Владата ја објави програмата за неработни денови за 2026 година, согласно Законот за празниците на Република Македонија. Во текот на годината, граѓаните ќе имаат повеќе државни и верски празници кои ќе бидат неработни, како и дополнителни слободни денови за припадниците на различните верски и етнички заедници.
Неработни денови за сите граѓани
Во 2026 година, за сите граѓани неработни ќе бидат следните празници:
- 1 јануари (четврток) – Нова година
- 7 јануари (среда) – Божик (православен)
- 20 март (петок) – Рамазан Бајрам
- 13 април (понеделник) – Велигден (втор ден, православен календар)
- 1 мај (петок) – Ден на трудот
- 25 мај (понеделник) – „Св. Кирил и Методиј“ (поради тоа што 24 мај паѓа во недела)
- 3 август (понеделник) – Ден на Републиката (2 август е недела)
- 8 септември (вторник) – Ден на независноста
- 12 октомври (понеделник) – Ден на народното востание (11 октомври е недела)
- 23 октомври (петок) – Ден на македонската револуционерна борба
- 8 декември (вторник) – „Св. Климент Охридски“
Празници за припадниците на верските заедници
За граѓаните од православна вероисповед, неработни ќе бидат:
- 6 јануари (вторник) – Бадник
- 19 јануари (понеделник) – Богојавление (Водици)
- 10 април (петок) – Велики Петок
- 29 мај (петок) – Духовден
- 28 август (петок) – Успение на Пресвета Богородица
За граѓаните од католичка вероисповед:
- 6 април (понеделник) – Велигден (втор ден)
- 1 ноември (недела) – Сите светци
- 25 декември (петок) – Божик
За граѓаните од муслиманска вероисповед:
- 27 мај (среда) – Курбан Бајрам
Неработни денови за припадниците на заедниците
Дополнителни неработни денови се утврдени и за припадниците на етничките заедници:
- 22 ноември (недела) – Ден на албанската азбука
- 27 јануари (вторник) – Свети Сава (српска заедница)
- 8 април (среда) – Меѓународен ден на Ромите
- 23 мај (сабота) – Национален ден на Власите
- 21 септември (понеделник) – Јом Кипур (еврејска заедница)
- 28 септември (понеделник) – Меѓународен ден на Бошњаците
- 21 декември (понеделник) – Ден на настава на турски јазик
Надлежните институции потсетуваат дека неработните денови се однесуваат исклучиво на граѓаните на кои се однесува конкретниот празник, додека за останатите важи редовен работен режим.

