Македонија ДенесМакедонија ДенесМакедонија Денес
Font ResizerAa
  • Вести
    • Македонија
    • Локално
    • Балкан
    • Свет
    • Бизнис и Економија
    • Хроника
    • Спорт
    • Дијаспора и МНМ
  • Македониум
  • Библиотека
  • Архива
  • Магазин
    • Репортажа
    • Интересно
    • Патување
    • Забава
    • Кујна
    • Култура и наука
    • Музика и филм
    • Здравје
    • Религија
    • Стил и Љубов
    • Showbiz
    • Автомобилизам
    • Технологија
    • Кариера и развој
  • Алатки
Font ResizerAa
Македонија ДенесМакедонија Денес
Пребарувај
  • Вести
    • Македонија
    • Локално
    • Балкан
    • Свет
    • Бизнис и Економија
    • Хроника
    • Спорт
    • Дијаспора и МНМ
  • Македониум
  • Библиотека
  • Архива
  • Магазин
    • Репортажа
    • Интересно
    • Патување
    • Забава
    • Кујна
    • Култура и наука
    • Музика и филм
    • Здравје
    • Религија
    • Стил и Љубов
    • Showbiz
    • Автомобилизам
    • Технологија
    • Кариера и развој
  • Алатки
Follow US
Религија

Папата Франциск и главниот имам на Џакарта упатија заеднички повик за мир

Сподели

Џакарта, 5 септември 2024 (МИА) – Папата Франциск и главниот имам на Џакарта, великиот имам Насарудин Умар, денеска потпишаа заеднички документ, повикувајќи на акција против „инструментализацијата на конфликтите од религиозна природа“ и против глобалното затоплување.

Ова се случи на меѓурелигиска средба пред џамијата „Истиклал“ во индонезиската престолнина.

Во „Декларацијата од Истиклал“, двајцата верски лидери изразија загриженост поради „дехуманизацијата“, поврзана со „ширењето на конфликтите и насилството“, и повикаа на „решителни активности за зачувување на животната средина и нејзините ресурси“.

- Advertisement -

„Ако погледнеме подлабоко, ако разбереме што тече низ нашите животи (…), ќе откриеме дека сите сме браќа, сите сме верници, сите сме на пат кон Бог, над она што нè разликува“, изјави 87-годишниот папа.

Меѓурелигиската средба беше организирана со учество на претставници на шесте официјално признати религии во Индонезија: ислам, будизам, конфучијанство, хиндуизам, католицизам и протестантизам.

Папата Франциск и великиот имам Насарудин Умар застанаа пред влезот на „Тунелот на пријателството“ – подземен премин кој го поврзува комплексот на џамијата со соседната католичка катедрала „Успение на Богородица“.

Приближувајќи се кон лифтот што води кон тунелот, папата Франциск рече дека ова е силен знак дека различните религиски традиции „имаат улога да помогнат на сите да поминат низ тунелите на животот со поглед насочен кон светлината“.

Индонезија е земја со најголемо муслиманско население во светот – 242 милиони.

Од Сања Костовска Извор МИА

▶ Случајно видео

Пробај ја и оваа алатка:
Калкулаторот за БМИ
Калкулаторот за БМИ (телесна маса)
Здравје
Отвори →

Може ќе ви се допадне

Кој ќе го замени Франциск? Ова се најверојатните кандидати за папа: Меѓу нив има неколку истакнати кардинали

Најпосле дозвола за богослужба во Манастирот на Пресвета Богородица (Сумела) во Понт

Поглаварот на МПЦ-ОА г.г. Стефан по повод празникот Голема Богородица ќе чиноначалствува со богослужбата во манастирот во Матка

Католиците го слават Велигден

Трет ден Света Пасха во Рајчица – радоста на новото творение

Сподели ја оваа објава
Facebook Twitter Copy Link Print
Сподели

ПОПУЛАРНО

Македонија

(ВИДЕО) Скандал во Скопје – Се соблече гола и шеташе по булевар

Бора Чорба и Игор Џамбазов ја пеат „Погледај свој дом анџеле“ (ВИДЕО)
Градоначалникот на Росоман: Кривичната пријава е резултат на политички притисок
Охридско Езеро од албанска страна порибено со два милиони подмладок на пастрмка-коран
Викендот во Делчево на еден татко

Можеби ќе ве интересира

Религија

Божикна порака од архиепископот Стефан: Живееме во свет во кој има неправди и беззаконие, да не дозволиме тоа да ни стане прифатливо

Религија

Божествена Литургија во единаесеттата недела по Педесетница

Религија

Претседателот на македонското друштво “Илинден”-Тирана, Никола Ѓурѓај во посета на Бигорски манастир

Религија

Папата повикува на интегритет во новинарството: Не дозволувајте да ве манипулираат заради кликови

КОНТАКТ

contact@makedonijadenes.mk Забрането е секое копирање на содржини од веб-сајтот makedonijadenes.mk . Копирањето и репродуцирањето е дозволено само со писмена дозвола од МакедонијаДенес.
  • За нас
  • Маркетинг
  • Политика на приватност и заштита на податоци
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?