Македонија ДенесМакедонија ДенесМакедонија Денес
Font ResizerAa
  • Вести
    • Македонија
    • Локално
    • Балкан
    • Свет
    • Бизнис и Економија
    • Хроника
    • Спорт
    • Дијаспора и МНМ
  • Македониум
  • Библиотека
  • Архива
  • Магазин
    • Репортажа
    • Интересно
    • Патување
    • Забава
    • Кујна
    • Култура и наука
    • Музика и филм
    • Здравје
    • Религија
    • Стил и Љубов
    • Showbiz
    • Автомобилизам
    • Технологија
    • Кариера и развој
  • Алатки
Font ResizerAa
Македонија ДенесМакедонија Денес
Пребарувај
  • Вести
    • Македонија
    • Локално
    • Балкан
    • Свет
    • Бизнис и Економија
    • Хроника
    • Спорт
    • Дијаспора и МНМ
  • Македониум
  • Библиотека
  • Архива
  • Магазин
    • Репортажа
    • Интересно
    • Патување
    • Забава
    • Кујна
    • Култура и наука
    • Музика и филм
    • Здравје
    • Религија
    • Стил и Љубов
    • Showbiz
    • Автомобилизам
    • Технологија
    • Кариера и развој
  • Алатки
Follow US
Свет

Пезешкијан стави вето на новиот строг закон за покривање на главите на жените во Иран

Сподели

Техеран, 15 декември 2024 (МИА) – Иранскиот претседател Масуд Пезешкијан го искористи правото на вето за да го блокира новиот строг закон за покривање на главите на жените што го усвои парламентот, и го повика Врховниот совет за национална безбедност (СНСЦ) да донесе одлука за негово ублажување, пренсува ДПА.

Претседателскиот советник Али Рабиеи за неделниот весник „Хамшахри“ изјави дека ветото е оправдано врз основа на очекуваните ефекти на законот врз општеството.

СНСЦ е највисокото тело во Исламската Република за одлучување за безбедносни прашања, а Пезешкијан се надева дека ќе го ублажи новиот закон, барем до одреден степен.

- Advertisement -

Законот усвоен во парламентот предвидува големи казни и одбивање на државни услуги за жените кои не ја почитуваат обврската да ги покриваат главите.

Оние кои нема да го почитуваат треба да бидат строго казнети, со забрани за вршење на нивните професии и за патување во странство, како и со конфискација на 5% од нивниот имот.

Острите критики на законот, меѓу кои и од претставници на власта, доведоа до одложување на неговото спроведување. Пезешкијан е против ваквиот закон поради страв од отпор во иранското општество и можно обновување на народните немири.

Политичките аналитичари го гледаат законот како дел од борбата за моќ меѓу тврдокорните и умерените сили, а со тоа и предизвик за Пезешкијан. Ако не успее да ги спречи тврдокорните, може да го загрози умерениот курс што го вети за време на неговата кампања.

Многу Иранки во поголемите градови сега одбиваат да го почитуваат строгиот кодекс на облекување наметнат од исламските власти. Трендот произлезе од движењето „Жена, живот, слобода“ што се појави за време на протестите во есента 2022 година.

Од Сашо Арсовски Извор МИА

▶ Случајно видео

Пробај ја и оваа алатка:
Подкасти
Директориум на македонски подкасти.
Забава
Отвори →

Може ќе ви се допадне

Си: Кина и Виетнам треба да ги зголемат напорите за изградба на заедница со заедничка иднина

Путин: Русија и САД можат да најдат заеднички јазик за продолжување на нуклеарниот договор

Хорор во Осиек: Сопруг ја распарчил сопругата и ја фрлил во септичка јама

Во Шпанија синдикатите организираат протести со барање за намалување на бројот на работни часови

Путин и Лукашенко: Необичен канал за комуникација

Сподели ја оваа објава
Facebook Twitter Copy Link Print
Сподели

ПОПУЛАРНО

Македонија

(ВИДЕО) Скандал во Скопје – Се соблече гола и шеташе по булевар

Бора Чорба и Игор Џамбазов ја пеат „Погледај свој дом анџеле“ (ВИДЕО)
Градоначалникот на Росоман: Кривичната пријава е резултат на политички притисок
Охридско Езеро од албанска страна порибено со два милиони подмладок на пастрмка-коран
Викендот во Делчево на еден татко

Можеби ќе ве интересира

Зеленски изрази подготвеност за директни преговори со Путин

Свет

Третпат снема струја на Куба

Свет

Трамп: „Никогаш нема да дозволам издавање на нашите војници“

Свет

ФБИ ги обвини севернокорејски хакери за една од најголемите кражби на криптовалути

КОНТАКТ

contact@makedonijadenes.mk Забрането е секое копирање на содржини од веб-сајтот makedonijadenes.mk . Копирањето и репродуцирањето е дозволено само со писмена дозвола од МакедонијаДенес.
  • За нас
  • Маркетинг
  • Политика на приватност и заштита на податоци
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?