО

Македонија

(ВИДЕО) Скандал во Скопје – Се соблече гола и шеташе по булевар

Невработени? Можеби имате право на паричен надоместок – многумина не знаат!
Бора Чорба и Игор Џамбазов ја пеат „Погледај свој дом анџеле“ (ВИДЕО)
Градоначалникот на Росоман: Кривичната пријава е резултат на политички притисок
Охридско Езеро од албанска страна порибено со два милиони подмладок на пастрмка-коран

Можеби ќе ве интересира

Клучни моменти од обидот за атентат врз Доналд Трамп

Трет американски судија ја блокираше наредбата на Трамп за укинување на државјанството по право на раѓање

Во Судот на БИХ нема да има главен претрес, туку статусна конференција со бранителите во предметот што се води против Додик

Свет

Кина одмазднички санкционира 30 американски компании поради продажба на оружје за Тајван

КОНТАКТ

contact@makedonijadenes.mk Забрането е секое копирање на содржини од веб-сајтот makedonijadenes.mk . Копирањето и репродуцирањето е дозволено само со писмена дозвола од МакедонијаДенес.
  • За нас
  • Импресум
  • Маркетинг
  • Политика на приватност и заштита на податоци
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?