Македонија ДенесМакедонија ДенесМакедонија Денес
Font ResizerAa
  • Вести
    • Македонија
    • Локално
    • Балкан
    • Свет
    • Бизнис и Економија
    • Хроника
    • Спорт
    • Дијаспора и МНМ
  • Македониум
  • Библиотека
  • Архива
  • Магазин
    • Репортажа
    • Интересно
    • Патување
    • Забава
    • Кујна
    • Култура и наука
    • Музика и филм
    • Здравје
    • Религија
    • Стил и Љубов
    • Showbiz
    • Автомобилизам
    • Технологија
    • Кариера и развој
  • Алатки
Font ResizerAa
Македонија ДенесМакедонија Денес
Пребарувај
  • Вести
    • Македонија
    • Локално
    • Балкан
    • Свет
    • Бизнис и Економија
    • Хроника
    • Спорт
    • Дијаспора и МНМ
  • Македониум
  • Библиотека
  • Архива
  • Магазин
    • Репортажа
    • Интересно
    • Патување
    • Забава
    • Кујна
    • Култура и наука
    • Музика и филм
    • Здравје
    • Религија
    • Стил и Љубов
    • Showbiz
    • Автомобилизам
    • Технологија
    • Кариера и развој
  • Алатки
Follow US
Свет

Претерување или морничава вистина? Контрадикторни бројки за жртвите од протестите во Иран

Сподели

Извештаите што деновиве ги пренесуваат големите западни медиуми, меѓу кои и CNN, отвораат сериозно и вознемирувачко прашање: дали светот е сведок на едно од најкрвавите задушувања на протести во поновата историја на Иран – или, пак, станува збор за медиумско претерување во услови на ограничен пристап до информации?

Според наводи објавени од американските медиуми, повикувајќи се на извори со ограничен пристап од самата земја, бројот на жртви од антивладините протести кои траат повеќе од две недели би можел да биде далеку поголем од досега пријавениот. Два извори, од кои еден наводно од Иран, тврдат дека загинале најмалку 12.000 лица, а според некои проценки дури и до 20.000.

Овие бројки драматично отстапуваат од официјалните и дипломатските проценки. Британската министерка за надворешни работи, Ивет Купер, пред парламентот изјави дека британската влада располага со информации за „можеби околу 2.000 убиени“, но предупреди дека реалниот број може да биде значително поголем. Ваквата разлика меѓу проценките дополнително ја подгрева неизвесноста и сомнежот во веродостојноста на информациите.

- Advertisement -

Утврдувањето на вистината е исклучително тешко поради речиси целосната медиумска блокада во Иран. Властите во изминатите денови го прекинаа интернетот и телефонските комуникации, што практично ја изолираше земјата од надворешниот свет. Иако денес делумно се воспоставија можности за повици од Иран кон странство, влезните повици сè уште се невозможни, а независна проверка на информациите останува недостижна.

Според ирански извори кои успеале да воспостават контакт со надворешни активистички мрежи, проценките за илјадници жртви се темелат на извештаи од медицински работници низ земјата. Сепак, овие податоци не можат да бидат потврдени од независни меѓународни организации.

Иранските власти, пак, не објавуваат редовни и транспарентни податоци за бројот на загинати. Во изјава пренесена од Ројтерс, неименуван ирански функционер тврдеше дека околу 2.000 луѓе се убиени од почетокот на протестите, притоа обвинувајќи „терористички елементи под странско влијание“ за насилствата и сугерирајќи дека дел од учесниците биле платени провокатори.

Протестите избувнаа кон крајот на декември, како реакција на наглиот пораст на трошоците за живот и долгогодишната економска криза, влошена од меѓународните санкции. За кратко време, тие прераснаа во масовни антивладини демонстрации во сите 31 провинција, со десетици илјади луѓе на улиците.

Во отсуство на слободни медиуми, независни набљудувачи и проверливи податоци, останува отворено прашањето: дали CNN и другите западни медиуми ја надувуваат бројката во политички чувствителен момент – или светот навистина сведочи за трагедија со размери што допрва ќе бидат разоткриени?

▶ Случајно видео

Пробај ја и оваа алатка:
Јавни набавки
Приказ на реализирани и планирани јавни набавки.
Финансии
Отвори →

Може ќе ви се допадне

Земјотрес во Чиле

Киев во голема загуба: над 4,000 војници и наемници загинале во последната недела

Скандал во норвешката кралска фамилија: Синот на принцезата обвинет за сериозни злосторства

Гром удри на плажа во Италија, повредени најмалку три лица

Иран на работ на економска катастрофа: Буџетот открива мрачна иднина

Сподели ја оваа објава
Facebook Twitter Copy Link Print
Сподели

ПОПУЛАРНО

Македонија

(ВИДЕО) Скандал во Скопје – Се соблече гола и шеташе по булевар

Бора Чорба и Игор Џамбазов ја пеат „Погледај свој дом анџеле“ (ВИДЕО)
Градоначалникот на Росоман: Кривичната пријава е резултат на политички притисок
Охридско Езеро од албанска страна порибено со два милиони подмладок на пастрмка-коран
Викендот во Делчево на еден татко

Можеби ќе ве интересира

Свет

Ханој прогласен за најзагаден град во светот

Балкан

Хидроелектрана во Херцеговина: Дали еколошките последици вредат за енергијата?

Балкан

Продолжува серијата земјотреси во морскиот дел меѓу грчките острови Санторини и Аморгос (ДПЛ)

Мексиканската влада ги прекина односите со американскиот амбасадор

КОНТАКТ

contact@makedonijadenes.mk Забрането е секое копирање на содржини од веб-сајтот makedonijadenes.mk . Копирањето и репродуцирањето е дозволено само со писмена дозвола од МакедонијаДенес.
  • За нас
  • Маркетинг
  • Политика на приватност и заштита на податоци
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?