Македонија ДенесМакедонија ДенесМакедонија Денес
Font ResizerAa
  • Вести
    • Македонија
    • Локално
    • Балкан
    • Свет
    • Бизнис и Економија
    • Хроника
    • Спорт
    • Дијаспора и МНМ
  • Македониум
  • Библиотека
  • Архива
  • Магазин
    • Репортажа
    • Интересно
    • Патување
    • Забава
    • Кујна
    • Култура и наука
    • Музика и филм
    • Здравје
    • Религија
    • Стил и Љубов
    • Showbiz
    • Автомобилизам
    • Технологија
    • Кариера и развој
  • Алатки
Font ResizerAa
Македонија ДенесМакедонија Денес
Пребарувај
  • Вести
    • Македонија
    • Локално
    • Балкан
    • Свет
    • Бизнис и Економија
    • Хроника
    • Спорт
    • Дијаспора и МНМ
  • Македониум
  • Библиотека
  • Архива
  • Магазин
    • Репортажа
    • Интересно
    • Патување
    • Забава
    • Кујна
    • Култура и наука
    • Музика и филм
    • Здравје
    • Религија
    • Стил и Љубов
    • Showbiz
    • Автомобилизам
    • Технологија
    • Кариера и развој
  • Алатки
Follow US
Македонија

Пред почетокот на учебната година најавен протест на СДСМ пред МОН, Самостојниот синдикат за образование се оградува

01.09.2024 09:40
Сподели

Скопје, 1 септември 2024 (МИА) – Пред стартот на новата учебна година, најавен е протест пред Министерството за образование и наука за повисоки плати во образованието организиран од опозициската СДСМ. Од Самостојниот синдикат за образование и наука се оградија од протестот со образложение дека нивни членови нема да учествуваат во политички протести. Со став излезе и министерката за образование и наука според која партијата што го организира протестот имала можност во изминатиот период да го подобри статусот на наставниците.

Од СДСМ вчера на прес-конференција најавија дека ќе организираат протест под слоганот „Немате оправдувања, покачете ги плати“ и ги повикаа просветните работници без разлика на нивните политички убедувања да се приклучат на протестот.

– Под слоганот „Немате оправдувања, покачете ги платите!“ ќе побараме да се покачат платите во образованието за 12 проценти и да им се исполнат барањата на наставниците. Овој собир, пред почеток на училишната година е еден аларм, едно предупредување. Тоа е собир на којшто ќе биде искажан револтот од погрешните политики во образованието од страна на владата на ДПМНЕ и Весна Јаневска, изјави вчера Даниела Николова од СДСМ.

Банер Банер BrandEcho

Од Самостојниот синдикат на образование, наука и култура (СОНК) ги повикаа нивните членови да не учествуваат на протести, освен на активности што ги организира СОНК. Претседателот на СОНК  Јаким Неделков во изјава за МИА оцени дека секое мешање на политичките партии во образованието може да биде контрапродуктивно.

– Самостојниот синдикат за образование, наука и култура на Република Македонија – СОНК, како најголем синдикат за образование и наука, во кој членуваат над 20.000 просветни работници, се оградува од секаков вид на политички влијанија и дејствија во образованието. Во период на интензивни преговори за изнаоѓање решение и средства за подигнување на социјалниот статус на вработените во образованието, делувањето на политичките партии и преземањето на улогата на синдикатите, упатува на купување на ситни политички поени и може да има сосема спротивен ефект, напиша Неделков на Фејсбук.

Ad image

Од Синдикатот најавуваат дека ќе продолжат да делуваат со сите расположиви синдикални средства во натамошниот период, се до остварувањето на нивната цел.

Со свој став излезе и министерката за образование и наука Весна Јаневска.  Во изјава за МИА, министерката нагласува дека останува на ставот да се бори за подобрување на статусот на наставниците и дека во првиот момент кога ќе има можност за зголемување на платите, откако ќе се стабилизира Буџетот, тоа ќе биде направено.

– Како Влада и како министер кој доаѓа од редот на наставниците, ќе се бориме да има контиунитет во подобрување на статусот на наставникот и нема да се откажеме од тоа да ги доведеме на вистинското место во општеството, не само во однос на платите. Постојано ќе бидеме во контакт со социјалните партнери – со синдикатите кои ќе работат независно, а не поттикнати од политички партии. Ќе разговараме и ќе бараме начини како да го подобриме статусот на наставникот, вели Јаневска.

Посочува дека со ребалансот на Буџетот се обезбедени 900 милиони денари за плати за наставниците, а се прават напори во ноември или декември наставниците да добијат и регрес за годишен одмор.

На почетокот на новата учебна година, која почнува утре, најавени се протести и од страна на Независниот синдикат за образование кои ќе се одржуваат по завршување на часовите.

Од Билјана Анастасова-Костиќ/МИА

 

 

▶ Случајно видео

Пробај ја и оваа алатка:
Подкасти
Директориум на македонски подкасти.
Забава
Отвори →

Може ќе ви се допадне

Со два проекти Македонска Каменица аплицираше по повикот за финансирање на проекти од инфраструктурен карактер

Тони Зен во Идризово: Музика зад решетки

Општина Делчево: Соопштение за поднесување даночна пријава за недвижен имот

Заменик-градоначалникот на Град Скопје си поднесе оставка

Ја тепал поранешната партнерка и откако таа си ги пресекла вените

Сподели ја оваа објава
Facebook Twitter Copy Link Print
Сподели

ПОПУЛАРНО

Македонија

(ВИДЕО) Скандал во Скопје – Се соблече гола и шеташе по булевар

Невработени? Можеби имате право на паричен надоместок – многумина не знаат!
Бора Чорба и Игор Џамбазов ја пеат „Погледај свој дом анџеле“ (ВИДЕО)
Градоначалникот на Росоман: Кривичната пријава е резултат на политички притисок
Охридско Езеро од албанска страна порибено со два милиони подмладок на пастрмка-коран

Можеби ќе ве интересира

Локално

Аеродром: Целосна реконструкција на водоводната мрежа на улица 2 во Долно Лисиче

Локално

Во тек е пријавувањето за планинарскиот марш Голак 2024

Македонија

Мециновиќ: Скопје има шанса за промена – време е за нова визија!

Локално

17. Меѓународен театарски фестивал – Крива Паланка 2025

КОНТАКТ

contact@makedonijadenes.mk Забрането е секое копирање на содржини од веб-сајтот makedonijadenes.mk . Копирањето и репродуцирањето е дозволено само со писмена дозвола од МакедонијаДенес.
  • За нас
  • Импресум
  • Маркетинг
  • Политика на приватност и заштита на податоци
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?