Македонија ДенесМакедонија ДенесМакедонија Денес
Font ResizerAa
  • Вести
    • Македонија
    • Локално
    • Балкан
    • Свет
    • Бизнис и Економија
    • Хроника
    • Спорт
    • Дијаспора и МНМ
  • Македониум
  • Библиотека
  • Архива
  • Магазин
    • Репортажа
    • Интересно
    • Патување
    • Забава
    • Кујна
    • Култура и наука
    • Музика и филм
    • Здравје
    • Религија
    • Стил и Љубов
    • Showbiz
    • Автомобилизам
    • Технологија
    • Кариера и развој
  • Алатки
Font ResizerAa
Македонија ДенесМакедонија Денес
Пребарувај
  • Вести
    • Македонија
    • Локално
    • Балкан
    • Свет
    • Бизнис и Економија
    • Хроника
    • Спорт
    • Дијаспора и МНМ
  • Македониум
  • Библиотека
  • Архива
  • Магазин
    • Репортажа
    • Интересно
    • Патување
    • Забава
    • Кујна
    • Култура и наука
    • Музика и филм
    • Здравје
    • Религија
    • Стил и Љубов
    • Showbiz
    • Автомобилизам
    • Технологија
    • Кариера и развој
  • Алатки
Follow US
Балкан

Построги казни во Грција за сообраќајни прекршоци

31.05.2025 08:28
Сподели

Атина, 30 мај 2025 (МИА) – Казни од 350 до 2.000 евра за употреба на мобилен телефон или за неносење кацига на мотор, намалување на дозволената брзина во населените места и зголемување на автопатите, казни од 2.000 до 8.000 евра за брзина од над 200 километри на час, меѓу другото, предвидуваат промените во законот за безбедност во сообраќајот, според алтернативниот министер за транспорт на Грција Константинос Киранакис, јави дописничката на МИА од Атина.

Во интервјуто за грчката телевизија „Скај“, Киранакис објасни дека измените се вклучени во законот што денеска се очекува да биде доставен до надлежната комисија во Парламентот.

Поконкретно, според алтернативниот министер, за користење мобилен телефон без притоа да се предизвика несреќа, предвидена е казна од 350 евра и одземање на возачката дозвола за 30 дена, доколку се работи за прво прекршување.

Банер Банер BrandEcho

При второто, казната е 1.000 евра и одземање на дозволата за 180 дена, а доколку возачот биде фатен по трет пат да користи мобилен додека вози, ќе треба да плати 2.000 евра и една година ќе остане без возачка дозвола.

Слични казни се предвидени и за некористење кацига, како од возачите на мотори, така и од сопатникот.

Ad image

Ограничувањето на брзината, како што објасни Киранакис, ќе се намали на 30 километри на час за тесни и мали улици во внатрешноста на населбите, на 50 километри на час за главни градски патишта, додека пак на автопатите ограничувањето ќе се зголеми на 140 км/ч.

Вечерните часови за време на викендите според Киранакис се регистрираат најголем број сообраќајни несреќи со смртни последици, а со измените во законот целта е да се елиминира антисоцијалното однесување при возење.

За недозволени трки на автомобили и брзина од над 200 км/ч, казните се од 2.000, 4.000 и 8.000 евра при првиот, вториот и третиот прекршок, заедно со одземање на возачката дозвола на една, две или четири години, во зависност дали е прв, втор или трет прекршок.

Во случај на несреќа со сериозни телесни повреди, се активира член од Кривичниот законик, што предвидува затворски казни до десет години.

За возење под дејство на алкохол и пречекорувањето на ограничувањата ќе донесе и отстранување на возилото со пајак.

Дополнително, за паркирање на место наменето за инвалиди, ќе се отстрануваат регистарските таблици од возилото на прекршителот, додека пак за велосипедистите ќе биде забрането да возат на улица.

Алтернативниот министер за транспорт на Грција нагласи дека статистиката покажува дека 50 отсто од смртните случаи во сообраќајни несреќи се поврзани со мотори, поголемиот дел од жртвите-пешаци се постари лица, а од сите сообраќајни несреќи, 94 проценти се предизвикани од возачи-мажи.

Од Сања Ристовска, Грција Извор МИА

▶ Случајно видео

Пробај ја и оваа алатка:
Подкасти
Директориум на македонски подкасти.
Забава
Отвори →

Може ќе ви се допадне

Курти најавува воен сојуз со Албанија, Србија предупредува на опасност од конфликти

Кокаин во вредност од 2,9 милиони евра откриен во пратка со банани на пристаништето во Солун

Чешки научници во Албанија го открија најголемото подземно термално езеро во светот

Уапсени во Србија поради инциденти со свински глави пред џамии во Франција

Украинец се претставувал за лекар и изнудувал пари од семејства во Хрватска!

Сподели ја оваа објава
Facebook Twitter Copy Link Print
Сподели

ПОПУЛАРНО

Македонија

(ВИДЕО) Скандал во Скопје – Се соблече гола и шеташе по булевар

Невработени? Можеби имате право на паричен надоместок – многумина не знаат!
Бора Чорба и Игор Џамбазов ја пеат „Погледај свој дом анџеле“ (ВИДЕО)
Градоначалникот на Росоман: Кривичната пријава е резултат на политички притисок
Охридско Езеро од албанска страна порибено со два милиони подмладок на пастрмка-коран

Можеби ќе ве интересира

Балкан

Вучиќ на Генералното собрание на ОН: Србија како гарант на слободата и дијалогот

Балкан

Хрватска во шок: Македонец од Ѓорче Петров обвинет за силување на Британка – судот одлучи, останува зад решетки!

Балкан

Ердоган ги повика сите земји да ги „држат рацете подалеку“ од Сирија, бидејќи Турција ќе ги уништи терористите

Српскиот премиер Вучевиќ позитивен на коронавирус, на домашно лекување со медицинска терапија

КОНТАКТ

contact@makedonijadenes.mk Забрането е секое копирање на содржини од веб-сајтот makedonijadenes.mk . Копирањето и репродуцирањето е дозволено само со писмена дозвола од МакедонијаДенес.
  • За нас
  • Импресум
  • Маркетинг
  • Политика на приватност и заштита на податоци
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?