По најавите дека годинава во Македонија ќе ги отвори своите први продавници, Pepco ги објави и првите огласи.
Бара менаџери за продавници во Скопје и Охрид како и одговорни на смени во истите градови. Со ова практично се потврдува дека првите продавници кои ќе започнат со работа во јуни ќе бидат во Скопје и Охрид.
Од бенефитите кои се наведуваат се менторство при воведување во работата, бонуси, надомест за превоз, надомест за топол оброк, божиќен бонус и ваучер за купување во Pepco, попуст за вработени, програма за поддршка на вработени…
Огласот за менаџер на продавница во Скопје можете да го погледнете ТУКА. Оној за во продавницата во Охрид можете да го погледнете ТУКА.
Инаку Pepco е полски дисконтер основан во 2004 година во Познан. Денеска брои над 3500 продавници низ повеќе земји. Во околните земји присутен е во Бугарија, Србија и Грција.



